МакедонијаМуртезани во ЕП во Стразбур: Нашиот долг евроинтегративен пат, често надвор од Копенхашките критериуми, не ја поколеба нашата визија Нашиот долг евроинтегративен пат, често надвор од Копенхашките критериуми, не ја поколеба нашата визија за полноправно членство.Министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, се обрати на 24-от состанок на Мешовитиот парламентарен комитет ЕУ - Македонија, што денеска и утре се одржува во Европскиот парламент во Стразбур. Состанокот, на кој копретседаваа пратеници од Европскиот парламент и од Собранието на Македонија, беше посветен на односите меѓу Македонија и Европската Унија, со акцент на фундаменталните права и слободата на изразување, владеењето на правото и борбата против корупцијата, напредокот во пристапните преговори, добрососедските односи и регионалната стабилност, како и на прашањата од областа на животната средина, транспортот, енергетиката, инфраструктурната поврзаност, дигитализацијата и вештачката интелигенција. Во своето обраќање, министерот Муртезани се осврна на клучните приоритети на државата во европскиот процес, нагласувајќи ја посветеноста кон реформите во рамките на Планот за раст и Реформската агенда. Тој истакна дека земјата продолжува со имплементација на суштинските реформски чекори, како и со подготовката на значајни инвестиции што ќе ја зацврстат економската и институционалната усогласеност со Европската Унија. Муртезани се осврна и на оценките од Годишниот извештај на Европската комисија за 2025 година, посочувајќи дека извештајот го потврдува континуираниот напредок на Македонија и дека препораките на Комисијата веќе се вградени во националното планирање. Во продолжение следува интегралниот текст на обраќањето на МЕП Муртезани во Стразбур: ========================================================================= Почитувани копретседавачи, почитувани пратеници, претставници на Европската комисија, почитувани колеги и пријатели, Постои извесна тежина кога се говори од Стразбур, од оваа сала каде што Европа научи да ја преточи својата историја во надеж. Стразбур не е само град на институции; тој е жива метафора за тоа што стана Европа – простор каде што дијалогот ја замени поделбата и каде што идеалите го пронајдоа својот глас во институции кои се изградени за да опстојат. Во ваков амбиент, Европа не може да биде предмет на апстрактен говор. Тука се говори за одговорност, партнерство и храброст за реформи. Денес, додека заседаваме во овој Дом на демократијата, нè обединува истото убедување: дека Европа е најсилна кога слуша, кога создава преку дијалог и уверување. За Македонија, европскиот пат никогаш не бил далечна аспирација. Тој отсекогаш претставувал секојдневна задача, дисциплиниран напор посветеноста да се претвори во резултати. Планот за раст на ЕУ за Западен Балкан му даде на овој напор нова димензија. Тој претставува и признание за она што е постигнато и покана за понатамошно продлабочување на напредокот. Преку овој План, Европската Унија покажа дека интеграцијата не е процес што се одложува за некој иден момент; таа започнува со трансформација на системите, економиите и општествата уште денес и може да донесе опипливи придобивки дури и пред формалното членство. Македонија ја предводи таа трансформација. Бевме првата земја во регионот која го стави во функција Инструментот за реформи и раст и доби претфинансирање од над педесет и два милиони евра. Реформската агенда што ја донесовме е сеопфатна и амбициозна, опфаќа реформи во управувањето и јавната администрација, владеењето на правото, енергетската и зелената транзиција, дигитализацијата и развојот на човечкиот капитал. Таа им дава структура на нашите реформи и јасност на нашите цели. За помалку од една година, поднесени и одобрени се две барања за ослободување средства, што претставува конкретен напредок во низа области: од дигиталната инфраструктура и енергетската ефикасност до подобрувањето на бизнис-климата. Веќе се исплатени вкупно дваесет и четири милиони евра, со дополнителни средства што може да се обезбедат по исполнувањето на дваесет и деветте активни реформски чекори предвидени за декември 2025 година, како и заостанатите чекори од претходните извештајни периоди. Секој чекор претставува многу повеќе од бирократска етапа; тој е показател за кредибилитетот на земјата и за посветеноста на Владата кон трајни промени. Нашата инвестициска агенда во рамките на Планот за раст продолжува да се развива и по обем и по визија. Во подготовка се дваесет и еден крупен проект, во вредност од околу 1,1 милијарди евра, кои ќе бидат поддржани со над половина милијарда евра преку Инвестицискиот рамковен фонд за Западен Балкан (ИРЗБ). Овие проекти опфаќаат иницијативи во областите енергетика, дигитализација, транспорт и образование, - иницијативи наменети да ги поврзат граѓаните, да ја подобрат конкурентноста и да ја зајакнат одржливоста. Македонија, исто така, аплицираше за четири нови проекти во рамките на Инвестициската рамка за Западен Балкан, кои комбинираат техничка помош и инвестициски грантови, со цел да се зајакнат темелите за долгорочен раст. Напредокот што го остваруваме се заснова на јасно дефинирани структури. Паралелно, работиме на финализирање на патоказите за отворање на поглавјата Владеење на правото и Реформа на јавната администрација, како почетни одредници за кластерот Фундаментални вредности. Патоказот за РЈА веќе е одобрен од Владата, додека патоказот за Владеењето на правото се финализира во координација со Европската комисија. И двата документа се усогласени со пошироките европски стандарди и со скрининг-извештајот на ЕК. Во нив се утврдуваат рокови, мерливи индикатори и институционална одговорност, осигурувајќи дека реформите не се изолирани чекори, туку дел од еден континуиран процес. Патоказот за функционирањето на демократските институции, кој се подготвува во консултација со Комисијата, го зајакнува овој рамковен пристап преку зацврстување на транспарентноста, отчетноста и плурализмот. Со Извештајот на Европската комисија за земјата за 2025 година се потврдува дека овие напори даваат резултати. Во него се признава напредокот во клучните области, вклучувајќи го и управувањето со јавните финансии, дигитализацијата и реформата на правосудството. Во извештајот, исто така, се нагласува континуираната усогласеност на Македонија со Заедничката надворешна и безбедносна политика и се истакнува конструктивниот регионален придонес на земјата. Истовремено, Извештајот нѐ повикува да ги забрзаме реформите во областите каде што доследноста е од суштинско значење. Ние ја сфаќаме таа порака сериозно. Препораките од овогодинешниот извештај, заедно со заклучоците од скринингот и експертските мисии, веќе се интегрирани во Националната програма за усвојување на правото на ЕУ и во нашата среднорочна буџетска рамка. Резултатите од овие реформи веќе го трансформираат секојдневниот живот на нашите граѓани. Преку стратегијата SMART/MK 2030 дигиталните услуги се трансформираат; Законот за електронски комуникации е усогласен со Европскиот кодекс за електронски комуникации, со што се обезбедува солидна правна основа за натамошно усогласување со правото на ЕУ за роаминг во рамките на иницијативата „Роаминг како дома“; а со лансирањето на WiFi4WB, шеесет и три општини наскоро ќе овозможат бесплатен интернет на јавни места. Основањето на нашиот национален центар за вештачка интелигенција, ВЕЗИЛКА, нè постави меѓу првите во регионот што кои создадоа екосистем за одговорна употреба на вештачката интелигенција. Во исто време, со нашето приклучување кон Единствената зона за плаќање во евра, европската интеграција стана конкретна и опиплива реалност за граѓаните и за бизнисите. Трансакциите што претходно траеја со денови, сега се завршуваат за неколку моменти, семејствата и бизнисите штедат на трошоци, а прекуграничната соработка станува секојдневна реалност. Ова е јасен показател како реформите се претвораат во можности, а интеграцијата станува вистинско, доживеано искуство. Почитувани членови, Додека ги донесеме Заедничките препораки на овој Комитет, треба да се потсетиме на едно ветување дадено пред повеќе од две децении, во Солун, дека иднината на Западен Балкан е во европското семејство. Тоа ветување мора да продолжи да живее не само преку зборови , туку и преку дела. За Македонија, чиј пат беше долг и честопати исполнет со предизвици надвор од Копенхашките критериуми, европскиот пат и полноправното членство остануваат прашање на цврста убеденост, а не на погодност. Секоја реформа што ја спроведуваме ја зацврстува нашата верба дека Европа е најсилна кога го исполнува своето ветување и дека Унијата е целосна кога оние што најдолго чекале конечно ќе бидат примени како полноправни членки. Ви благодарам.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизХајди Клум позира топлес покрај базен: Обожавателите ја нарекуваат „кралица“Хајди Клум (53) го искористи сончевиот викенд за релаксација покрај базен. Во неделата, манекенката објави фотографија на Инстаграм на која седи на работ од базенот, со нозете во водата и кренати раце.Таа носеше само долен дел од црно бикини и качкет, додека покрај неа седеше нејзината 22-годишна ќерка, Лени. Лени во скутот држеше кученце по име Фриц – кое Хајди го вдоми во април. „Недела“, напиша таа кратко покрај фотографијата. Хајди не се крие Објавата брзо го привлече вниманието на нејзините следбеници, кои го преплавија делот за коментари со комплименти. Некои ја нарекоа „кралица“ и „божица“, додека други едноставно напишаа „вау“. Хајди со години отворено зборува за својот став кон сопственото тело и голотијата. Во интервју за списанието „People“, таа објасни дека ваквиот пристап за неа е сосема природен. „Отсекогаш сум била многу отворена во однос на своето тело. Кога се сончам во градината, понекогаш не носам горен дел. Јас сум Европејка... моите деца никогаш не ме запознале поинаку, што веројатно е причината зошто тие се поопуштени во однос на сопствените тела“, изјави таа. Манекенката исто така истакна дека никогаш премногу не се грижела за тоа како изгледа пред другите. „Отсекогаш сум имала самодоверба. Немам проблем да шетам наоколу во долна облека. Не се кријам по ќошиња“, појасни Хајди. Таа не сака инјекции за слабеење Клум претходно зборуваше за тоа како се справува со телесните промени што доаѓаат со стареењето. Според неа, во тоа има поддршка од нејзиниот сопруг, Том Каулиц (37), кој ја охрабрува да не биде опседната со стандардите за слабост наметнати од модната индустрија. View this post on Instagram A post shared by Heidi Klum (@heidiklum) Денес, таа смета дека неколкуте килограми вишок воопшто не ѝ пречат и дека таквата фигура одлично ѝ прилега. Истовремено, таа изјави дека нема интерес за лекови за слабеење, како што се „Ozempic“, „Wegovy“ или „Mounjaro“. Наместо тоа, таа се стреми да одржува рамнотежа преку исхраната и редовната физичка активност. Не поминува часови во теретана, бидејќи претпочита поедноставни форми на вежбање. Дома, во Лос Анџелес, таа често скока на трамболина или изведува вежби со сопствена тежина, вклучително и чучњеви.Тагови: Хајди Клум Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветЖена со ебола пренесена во Швајцарија, има сомнеж за уште еден случајМаж, за кој постои сомневање дека е заразен со ебола, пристигна во Швајцарија од Нигерија и е примен во Универзитетската болница во Цирих, потврди денеска портпарол на болницата, пренесува Ројтерс.Владата на Нигерија претходно соопшти дека жена заразена со ебола – сопруга на швајцарски дипломат – утрово заминала за Швајцарија со специјален лет за медицинска евакуација. Во авионот бил и нејзиниот сопруг. Според веб-страниците за следење летови, авионот пристигнал во Швајцарија попладнево. Жена пренесена во Женева на лекување Портпаролот на болницата во Цирих не го откри идентитетот на мажот, но потврди дека една жена е пренесена во Женева на лекување. Властите во Женева одбија да го коментираат случајот, наведувајќи дека швајцарската влада наскоро ќе издаде соопштение со дополнителни детали. Извор: Индекс.хрТагови: ебола Швајцарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
АвтомобилизамДури ни соработката со „Xpeng“ не помага: „Volkswagen“ во кризаУделот на кинескиот пазар во вкупната добивка на групацијата е намален од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со локалниот производител „Xpeng“ сè уште не ги дава очекуваните резултати.Со години, Кина беше еден од најважните пазари за „Volkswagen“, но ситуацијата значително се промени. Уделот на Кина во вкупната добивка на групацијата падна од речиси 50 отсто на околу 10 отсто, а партнерството со кинескиот производител „Xpeng“ сè уште не ги носи очекуваните резултати. „Volkswagen“ инвестираше 700 милиони долари во „Xpeng“, стекнувајќи удел од 4,99 отсто. Двете компании развија заедничка електрична и електронска архитектура за нови електрични возила, вклучувајќи ги моделите „ID. Unyx 08“ и „ID. Unyx 09“. Концептот беше автомобилите да се развиваат и произведуваат во Кина, приспособени за локалните купувачи. Сепак, продажбата на првиот модел е далеку под предвидувањата. Според податоците објавени од Ројтерс, во периодот од април до август, месечно се продавале во просек само 267 примероци од моделот „ID. Unyx 08“. Тоа е помалку од десет отсто од првичната цел од 3.622 возила месечно. Поради овие слаби резултати, „Volkswagen“ ја намали целта за продажба за 2026 година од 32.600 на 12.300 автомобили. Целта за 2027 година исто така е ревидирана, намалувајќи се од 70.400 на 64.000 возила. Технологијата и продажната мрежа како предизвик Моделот „ID. Unyx 08“ се одликува со модерен дизајн и богата дигитална опрема. Сепак, според извештаите, тој заостанува зад одредени кинески конкуренти во поглед на технологијата и брзината на полнење. Продажната мрежа претставува дополнителен предизвик: моделот првенствено се продава преку околу 166 продажни места на „Volkswagen Anhui“, наместо преку значително пошироката мрежа на партнерства со „FAW“ и „SAIC“. Сепак, „Volkswagen“ останува посветен на Кина. Компанијата очекува месечна продажба од најмногу 4.900 примероци од седанот „ID. Unyx 09“, со долгорочна цел до 2034 година да достигне 90.000 возила годишно. Овој модел ќе им конкурира на возила како што се „Tesla Model 3“ и „Xiaomi SU7“. Германскиот производител, исто така, ја разгледува можноста за извоз во Европа на возила произведени во Кина. Сепак, дополнителните царини за автомобилите произведени во Кина би можеле да го отежнат овој план. Поради тоа, како алтернатива се разгледува производство во германските погони, кои моментално работат со капацитет под максимумот. Извор: Б92Тагови: Volkswagen Кина Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиГраѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39Изборната победа се слави и вечерва на плоштадот Славија во Белград20:12Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27
Вучиќ ги загуби изборите, студентска листа освои апсолутно мнозинство, може самостојно да формира влада18:16
Челниците на ЕУ ја честитаа победата на Студентска листа, Кос со порака- Србија може да почне ново поглавје15:00
Вучиќ си оди: Студентската листа освои апсолутно мнозинство и самата ќе може да ја формира новата српска влада08:27