МакедонијаМуртезани: Наша одговорност е уставните измени да бидат последниот билатерален условЈасно е дека нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов. Министерот за европски прашања Орхан Муртезани го повтори ставот на Владата во контекст на евроинтеграциите дека останува на предлогот за уставни измени со одложена примена и дека евроинтегративниот процес треба да се темели на вредности, а не на билатерални прашања. -Јасно е дека нема начин како да се избегнат уставните измени, меѓутоа наша одговорност е тие уставни измени да бидат последниот билатерален услов. За нас нема проблем ако сите земји членки имаат дополнителни барања, меѓутоа тие да бидат во склоп на реформите и европските стандарди, а да не бидат претворени во блокади и да не содржат билатерални прашања, вели Муртезани прашан за пораките испратени од претседателот на ЕС Антонио Кошта и премиерот за време на нивната заедничка прес-конференција во Скопје. Претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта за време на посетата на Скопје на заедничката прес конференција со премиерот Христијан Мицкоски, порача дека ЕУ очекува земјава да го исполни договореното за отпочнување на преговорите за членство во Унијата. Прашан дали се работи на друг предлог, освен тој за уставните измени со одложено дејство, тој посочи дека власта инсистира на тоа да нема натамошна билатерализација на пристапниот процес и потсети на изјавата на Мицкоски дека е подготвен за разговори. -За тоа да се случи неопходно е прво да и веруваме на ЕУ, и да почнеме да градиме меѓусебна доверба со Бугарите, вели Муртезани. Прашан до каде се постапките околу усвојувањето на новите закони предвидени со реформската агенда за кои краен рок е јуни, министерот за европски прашања кажа дека од предвидените 16 чекори, за поголемиот дел не се очекува доцнење. -Од сите 16 чекори, што се однесува до законите, за поголемиот дел не се очекува да има доцнење. Законот за енергетика веќе е поминат во Собрание, има многу закони во меѓуресорска ко султација, во јавна расправа, некои закони многу скоро треба да поминат владина процедура и да влезат во Собранието. Тоа што засега се знае е дека новиот изборен законик нема да може да влезе во предвидениот рок бидејќи сите препораки од страна на ОБСЕ/ОДИХР се пред избори да не се прават измени на законот за да не се создаде конфузија. И не сме сигурни дали ќе стигнеме законот за Судски совет да влезе во рамките на овие рокови. Меѓутоа овие два чекори по природа се покомплицирани, бараат поширок општествен и политички консензус како и повеќе време. Ништо не е страшно ако одредени реформи не може да се имплементираат во предвидениот рок, стапува во сила грес период од 12 месеци кога сигурно ќе имаме можност да ги завршиме сите, кажа Муртезани. Инаку во однос на искористеноста на средствата од Инстументот за раст, односно од Планот за раст и Реформската агенда, тој посочи дека нема можност за нивна блокада, а државата веќе доби, прва од земјите од Западен Балкан, 52 милиони евра како предфинансирање. -Досега како држава сме го добиле само предфинансирањето во износ од 52 милиони евра за реформите со краен рок февруари 2025. На 15 март е испратено барањето за ослободување на 17 милиони евра како награда за спроведените реформи. За тој извештај ЕК има на располагање 90 работни дена и на крај на јули треба да добиеме одговор. Инаку, од 750 милиони евра за три години структурата на финансирање е дел грантови, дел заеми за буџетска поддршка и дел заеми за инвестициони проекти. Сите тие средства што не одат како буџетска поддршка ќе се користат за финансирање на спосокот на 19 проекти кои во моментов чека на одобрување од ЕК. Во првиот момент кога од ЕК ќе добиеме финален документ истиот ќе се стави на увид на јавноста и ќе може да се види каде ќе се искористат тие средства, рече Муртезани.Тагови: ЕУ Македонија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЦрн викенд на македонските патишта – три жртви во две сообраќајни несреќи, седуммина повредени 15:00Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16Трамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11
Сиљановска-Давкова: Нека нишката што ја започнаа браќата Манаки продолжи да се ткае и ткае, со знаење, вештина, храброст....09:16
МакедонијаМицкоски на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси и средба со македонска заедница.Денеска присуствував на литургија во црквата „Св. Кирил и Методиј“ во Њу Џерси, каде што остварив средба и со нашата македонска заедница, напишана својот профил на Фејсбук,премиерот Христојан МицкоскиБлагодарност за топлото гостопримство и за посветеноста со која Македонците во дијаспората ја чуваат врската со татковината. Нашата грижа и поддршка за македонските заедници надвор од Македонија останува силна, затоа што каде и да се нашите луѓе, таму е и дел од Македонија, стои во објавата на Мицкоски. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗабаваФото: Голферка во секси бикини Голф-сензацијата Пејџ Спиранач, која има повеќе од четири милиони следбеници на Инстаграм, ги воодушеви фановите со фотка на која покажа како ужива на сонце во минијатурно бикини. Покрај првата фотографија, Спиранач напиша: „Сега е време за ден покрај базенот“. Потоа, ѕвездата на голфот објави уште една атрактивна фотографија од својот сончев одмор. Таа дефинитивно знае како да го привлече вниманието и да го задржи интересот на своите следбеници за сè што се случува. Сега следи помирен период, бидејќи сите големи турнири за оваа година се завршени. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Шоу бизФото: Српска пејачка во микро бикини Популарната српска пејалка Миа Борисављевиќ изгледа неверојатно во својата петта деценија од животот.Нејзините фотографии во бикини го вжештија интернетот. Мајката на две девојчиња со години одржува завидна линија, а откри и на што посветува посебно внимание. Атрактивната Миа важи за една од најубавите пејачки на сцената и често ги воодушевува своите следбеници со фотографии на социјалните мрежи. Овој пат, таа го привлече вниманието со видео во кое позира во розево бикини и ја покажува фигурата што со години ја одржува. Миа зачекори во петтата деценија од животот, но судејќи според реакциите на нејзините следбеници, годините за неа се навистина само бројка. Миа е мајка на две девојчиња, Ема и Теа, кои ги доби во бракот со својот колега Бојан Грујиќ. Пејачката со години редовно тренира и посветува посебно внимание на исхраната. Како што претходно откри, таа не го прескокнува појадокот и се труди да избира храна што ѝ дава доволно енергија во текот на денот.Тагови: бикини Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook