Музејот на албанската азбука во Битола ќе има восочни фигури од учесниците на Конгресот во 1908 - Канал 5

Музејот на албанската азбука во Битола ќе има восочни фигури од учесниците на Конгресот во 1908

Државниот секретар во македонското Министерство за култура Бехиџудин Шехаби денеска во НУ Музеј на албанската азбука во Битола се сретна со заменик министерот за култура на Република Албанија Зеф Чуни, со што продолжи континуираната соработка на двете министерства во рамките на програмата за културна соработка 2015-2020 година.

Музејот на албанската азбука во Битола ќе има восочни фигури од учесниците на Конгресот во 1908
На средбата во Битола, претставниците на двете делегации соопштија дека меѓусебната експертска соработка се одвива на високо ниво и дека договорени се повеќе конкретни идеи за збогатување на содржините во НУ Музеј на албанската азбука во овој град.

- Согласно усвоената програма и по направената експертиза побаравме стручна помош и придонес за оплеменување на внатрешните простории на оваа институција. Во наредниот период треба да биде уреден ентериерот, а воедно со одлука на Владата на Република Македонија одобрен е проект за идејно решение за поставување на фигури од восок на познатите лица кои учествуваа на Конгресот за усвојување на албанската азбука. Восочните фигури ќе бидат поставени во музејот а изработката на елаборатот ќе ја вршат колегите од Албанија, посочи Шехаби.

Според заменик министерот во министерството за култура во албанската влада Зеф Чуни, културата ги зближува народите, оплеменува и овозможува идни поврзувања.

- Музејот во Битола не е значаен само за албанците во Македонија туку за сите албанци во светот бидејќи тоа е музеј на албанската азбука. Се договоривме најдоцна до 22 ноември кога е Денот на албанската азбука, ние да доставиме идеен проект за тоа како да се оплемени овој музеј, а соработката ќе продолжи и во иднина, истакна Чуни.

НУ Музеј на албанската азбука во Битола денес го посетија и директорката на Управа за културно и нематеријално наследство во Република Албанија Козета Анџелиу, и заменик директорот на Националниот Музеј на Република Албанија, Доријан Кочи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец

Лашкоска во Радовиш: Со инвестиции во водната инфраструктура до побезбедна животна средина и подобри услови за граѓаните

Заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, денеска престојуваше во работна посета на Општина Радовиш, каде што оствари средба со градоначалникот Љупче Почивалец, на која се разговараше за реализацијата на тековните и планираните инфраструктурни проекти, како и за натамошното унапредување на соработката меѓу Министерството за животна средина и просторно планирање и локалната самоуправа во општина Радовиш.

Во рамките на посетата, заменик-министерката Лашкоска и градоначалникот Почивалец извршија увид во реализацијата на проектот за уредување на речното корито на Ораовичка Река, за кој Министерството за животна средина и просторно планирање, преку Програмите за води за 2025 и 2026 година, има обезбедено 12 милиони денари. Реализацијата на овој проект има особено значење за подобрување на заштитата од поплави, намалување на ризиците од излевање на реката и унапредување на безбедноста на населението и околните имоти.

Посебно внимание на работната средба беше посветено и на планираниот проект за изградба на водоводна, фекална и атмосферска канализациска мрежа во Урбан блок 15 во Радовиш, чија реализација е предвидена со финансиска поддршка од Министерството за животна средина и просторно планирање. Овој инфраструктурен зафат претставува важен чекор кон подобрување на комуналните услуги, обезбедување посигурно водоснабдување и поефикасно управување со отпадните и атмосферските води.

На средбата беше нагласено дека успешното спроведување на инфраструктурните проекти бара континуирана координација и партнерство меѓу централната и локалната власт, со јасно утврдени приоритети кои произлегуваат од реалните потреби на населението.

„Граѓаните не ја мерат успешноста на институциите само според вложените средства, туку според подобрувањата што ги чувствуваат во своето секојдневие. Токму затоа, секој реализиран проект, секој метар изградена водоводна или канализациска мрежа и секое уредено речно корито за нас претставуваат вложување во нивната сигурност, здравје и поквалитетен живот. Нашата цел е инвестициите во животната средина да бидат видливи преку конкретни придобивки за граѓаните и да создаваат трајни вредности за идните генерации“, истакна заменик-министерката Лашкоска.

Во таа насока, Министерството за животна средина и просторно планирање и во 2027 година ќе продолжи да ја развива соработката со Општина Радовиш, со фокус на реализацијата на приоритетните инфраструктурни проекти, одговорното управување со водните ресурси и натамошното подобрување на условите за живот на локалното население.

МЖСПП посветено работи преку континуираните инвестиции, одговорното управување со природните ресурси и партнерството со локалните самоуправи, создава долгорочни решенија за еколошките и инфраструктурните предизвици, со јасна цел – побезбедни населени места, почиста животна средина и подобар квалитет на живот за сегашните и идните генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер