Муртезани потпиша Меморандум за соработка со Молдавија за процесот на ЕУ интеграција - Канал 5

Муртезани потпиша Меморандум за соработка со Молдавија за процесот на ЕУ интеграција

Во рамки на работната посета на Република Молдавија, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, денеска во Кишинев оствари средба со Заменик претседателката на Владата на Република Молдавија, задолжена за евроинтеграција, Кристина Герасимов.

Муртезани потпиша Меморандум за соработка со Молдавија за процесот на ЕУ интеграција

Во фокусот на разговорот беа билатералната соработка и заедничката амбиција за напредок на патот кон ЕУ, со што се зајакнуваат врските преку заемна поддршка и соработка, информираат од Министерството за европски прашања.

Муртезани и Герасимов се осврнале на тековните процеси за пристапување во ЕУ на Македонија и Молдавија, при што бил ставен акцент на предизвиците и можностите во усогласувањето на националните политики со европските стандарди. Исто така, биле разменети мислења за клучните приоритети на реформите, особено оние поврзани со зајакнувањето на институциите, унапредувањето на доброто владеење и поттикнувањето на економскиот развој.

-Министерот Муртезани ја подвлече важноста на солидарноста и стратешките партнерства меѓу земјите кандидати и аспиранти од Западен Балкан и Источна Европа. Соговорниците се согласија дека унапредувањето на регионалната соработка и размената на добри практики се клучни за обезбедување континиуран напредок кон членството во ЕУ. Муртезани ја поздрави проактивната улога на Молдавија во промовирањето на европските вредности и ја потврди подготвеноста на Македонија да ја продлабочи оваа соработка преку конкретни активности и иницијативи, се вели во денешното соопштение од Министерството.

Средбата била заокружена со потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Владите на Македонија и Молдавија, којшто поставува основа за редовна размена на искуства и најдобри практики во преговарачкиот процес со Европската Унија, како и за јакнење на капацитетите на институциите во двете земји. Оваа соработка, велат од Министерството за европски прашања, ќе се фокусира на областите како што се европската легислатива, управувањето со фондовите на ЕУ и јакнење на институционалната ефикасност, со цел подобрување на спроведувањето на реформите и подготвеноста за интеграција во Унијата.

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

„Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот“

Ангелов: Не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома

Не доаѓаат предвид уставни имени без гаранции, ние не само што не ги добиваме, туку имаме анти-гаранции. Нам не ни е неопходна ЕУ да ги подобриме состојбите дома. Помали сме и понемоќни ос САД, државите од БРИКС се „малку“ далеку. Секој сака билатерална спогодба со САД, не секој сака со Македонија. Суровата реланост налага пат кон ЕУ и НАТО, плативме скапа цена но надворешно сме безбедни. Не очекувам дека САД ќе се повлечат од Балканот. Договорот со Британија е се' замо не е про-руски чекор, вели Стојанче Ангелов во Само Вистина.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

Александар Вучиќ објави видео на Инстаграм од парк каде што седи на клупа за вежбање.

Вучиќ на клупа за вежбање: Да бидам за нијанса помалку дебел (Видео)

„Далеку сум од добра форма, но Србија е повторно на вистинскиот пат“, напиша српскиот претседател во описот на објавата. Во видеото, тој почна да ги наведува проектите што има намера да ги заврши во наредниот период.

Потоа рече:

„И треба да го искористам ова кратко време пред ручек како да правам нешто, за да биде помалку забележливо она што ќе го јадам. Во секој случај, Србија е повторно на вистинскиот пат. И време е да ги подобрам моите физички карактеристики, да бидам за нијанса помалку дебел и со малку повеќе енергија отколку во претходните неколку месеци.“ Тој не правеше никакви вежби.

Неговото видео набрзо се прошири на социјалните мрежи, а луѓето му пишуваа дека се бламира.

„Лошо се храниш“, се пошегуваа некои во коментарите со емотикони за сендвичи.

Алмеида нoв тренер на Севиља

Шпанскиот фудбалски прволигаш Севиља го назначи денеска поранешниот аргентински репрезентативец Матијас Алмеида (51) за нов тренер, потпишувајќи тригодишен договор.

Алмеида нoв тренер на Севиља

За време на неговата фудбалска кариера, Алмеида мина една сезона во Севиља, што беше негова прва европска станица по пристигнувањето од Ривер Плата, а подоцна играше во Италија за Лацио, Парма и Интер.

Алмеида го постигна најголемиот успех во својата тренерска кариера досега со грчкиот АЕК, со кој ја освои грчката титула и трофејот во Купот во својата прва сезона на клупата на клубот од Атина./МИА

притисни ентер