ЗабаваМускулестите мажи се за авантура, а витките за бракЖените открија какви партнери ги привлекуваат Оние што сакаат краткотрајна романса, можеби е време да одат во сала за вежбање. Ако сте од оние жени што се вртат по згодни и мускулести мажи, веријатно спаѓате во групата на повеќето жени за кое истражувањето покажа дека ги привлекуваат „силни“ мажи. Мускулестите мажи добија повеќе гласови од жените кои во истражувањето открија дека посакуваат жестоки и кратки романси со ваквите мажи. Една студија спроведена од професорот Мич Браун на универзитетот во Арканзас вклучувала 384 жени и ги опфатила нивните размислувања во врска со забавувањето. Резултатите од оваа студија биле објавени во академското списание „Личноста и инвидуалните разлики“ (Personality and Individual Differences), пишува Њујорк пост. Во студијата, на жените им била прикажана фотографија од мускулест маж, пред да им биде прикажано момче со повитко тело. Повеќето жени признале дека мажот со извајано тело им е попривлечен за романтичен состанок. Сепак, од друга страна, студијата дала поинаков увид кога станува збор за бракот и ставот на жените при изборот на долгорочен партнер. Се чини дека жените се помалку пребирливи кога станува збор за изборот на партнер или сопружник, и во тој случај размислуваат поинаку. -Жените ги поврзуваат мускулите со кондицијата и здравјето. Меѓутоа, гледајќи долгорочно ним им е важно да најдат љубезна личност која ќе го издржува нивното семејство. Фините и духовити момчиња, всушност повеќе ги привлекуваат жените кои сакаат сериозна врска - забележал професорот Браун. По ова испитување, професорот Браун и неговиот тим заклучиле дека хуморот им помага на мажите да изградат долги и значајни врски, сè додека шегите не се навредливи или насочени кон жените. Уште една студија се совпаѓа со претходните студии. Таа била спроведена во 2007. година од истражувачи од универзитет во Калифорнија, Лос Анџелес и е објавена во „Билтен за личноста и социјалната психологија“. Во таа студија, истражувачите откриле дека поголема е веројатноста развиените мажи да имаат повеќе сексуални партнерки отколку слабите. Дејвид Фредерик, авторот на студијата, истакнува дека жените се предиспонирани да преферираат мускулести мажи и дека повеќето истражувања се фокусирани на она што мажите го сметаат за физички привлечно кај жената, додека помалку истражувања се посветени на она што жените го сметаат за привлечно. Според истражувањето на Фредерик во кое учествувале 99 мажи кои споделувале свои лични сексуални искуства, снажните мажи имаат двапати поголеми шанси да имаат повеќе од три интимни партнерки, отколку витките мажи на истата возраст. Извор: https://srecna.republika.rs/ljubav/brak-i-veze/16738/zene-vole-misicavije-momke-istrazivanjeКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27
СудбинаРодители си го оставиле своето новороденче, па на полицијата ѝ рекле дека го нашле покрај пат- сега донесоа чудна одлукаДвајца многу млади родители од областа Неапол, кои се обиделе да го сокријат фактот дека штотуку добиле бебе и се преправале дека го пронашле, наводно одлучиле да го признаат својот син, кој е роден ноќта помеѓу петокот и саботата.Стравот од неуспех, неискуството и можеби целосниот недостаток на семејна поддршка се сите можни причини зошто младите родители првично одлучиле да не го признаат своето новороденче. Сепак, по само неколку часа и огромно медиумско негодување, се случил драматичен пресврт на настаните, објави Република. Деветнаесетгодишник од Пасторано, во областа Казерта, кој заедно со своето семејство се обидел да се преправа дека го пронашле новороденчето во Пињаторо Маџоре ноќта помеѓу петокот и саботата, наводно одлучил да го признае детето. Во исто време, мајката на бебето (16), која семејството ја поддржувало од самиот почеток, наводно донела иста одлука. Превртот на настаните дошол по еден ден поминат во доверливи разговори во болницата, додека телефоните на младите родители биле исклучени, подалеку од јавноста и негодувањето предизвикано од случајот. Конечната одлука сега ќе треба да ја донесат Јавното обвинителство во Санта Марија Капуа Ветере и Судот за малолетници во Неапол. Тие ќе ги проценат понатамошните правни чекори, како и можните мерки во врска со старателството и згрижувањето. Одлуката ќе ги земе предвид и извештаите од општинските социјални служби на Пињатаро Маџоре, кои беа активирани веднаш откако беше пријавено дека бебето е пронајдено. Двете семејства изјавија за време на интервјуата со истражителите дека не биле свесни за бременоста, но сега, според достапните информации, се подготвени да сторат сè што е потребно за да се осигурат дека детето ќе порасне со соодветна грижа и поддршка. Таткоto пријавил дека пронашол бебе покрај патот Сепак, правниот статус на таткото на детето останува отворен. 