Музејот на Народна банка повторно отворен за посетители - Канал 5

Музејот на Народна банка повторно отворен за посетители

 Музејот на Народна банка на Република Македонија повторно е отворен за посетители од понеделник до петок, помеѓу 9 и 15 часот, а влезот е слободен.

Музејот на Народна банка повторно отворен за посетители

Во интервју за независната платформа Умно.мк, раководителката на Музејот, Катерина Христовска вели дека и покрај ограничувањата и протоколите воведени поради коронавирусот, посетителите успеваат да одвојат време и да го посетат Музејот.

– Во оваа, јубилејна дваесетта година од нејзиното постоење, тоа е добра и одважна порака, не само спроти пандемијата, туку и во врска и со многу други состојби имплицирани од „духот на нашето време". Придобивање на интересот на поединецот за музеите е навистина важен успех насреде оваа огромна продукција на информации, кои сè почесто конзумерски вреват, а сè помалку звучат, вели Христовска.

Посетата на Музејот е во времетраење од 30 минути, а достапни се и групни посети со претходно задолжително закажување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо

Македонија најверојатно ќе ја води истрагата за сериозниот инцидент со Боингот 737 на “Рајанер“, кој со оштетен десен мотор и скршен прозорец принудно се врати на аеродромот во Солун, од каде што полета за Минхен.

Македонија ќе ја води истрагата за инцидентот со авионот на „Рајанер“ затоа што инцидентот се случил над наше небо

Националниот одбор за безбедност во транспортот на САД соопшти дека веќе е назначен акредитиран претставник,кој треба да и помогне на Македонија во истрагата за овој инцидент, посочувајки дека според правилата на Меѓународната организација за цивилно возгухопловство и Анекс 13, истрагата ја води државата над чија територија или воздужен простор се случила несреќата или сериозниот инцидент, што во случајот е Македонија..

Од Комитетот за истрага на воздухопловни несреќи и сериозни инциденти, ниту ја потврдуваат ниту ја демантираат оваа информација. Претседателот на комитетот Марјан Прпоски во кус разговор за Канал 5, единствено посочи дека во моментов во тек е истрага, по што јавноста ќе биде информирана дали македонските институции ќе ја водат истрагата.

Во меѓувреме, поралот „аеро рс“ објави дека во истрагата за несреќата учествуваат повеќе држави меѓу кои Грција, каде се врши детална анализа на авионот и неговите оштетувања, Малта, како држава каде е регистриран авионот и операторот Рајанер, САД, како производител на авионот Боинг 737, како и производителот на моторот поради неговото сериозно оштетување. Порталот ја наведува и Македонија како држава чии истражни ограни ја водат постапката и која треба да ги донесе конечните заклучоци.

Инцидентот се случи вчера, кога авионот кој летал од Солун кон Минхен, кратко по полетувањето пријавил проблем со еден од моторите. Пилотите го забележале дефектот додека леталото се наоѓало над воздушниот простор на Македонија и донеле одлука да го пренасочат летот и да се вратат назад кон аеродромот во Солун. Според досегашните информации, фрагмент од моторот се откинал и скршил еден од прозорците во патничката кабина, по што дошло до нагла промена на притисокот. Како што објавија дел од медиумите, српски државјанин за влакно ќе излетал од отворот, но бил задржан со безбедносниот појас и со помош на другите патници. По слетувањето, на аеродромот во Солун биле активирани безбедносните процедури, а патникот бил пренесен во болница со полесни повреди.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Штип: Македонија заслужува европски стандарди и достоинствена иднина

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Штип.

Димитриевски од Штип: Македонија заслужува европски стандарди и достоинствена иднина

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжи во Штип, град кој со својата традиција и развоен потенцијал претставува еден од најважните двигатели на источниот регион и силен пример дека успехот секогаш започнува со трудот на луѓето.

Во своето обраќање, претседателот на Движењето ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека европската иднина на Македонија нема да ја донесат празни ветувања, туку силни институции, одговорни политичари и држава што еднакво се грижи за секој свој граѓанин.

„Европа не е само политичка цел, туку начин на кој треба да ја организираме државата. Тоа значи институции што функционираат, правда што важи за сите, администрација што им служи на граѓаните и економија што создава можности. Македонија нема потреба да биде копија на никого.

Треба да биде успешна држава што самоуверено ќе ги брани своите национални интереси и достоинствено ќе чекори кон Европа“ - порача Димитриевски.

Тој нагласи дека довербата не се добива со политички слогани, туку со резултати што секој граѓанин може да ги почувствува во своето секојдневие.

„Политиката мора повторно да стане служба на граѓаните. Луѓето не очекуваат големи зборови, туку сигурност, подобри услуги, праведни институции и можност со својот труд да обезбедат достоинствен живот.

Токму затоа ЗНАМ го избра потешкиот пат, односно патот на одговорноста, реформите и конкретната работа. Само така може повторно да се изгради довербата во државата“ - истакна претседателот на ЗНАМ.

Во рамки на панел дискусијата говореа и генералниот секретар на Движењето ЗНАМ, Горан Минчев и претседавачот со Централниот одбор на Движењето ЗНАМ, Игор Филков, осврнувајќи се на резултатите постигнати во изминатите две години во делот на реформата на јавната администрација, насочени кон професионализација, поголема ефикасност и унапредување на услугите за граѓаните, како и активностите и резултатите во областа на правосудството, владеењето на правото и зајакнувањето на институционалната одговорност.

Токму овие резултати претставуваат темел за изградба на европски стандарди во Македонија и за враќање на довербата на граѓаните во институциите.

Караванот „Европска ЗНАМ, Европска иднина, Европска Македонија“ продолжува и во наредниот период низ повеќе градови во државата, како платформа за непосреден дијалог со граѓаните, размена на идеи и креирање политики што произлегуваат од реалните потреби на луѓето.

Движењето ЗНАМ останува посветено на визијата за Македонија како европска држава со силни институции, стабилен правен поредок, развиена економија и еднакви можности за секој граѓанин, држава што својата иднина ја гради со работа, одговорност и доверба.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Триесет и една година по геноцидот во Сребреница - уште десет жртви погребани во поточари

Со погребување на посмртните останки на уште десет жртви, во меморијалниот центар Сребреница – Поточари се одбележа 31-годишнината од геноцидот во 1995-та година.

Триесет и една година по геноцидот во Сребреница - уште десет жртви погребани во поточари

Меѓу нив е и најмладата жртва, Сенад Јусиќ, кој имал само 20 години кога бил убиен. Со денешната погребна церемонија, бројот на жртвите погребани во меморијалниот центар поточари ќе достигне 6.772. Од институтот за исчезнати лица на Босна и Херцеговина информираат дека сè уште се трага по околу 900 лица кои се водат како исчезнати. Податоците покажуваат дека во јули 1995 година, силите на војската на Република српска, под команда на Ратко Младиќ, убиле повеќе од 8.000 бошњачки мажи и момчиња. Генералното собрание на Обединетите нации пред две години го прогласи 11 јули за меѓународен ден на сеќавање на геноцидот во Сребреница, осудувајќи го негирањето на геноцидот и глорификацијата на воените злосторници.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер