Мустафа Хајрулахи „На кавга со Иван“

Вечерва, НА КАВГА СО ИВАН гостува Мустафа Хајрулахи, суспендиран Шеф на Више Обвинителство Скопје.

Како му се заглавила фиоката баш на предметот Титаник 3 за Гури и Аљими од ДУИ па се чекало повеќе од 5 месеци на жалбите и на овие двајца но и на жалбата на колешка му Фатиме Фетаи?

На последниот избор за шеф на Више обвинителство пред 2 години, покрај неговата кандидатура , документи поднесоа и Фетаи и Рустеми но магично се повлекоа.

Дали предметот за бонусите на СЈО, или повеќе од 4 мил евра екстра народни пари кои си ги поделија во обвинителството на Катица Јанева, успеа да ги зближи “заинтересираните странки” од обвинителството против Хајрулахи? Како успеа да се инволвира и ќерката на државниот обвинител Коцевски во оваа каша?

И најважно - ваљда утре ќе дознаеме - кој е ДИЈАРЕТИЧАРОТ во ОЈО?

#macedonia #kanal5tv #kavga #quarrel_with_Ivan #television

Макрон во посета на Либан за поддршка на реформите и обновата на земјата

 Францускиот претседател Емануел Макрон денеска ќе го посети Либан, за прв пат од 2020 година, за да помогне во забрзувањето на формирањето влада која може брзо да ги спроведе реформите и да го отвори патот за обнова на земјата.

Макрон е во посета на земјата во време кога Франција сака да ја нагласи важноста на суверенитетот на Либан и да го поддржи спроведувањето на структурните економски реформи кои би ја вратиле довербата на меѓународната заедница, пренесоа светските агенции.

Франција, заедно со Соединетите Американски Држави и Саудиска Арабија, одиграа клучна улога во надминувањето на политичкиот ќорсокак во Либан, по ноемврискиот прекин на огнот меѓу Израел и Хезболах, што резултираше со избор на новиот претседател Џозеф Аун и премиерот Наваф Салам.

Трагедија во Прилепско, починаа новороденчиња-близначиња

Две новороденчиња, близначиња, на околу 20-тина дена старост починале вчера околу пладне, а јавен обвинител од основното јавно обвинителство од Прилеп нареди обдукција за да се утврди причината за нивната смрт. 

Според јавниот обвинител Стевчо Биноски, новороденчињата, машко и женско, биле во тешка здравствена состојба. Семејството од домот во прилепското село Славеј повикало Итна помош.

- Семејството во селото Славеј повикало итна помош. Близначињата биле во тешка здравствена состојба. Екипата на итната помош штом пристигнала констатирала смрт кај едното бебе, а другото било префрлено во прилепската болница во тешка состојба каде починало. Семејството живее во екстремно лоши услови и има уште три деца. Наредив обдукција за да се утврди причината за смртта на новороденчињата. Известени се надлежните, меѓу кои од Центарот за социјални работи од Прилеп, ни изјави Биноски.

Денеска во 12 часот закажана е прес конференција во Центарот за Социјални работи.

Кинескиот вицепремиер Хан Женг ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на Трам

На покана од американската страна, специјалниот претставник на претседателот Си Џинпинг, потпретседателот Хан Женг, ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на претседателот Доналд Трамп на 20 јануари во Вашингтон.

На покана од американската страна, специјалниот претставник на претседателот Си Џинпинг, потпретседателот Хан Женг, ќе присуствува на церемонијата на инаугурација на претседателот Доналд Трамп на 20 јануари во Вашингтон, изјави денеска портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи.

Кина ги следи принципите на меѓусебно почитување, мирен соживот и заемно корисна соработка кога станува збор за нејзините односи со Соединетите држави, рече портпаролот

-Подготвени сме да работиме со новата американска администрација за да го зајакнеме дијалогот и комуникацијата, да ги решиме разликите, да ја прошириме заемно корисната соработка, заеднички да се стремиме кон стабилни, здрави и одржливи односи меѓу Кина и САД и да го најдеме вистинскиот начин за двете страни да се разбираат, додаде портпаролот.

притисни ентер