19-годишникот е осомничен за лажно претставување и симулирање на кривично дело. Тој се јавил на 911 и се претставил како минувач кој наводно го пронашол новороденчето покрај патот, на периферијата на Пињатаро Маџоре. Кога карабинерите пристигнале на местото на настанот, младиот човек им дал лажно име и немал документи со себе. Сепак, истражителите набрзо открија дека приказната не е онаква каква што беше претставена. Всушност, 19-годишникот бил татко на новороденчето и неколку часа претходно ѝ помогнал на својата девојка, која била девет месеци бремена, за време на породувањето дома. Младиот пар ја пресекол папочната врвца, го искапал и облекол бебето, а потоа решил да не го задржи. Истражителите моментално веруваат дека во овој случај немало суровост кон детето, туку дека станува збор за дезориентација и страв од двајца многу млади луѓе кои не се чувствувале подготвени за родителство. Малиот Матија на крајот бил префрлен во болница. Неговото здравје се подобрува. Бебето, тешко околу два и пол килограми, било примено на одделот за неонатална интензивна нега во болницата Кардарели во Неапол, откако претходно му била укажана прва помош во болницата Сантобоно. Кога пристигнала во здравствената установа, бебето имало блага хипотермија, но нејзината состојба сега се подобрува. Во меѓувреме, заедницата на Пињаторо Маџоре се обединила околу случајот. По почетниот шок, меѓу граѓаните започна спонтан бран на солидарност и донации. Граѓаните почнаа да донираат облека, креветчиња и други основни потреби потребни за новороденчето. Локалниот парохиски свештеник е исто така подготвен да помогне. Истата мрежа на солидарност, според локални извори, наскоро би можела да се прошири и до Пасторано, родниот град на деветнаесетгодишниот татко. Таму, неговото семејство наводно се подготвува да го пречека својот внук штом неговата здравствена состојба и законските процедури дозволат.Тагови: новороденче Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЕвропаШведска купува четири воени бродови од Франција за 3,5 милијарди евра Шведска потпиша договор со француската компанија „Навал груп“ за купување четири нови фрегати. Договорот беше склучен во Стокхолм на церемонија на која присуствуваа францускиот претседател Емануел Макрон и шведскиот премиер Улф Кристерсон, пишува Ројтерс. Набавка вредна четири милијарди долари Шведска ја објави својата намера да нарача бродови од францускиот производител уште во мај. Вредноста на договорот изнесува 3,5 милијарди евра, а инвестицијата ќе ги тројно зголеми капацитетите за воздушна одбрана на земјата со оглед на безбедносната ситуација во Балтичкото Море. Како најнова членка на НАТО, Шведска брзо ја зајакнува својата војска по руската инвазија на Украина. Првата од четирите нови фрегати треба да биде испорачана во 2030 година, а тие ќе бидат и најголемите бродови во шведската морнарица. Зајакнување на европската соработка Договорот доаѓа во време кога Франција и Шведска ја продлабочуваат својата одбранбена соработка. Двете земји се залагаат за поголема воена независност на Европа. Таквиот пристап е делумно мотивиран од сомнежите за посветеноста на американскиот претседател Доналд Трамп кон европската безбедност, поради што владите низ целиот континент ја преиспитуваат својата зависност од американското оружје и безбедносните гаранции.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЖивотГи снимала синовите на мост, кога наеднаш се појавил огромен алигатор (ВИДЕО)Видеото на Катарин Геј го привлече вниманието на корисниците на Фејсбук, прикажувајќи огромен алигатор како излегува од под мост кај езерото Гринфилд во Вилмингтон, Северна Каролина.Катарин ја опиша глетката што ја остави неа и нејзините млади синови во шок. Многу реакции од гледачите „Ова беше навистина нешто за гледање“, напиша таа на Фејсбук. Децата ловеле риба по брегот кога големиот алигатор излегол од под мостот и се упатил спротивно од течението. „За малку ќе добиеа срцев удар“, додаде таа. Видеото предизвика многу реакции од гледачите, кои беа запрепастени од големината на предаторот. „Сум видел поголеми во тоа езеро“ „Не сфатив дека се толку блиску и во областа Вилмингтон. Бидете внимателни. Би полудела ако видам еден“, напиша еден корисник. „Изгледа неверојатно. Мило ми е што момчињата не беа премногу блиску“, рече друг. „Немав поим дека има алигатори во Вилмингтон, а не еден како овој! Тоа нешто изгледа како да се храни со мали кучиња и деца“, напиша трет. „Видов поголеми во тоа езеро, но беа фатени и преместени“, додаде четвртиот.Тагови: алигатор мост Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27Со сведочење на преживеаните, во Куманово продолжи процесот против осомничениот сериски убиец 15:00Продолжува судењето за серискиот убиец од кумановско Старо Нагоричане 12:05Штип остана без вода, исклучена филтер станицата поради преголема заматеност17:20Задутре стартува градскиот воз од Зелениково преку Драчево и Лисиче до Скопје08:45
Муцунски од Бледскиот форум: Европската интеграција треба да ги трансформира нашите институции, а не идентитетот 20:27