Мувлата и кондензацијата знаат да бидат голем проблем во текот на зимата - Канал 5

Мувлата и кондензацијата знаат да бидат голем проблем во текот на зимата

Еве како да ги исчистите и отстраните засекогаш!

Мувлата и кондензацијата знаат да бидат голем проблем во текот на зимата

Совети од професионалци.

Во текот на зимските месеци, кондензацијата и мувлата на прозорците може да делуваат како постојан нерешлив проблем. На Интернет постојат многу совети и трикови за отстранување на мувлата и спречување таа да се повтори. Издвојуваме пет чекори што треба да ги преземете за правилно да го решите овој проблеми и да спречите нејзино враќање.

Отстранување на мувла од прозорците

Матан Корин, потпретседател за продажба во една компанија за прозорци, за отстранување на мувлата и спречување на нејзина повторна појава околу прозорците, препорачува да направите мешавина од течен детергент и вода, притоа да користите четка и крпа за да ја отстраните мувлата од прозорецот. Тој, исто така, советува носење заштитна опрема како ракавици и маска за да се избегне вдишување на спорите од мувлата додека чистите.

Уништување на мувла

Мешавина од еднакви делови на алкохолен оцет и вода е совршено решение за уништување на мувлата. Се препорачува оваа мешавина да ја оставите најмалку еден час на површината на која треба да делува, пред да почнете со чистење. Така оцетот продира длабоко и ги уништува спорите мувла. Важно е веднаш да ја третирате секоја мувла што ќе ја забележите во вашиот дом бидејќи тоа може да претставува опасност по здравјето.

Спречување на враќање на мувлата

Матан посочува дека освен чистењето на мувлата важно е да одржувате правилна вентилација за да го заштитите здравјето на вашето семејство. Тој исто така препорачува да се користи самолеплива пена за пополнување на процепите околу прозорците со цел да се спречи пропуштање на воздухот. Тој, советува да се користи термо фолија за прозорците за да се задржи топлината и да се спречи кондензацијата.

Употреба на соодветни материјали

Ако имате прозорци со едно стакло, можеби е време да ги надградите. Матан ги препорачува „UPVC“ прозорците бидејќи се дизајнирани да ја спречат загубата на топлина, а материјалите од кои се направени штитат од појавата на мувла.

Ако ги следите овие совети, можете ефикасно да го решите проблемот со кондензација и мувла на прозорците, со што ќе се подобри квалитетот на воздухот во вашиот дом, а со тоа ќе го заштитите и здравјето на вашето семејство.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

Министерот за спорт, Борко Ристовски, денеска оствари средба со новоизбраната претседателка на Скијачката федерација на Македонија (СФМ), Ивана Ивчевска Трајчевски.

Министерот Ристовски оствари средба со новата претседателка на Скијачката федерација на Македонија, Ивана Ивчевска Трајчевски

На средбата, министерот Ристовски ѝ го честиташе изборот на претседателската функција и ѝ посака успешна работа, со уверување дека со посветеност, визија и добра соработка можат да се постигнат значајни резултати во унапредувањето на скијачките спортови во Македонија.

Ристовски ја истакна подготвеноста на Министерството за спорт да даде поддршка на активностите и иницијативите на Федерацијата насочени кон развој на скијањето, создавање подобри услови за работа и тренинг на спортистите, како и поттикнување на младите да се вклучат во скијачките спортови.

На средбата беше потврдена важноста од континуирана соработка меѓу институциите и спортските федерации, со заедничка цел за создавање посилни основи за развој и афирмација на скијачките спортови во Македонија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Брутален нокаут на хокеј

Натпреварот во  американската хокеарска лига, НХЛ помеѓу Отава Сенаторс и Вашингтон Капиталс беше одбележан со брутален нокаут, по кој Ник Казинс остана да лежи на мразот. 

Видео: Брутален нокаут на хокеј

Напаѓачот на Отава прими силен удар од одбранбениот играч на Вашингтон, Џејкоб Чикран, кој го собори додека тој се обидуваше да ја контролира пакот во сопствената зона.

Казинс не го забележа приближувањето на противникот, а силината на ударот го фрли на мразот. Тој остана да лежи неподвижен, со лицето надолу, што предизвика итна реакција од медицинскиот тим и неговите соиграчи.

По неколку моменти, тој успеа да стане, но го напушти мразот со помош на други играчи и членови на персоналот. Тој не се врати во игра.

Одлуката на официјалните лица привлече посебно внимание. Тие ја прегледаа снимката за да утврдат дали е оправдана голема казна, но на крајот заклучија дека немало прекршок. Главниот тренер на Отава, Тревис Грин, не се согласи со таа проценка.

По натпреварот, тој изјави дека е изненаден од одлуката, истакнувајќи дека, според него, станува збор за удар во главата на играч кој не бил подготвен за контакт.

„Не е добро“, рече кратко Грин кога новинарите го прашаа за состојбата на неговиот играч, додавајќи дека Казинс не бил однесен во болница.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај Путин

Џаред Кушнер, советник и зет на американскиот претседател, изјави дека тој и специјалниот пратеник на САД, Стив Виткоф, утре ќе отпатуваат за Москва за да се сретнат со рускиот претседател Владимир Путин.

Најавена нова дипломатска офанзива: Кушнер и Виткоф заминуваат директно кај Путин

Како што пренесува „Скај њуз“, Кушнер на прес-конференција во Абу Даби изјави дека разговорите водени денес ќе бидат разгледани за време на средбата со Путин. Кушнер најави дека по посетата на Москва, тој и Виткоф ќе заминат за Даблин за да се сретнат со украинскиот претседател Володимир Зеленски и „дополнително да ги разгледаат некои од идеите до кои дојдошле денес“.

Тој нагласи дека Вашингтон гледа „одредени можности и шанси за напредок“ во преговорите. На прашањето од новинар дали постојат планови за директна средба меѓу Путин и Зеленски, Кушнер одговори дека Русија сака да види „поголем напредок пред такво нешто да може да се случи“.

Кушнер исто така истакна дека е очигледно оти постои мала доверба или меѓусебна блискост меѓу Путин и Зеленски.

Владимир Медински, помошник на рускиот претседател и шеф на руската делегација, денес изјави дека Русија и Украина, за време на разговорите во Абу Даби, постигнале договор за нова, голема размена на затвореници, при што конкретните услови за размената ќе бидат објавени наскоро.

Како што пренесува агенцијата ТАСС, тој им изјавил на новинарите дека за време на преговорите меѓу Русија, САД и Украина било покренато и едно хуманитарно прашање. „Во принцип, се договоривме за нова, голема размена на затвореници, чии конкретни параметри ќе бидат објавени во блиска иднина“, рече Медински. Преговорите меѓу делегациите на Русија, САД и Украина завршија денес во Абу Даби.

Сите делегации го напуштија местото на одржување на разговорите под придружба на полициски возила. Разговорите се одвиваа зад затворени врати, без присуство на медиумите.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер