Mузејска поставка „Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916-1918“ - Канал 5

Mузејска поставка „Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916-1918“

Во Воениот музеј во Скопје денеска е отворена музејска поставка „100 години од Првата светска војна: Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916-1918“.

Mузејска поставка „Италијанската армија на Македонскиот фронт 1916-1918“
Министерот за одбрана Зоран Јолевски, на отворањето рече дека со изложбата пред македонската јавност се презентираат досега необјавени музејски и воени-историски материјали за учеството на италијанската армија на Македонскиот фронт, донирани од Амбасадата на Италија во Скопје на Министерството за одбрана.

- Тие претставуваат изворен материјал што прв пат, една земја учесничка на Македонскиот фронт, ги споделува со институциите на Македонија. Оригиналните фотографии и карти од позициите на Македонскиот фронт, снимени од италијанската армија, можат да се применуваат за лоцирање на рововските линии, но истовремено може да се користат за културно историски содржини. Историјата не учи дека во клучните моменти на решавање на воените исходи, нашата територија и луѓе, дале големи човечки и материјални жртви и придонес за завршување на Првата светска војна, рече Јолевски.

Посочи дека заедно со Македонците и другите нации на територијата на Македонија на Македонскиот фронт од 1916 година војувале и Италијанците и дека покрај повеќе од 15 илјади загинати Македонци во Првата светска војна во борбите на Македонскиот фронт загинале и околу 5.000 Италијанци и околу 10.000 ранет.

Италијанскиот амбасадор во Македонија Карло Ромео, на отворањето рече, дека панорамските фотографии што се изложени се меѓу малкуте ретки документи од тоа време кои што ги утврдуваат позициите на завојуваните делови на терен, овозможувајќи 100 години подоцна да имаме јасна и детална презентација на Македонскиот фронт.

- Донираните фотографии и карти направени од италијанската армија се контретен пример за одличните и цврсти билатерални односи меѓу двете земји. Операциите на Македонскиот фронт ја чинат Италија повеќе од 10.000 војници, изложбата ја посветуваме на нив и нивото сеќавање, рече Ромео.

Директорот на Воениот музеј Александар Стојчев, рече дека музејска поставка е составена од 150 автентични фотографии и 25 карти архивирани во воениот географски институт во Рим и други институции во Италија.

- Централно место во изложбата имаат 16 серии од панорамски фотографии од различни позиции на Македонскиот фронт. На два големи фото-тапети се прикажани позициите на кота 1050 во близина на Битола и позициите кај Дојран и Дојранското Езеро. Симболично се изложени и дел од материјалните остатоци пронајдени на фронтовските позиции кај Битола и Дојран, рече Стојчев.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Четиринаесет лица загинаа во пожар што избувна во зграда во Тајуан, во северната кинеска провинција Шанси, објави денеска државната новинска агенција „Синхуа“.

Во Кина се запали зграда, 14 загинати

Вкупно 25 лица сè уште се наоѓаат во болница, од кои девет се здобиле со сериозни повреди. Ова денеска го пренесоа медиумите, повикувајќи се на информации од надлежните органи. Детали сè уште не се познати.

Вчера попладне, според локалното време, избувна пожар во зграда во центарот на Таијуан, а на пожарникарите им беа потребни околу два часа за да го изгаснат. Причината за пожарот моментално е предмет на истрага.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

ВМРО-ОКГ вели ширеме паника. Ние не ширеме паника. Ние предупредуваме од декември. Единствената паника е кај ВМРО и шефот на бандата Мицкоски.

СДСМ: Ние не ширеме паника, ние предупредуваме од декември, единствената паника е кај ВМРО-ОКГ и Мицкоски!

Уште во декември минатата година објавивме работи поврзани со банката.

Финансирање на медиуми преку неа. Врски Вучиќ-Мицкоски. Луѓе на БИА во владата. Бизнис партнерот, хулиган-навивач на кого му пукале во нозе и му го палеле автомобилот, а кого Мицкоски го постави за почесен конзул да ни ја претставува земјата во Србија.

Кога објавивме за 5те тони дрога што Мицкоски со холивудски апсења сакаше да ги прикрие, додека дрогата заврши кај сестринската партија СНС.

Објавивме и за доаѓањето на Вучиќеви медиуми, спојувањето со Орбановата шема и Латас како началник на пропагандата.

На првите објави за Алта банка токму гувернерот што сега ја префрла вината на Мицкоски, Трајко Славески, се закануваше и советуваше Aлта банка да не тужи.

Денес Мицкоски топката и одговорноста ја префрла токму на Славески.

Во исто време нема реакција на обвинителството.

Во Србија апсењата се секојдневни. Кај нас никој од полицијата и обвинителството не се огласува додека Вучиќевата банка, пералница на пари стекнати со криминал и корупција, е под присилна управа.

Народот не може да дојде до своите пари, додека гувернерот дозволи компаниите непречено да ги користат своите средства и покрај предупредувањата од Србија дека големи суми пари се префрлаат во Македонија и Русија.

Во исто време се поставува прашањето за гувернерот: ако е таква ситуацијата, зошто дозволата не е одземена? Што всушност прави Трајко Славески заедно со Мицкоски?

Ако банката официјално е во стечај, треба веднаш да се исплатат по 30.000 евра по штедач.

Но вака, исплаќајќи 650 евра месечно (со лимит), за некој да ги извади тие 30.000 евра, ќе бидат потребни четири години! Уште една подмолна работа на оваа банда.

На граѓаните мора да им биде јасно дека Мицкоски брза да ја продаде банката со сила, само затоа што не сака да се откријат сметките и трансферите во банката.

Наскоро почнуваат истраги што ќе доведат и до овој дел од балканскиот картел, до овој дел од македонската организирана криминална група што ја предводи Мицкоски.

Знае арамијата и неговата банда дека деновите им се одбројани. Наскоро доаѓа времето на правдата. Бандата ќе одговара.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Американскиот технолошки гигант „Нвидиа“ отвори независна истрага по медиумските извештаи дека нејзиниот извршен директор Џенсен Хуанг имал блиски односи со жена осомничена дека е  кинески шпион.

„Нвидија“ истражува наводи за врски на извршниот директор со осомничена кинеска шпионка

Според „Њујорк Тајмс“, американските разузнавачки претставници веруваат дека кинеската бизнисменка Алис Хуанг работела за Пекинг.

Од компанијата соопштуваат дека одборот на директори засега нема причина да верува дека биле компромитирани деловните тајни или националната безбедност на „Нвидиа“.

Хуанг, пак, признал дека бил неверен на сопругата и јавно ѝ се извинил за болката што ѝ ја нанел нејзе и на нивните деца.

Од „Нвидиа“, која е меѓу највредните компании во светот и е клучен производител на хардвер за вештачка интелигенција, порачуваат дека Хуанг и натаму е посветен на водењето на компанијата. Независната истрага треба да ги разјасни наводите и евентуалните последици од неговите контакти.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер