Муслиманите го слават Рамазан Бајрам - Канал 5

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

Со желби за здравје, љубов, сплотеност и мир, во секоја муслиманска куќа низ насмевки се слушаше „Честит Бајрам“. 

Муслиманите го слават Рамазан Бајрам

По утринската молитва точно во 06:19 часот, граѓаните од исламска вероисповед го прекинаа својот 30 дневен пост и започнаа со прославување на Рамазан Бајрам – еден од најважните празници за Муслиманите. Џамијата Иса Бег во скопски Чаир беше полна и на пладне, а дел од верниците по предавањето на оџата ни кажаа како го поминале постот, но и како ќе го прослават празникот.

-Сме постеле, сме се чистеле душата, лошите намери сме остаеле. И сега кога ќе стигнете дома, како ќе го прославите? –Со баклава, со тоа како секогаш.

-Како верата кажува, мир, добро за сите.

-Многу добро, празникот е празник, фала од Господ, месец дена пројдовме супер, секој е здрав и жив, нека биде на мир овој свет.

-Посакуваме за секоја фамилија, за сите луѓе нека бидат здрави и живи.

Домовите се исполнети со радост и се отворени за сите роднини, соседи, пријатели... За екипата на Канал 5 ТВ вратите ги отвори оџата во Иса Бег џамијата, Мухарем Исмаили. За него денешниот е ден на кој се бара прошка, се пречекуваат гости, а како што е редот, помладите одат кај постарите, децата одат кај родителите. Кај него, вели, секоја година доаѓаат повеќе од 50-ина гости. Како што налага традицијата, бевме послужени со благо кафе и баклава – симболот на љубовта. Оџата објаснува дека во секоја куќа се служи по нешто благо, а доколку некој гостин не може да јаде во моментот, си го зема за подоцна.

-Баклавата е црешата на тортата и црешата на сите слатки. Сега има чоколади, има ова, има она, но сепак, баклавата треба да биде и прво се нуди баклава. Не, ќе каже, нејќам баклава, ај ќе си земам едно чоколатце.

Гостинот има ред. Значи треба да се пречека со насмевка, па и да се испрати со насмевка за тоа гостинство да ни остане на сите слатко.

Бајрам нема поента ако ние сме лути меѓусебно. Тоа и реков, тој што е лут со сите, он не сфатил дека постел и зошто постел.- Мухарем Исмаили – Оџа

Честитки за Рамазан Бајрам упати и државниот врв. Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицкоски, собранискиот спикер Африм Гаши, лидерот на опозицијата, Венко Филипче и останатите политички партии.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода

Меѓу гостиварци полека се враќа довербата дека водата од градскиот водовод е исправна и безбедна за пиење. 

Гостиварци му се враќаат на нормалниот живот по еден месец без вода

Велат дека ги почитуваат инструкциите на надлежните и повторно ја користат водата од чешмите, но сепак, по речиси еден месец неизвесност, од од нив и натаму пристапуваат со претпазливост.

Дел од Гостиварци велат довербата не се враќа преку ноќ, но добро е што сите инстутуции се обединија и брзо реагираа. Особено претпазливи се оние кои во изминатиот период поминале и низ здравствена голгота и побарале лекарска помош, па велат и стравот оправдано е тука.

Надлежните најавија дека редовниот мониторинг на водоводот ќе продолжи и во иднина и дека наместо сегашните два пати, анализите ќе се вршат три пати неделно. Проблемот со загадувањето на водоснабдителниот систем во Гостивар предизвика здравствени проблеми кај околу 5.000 жители.

Откако анализите покажаа неисправност, на 17 јули беше воведена забрана за нејзино користење за пиење. Во меѓувреме следуваа повеќе лабораториски испитувања и земање мостри од водоводниот систем и хиперхлорирање, а граѓаните беа принудени да користат флаширана вода или вода од цистерни.

За случајот со загадувањето на водата со фекалии, Артана Асани, Леон Уредини и Вадедин Дервиши, кои беа на раководните позиции во ЈП „Комуналец“, добија 30-дневен притвор.

Тие се осомничени дека со дејствија поврзани со водоснабдителниот систем овозможиле мешање на загадена вода со водата наменета за пиење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

На територија на државата активни се шест пожари, а еден е под контрола. Центарот за управување на кризи информира дека регистрирани се вкупно 27 пожари од кои 20 се изгаснати.

Шест активни пожари во Македонија, еден под контрола

Активни се пожарите на потегот меѓу селата Моране – Вртекица – Рамни Габер, кај месноста Видуш, кај село Драгов Дол и кај село Локвица во општина Македонски Брод и кај селото С’лп во општина Велес.

Активни пожари има и кај селото Копанце во општина Јегуновце, кај селата Борино – село Житоше во општина Крушево и кај селото бојане во општина Сарај..

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

МОН: Пуштена во употреба нова спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во Припор

Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации.

МОН: Пуштена во употреба нова спортска сала во ОУ „Круме Кепески“ во Припор

Во подрачниот објект на основното училиште „Круме Кепески“ во Припор, општина Кисела Вода, денес во употреба беше пуштена новоизградена спортска сала, за која преку повикот на Владата за реализација на капитални инфраструктурни проекти во општините, минатата година беа одвоени речиси 20 милиони денари. Спортскиот објект со површина од 500 м², овозможува најсовремени услови за реализација на наставата по физичко образование и ќе придонесе за правилниот раст и развој на многу генерации.

На отворањето, во присуство на премиерот проф. д-р Христијан Мицкоски и градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска, честитајќи за успешно завршената инвестиција, министерката за образование и наука проф. д-р Весна Јаневска рече дека Владата има стратегија за поквалитетно образование, а еден од приоритетите е забрзана модернизација на образовната инфраструктура.

“Ќе потсетам дека за две години реализиравме инвестициски циклус од над 70 милиони евра во 90 инфраструктурни проекти во образованието. Овој проект е еден од нив, а дополнително тука во Кисела Вода во моментов градиме спортска сала во склоп на ОУ „Кузман Јосифовски – Питу“ и ги обновуваме спортските сали во рамки на централниот објект на „Круме Кепески“ и во рамки на ОУ „Кузман Шапкарев“ во Драчево“, рече Јаневска.

Информираше дека наскоро започнува реализацијата на три нови проекти.

„За да се воведе концептот на едносменска ефективна настава на целата територија на Кисела Вода, ќе го помогнеме проширувањето на капацитетите на три основни училишта. Едното е централниот објект на „Круме Кепески“, другото е „Кузман Шапкарев“ во Драчево и третото е „Рајко Жинзифов“ во Пинтија. Во сите три училишта ќе доградиме по 6 училници. Активностите во првото започнуваат кон крајот на оваа година, во другите две на пролет следната година“, додаде министерката.

Упати пораката новата спортска сала да се користи интензивно, но и одговорно, за како што рече - да биде место за создавање спомени, спорт, постигнување успеси и за рекреација на сегашните, но и на многу нови генерации.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер