КултураМузичари од четири земји ја негуваат македонската етно музикаГрупа музичари од четири земји меѓу кои Финска, Германија, Мексико и Македонија, неколку месеци ги забавуваат посетителите на градските пазари во неколку градови во источниот дел на државата. Водач на групата е Влатко Ристов, изведувач на инструментот „ќемане“ од Македонска Каменица, кој за време на нивната посета на градскиот пазар во Делчево, рече дека се работи за ентузијасти кои спонтано се собрале, а цел им е негување на етно музиката од овие краишта. -Сакаме да ја негуваме македонската музика. Ова се гости Лемпи од Финска, Сантјаго од Мексико и Фин од Германија. Ја сакаме македонската музика, свириме да го развеселиме народот, да донесеме малку позитивна енергија и така, вели Ристовски. Моментално, македонската етно музика ја промовираат во Кочани, Македонска Каменица и Делчево, а планот им е да направат турнеја низ целата држава. Мексиканецот Сантијаго се приклучил на групата пред неколку недели, а неговата колешка Лимпи која е и вокал, музицирала неколку месеци додека ги научила етно песните со кои се претставуваат, потенцирајќи дека и се допаѓа земјава, додека Фин од Германија вели дека за него земјава е најубавото место. Четворицата ентузијасти најавија дека и следната сабота повторно ќе дојдат во Делчево, претставувајќи се со уште повеќе малку познати стари македонски песни кои ги подготвуваат.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаНиколоски: Илинден е доказ за вековната борба на македонскиот народИлинден е доказ за вековната борба на македонскиот народ, а денеска во истиот тој дух ја градиме Македонија преку проекти, автопати и железници на целата територија.Од Крушево, заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски упати празнична порака по повод 2 Август – Илинден. Во продолжение интегрален текст од изјавата на Николоски: Втори август Илинден, денот на Илинденското востание и денот на Антифашистичкото собрание за народно ослободување на Македонија. Втори август - Илинден е доказ за борбата на македонскиот народ, за своја самобитност и за своја државност, идеал кој што почна да се гради некаде во 19. век преку преродбата, понатака двете македонски востанија, Кресненското и Разловечкото, ја имаше својата круна на Илинденското востание во 1903 година, понатака преку Антифашистичката борба во Втората светска војна и АСНОМ на 2.август 1944 година, и својата кулминација ја доживеа на 8. Септември 1991 година кога Македонија прогласи независност. Овој политичко-правен континуитет е јасен доказ за борбата на македонскиот народ за своја држава и за своја самобитност. Денес Македонија ја градиме како модерна европска држава, денес Македонија се гради како никогаш претходно, нема дел од државата во којшто не се реализираат проекти, дали се тоа преку 1200 општински проекти, дали се големите инвестиции во железницата и автопатиштата. Македонија во моментов како никогаш претходно гради 6 автопати, гради железница на Коридорот 8, а за брзо ќе почне и на Коридорот 10, Македонија ги развива своите аеродроми, целосно го реконструира и надградува охридскиот аеродром, расте скопскиот аеродром, со најголем раст од цела југоисточна Европа, и така ќе продолжиме да работиме и во периодот кој што е пред нас. Затоа што само инвестициите, само работата, ќе го зајакната темелот на македонската држава, ќе го постават темелот на македонскиот народ, и на сите кои што живеат во Македонија, онаму каде што му е местото, а тоа меѓу најразвиените европски нации. Поклон кон жртвата на хероите, денеска треба да се сеќаваме на нив, како и секој друг ден и тие да ни се водилка за се' она што го правиме за Македонија.Тагови: Александар Николоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЛДП: Честит 2-ри Август, Ден на Реубликата!Од Илинден 1903 до АСНОМ 1944 — пат поплочен со жртвата на генерации македонски синови и ќерки кои вечно веруваа во идејата за слободна Македонија.Нивниот стремеж стана наша реалност. Нивната жртва — наш вечен завет. Денес им оддаваме длабока почит на сите генерации кои го сонуваа, се бореа и го дадоа најскапото за слободна и самостојна држава. Оваа земја е нивниот завет, а наша е одговорноста да ја чуваме и градиме со чест, достоинство и љубов. Честит 2-ри Август, Ден на Републиката! Нека е вечна!Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
СветСеверна Кореја и Русија градат мистериозен мост Дали Путин и Ким Џонг Ун кројат нови планови? Северна Кореја и Русија градат мистериозен мост – западните разузнавачки служби предупредуваат: што се крие зад овој голем проект?Изградбата на мост меѓу Северна Кореја и Русија официјално треба да ја олесни економската соработка и туристичката размена, но според истражувањето на украинската организација „Truth Hounds“, неговата вистинска намена би можела да биде сосема поинаква. Според истражувачите, мостот би можел да биде дел од стратешката воена инфраструктура. Мостот преку реката Тумен, кој ќе го поврзува рускиот град Хасан на далечниот исток на земјата со севернокорејскиот град Туманганг, ќе биде првата патна врска меѓу двете земји. Според весникот „Гардијан“, Пјонгјанг веќе го завршил својот дел од проектот, додека работите на руската страна привремено забавиле, но објектот е речиси готов. Истражувањето на „Truth Hounds“ укажува на тоа дека, спротивно на тврдењата на Москва и Пјонгјанг, мостот можеби не е наменет за поттикнување на трговијата, туку за воспоставување дискретен воен логистички коридор. Како што потсетува „Гардијан“, ниту руските ниту севернокорејските власти не ја криеја изградбата на мостот. Тие тврдеа дека целта на проектот е проширување на соработката во трговијата и туризмот. За ова зборуваа рускиот министер за транспорт Андреј Никитин, како и севернокорејската државна новинска агенција KCNA, наведувајќи дека новиот премин ќе придонесе за развојот на пограничните области. Изградбата на мостот се проценува на повеќе од 100 милиони долари, додека вкупната трговска размена меѓу двете земји во текот на 2024 година изнесувала само 34 милиони долари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонија го одбележува 2 Август – Илинден, Денот на Републиката09:21Гостиварци сè уште чекаат питка вода: Мицкоски најавува резултати од хиперхлорирањето15:00МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35На Богородица и Табановце времето на чекање е околу 30 минути до 1 час10:24Водата во Гостивар се уште не е безбедна за пиење и готвење – бројот на пациенти се намалува 15:00
МЗ: Состојбата со епидемијата во Гостивар е стабилна - нема нови потврдени случаи на западнонилска треска12:35