Мурињо се согласи на емотивна молба од македонски новинар, сите се воодушевени(ВИДЕО)

Жозе Мурињо направи прекрасен гест во најавата за натпреварот на Тотенхем во 3. квалификациско коло од Лигата на Европа, кога неговиот тим ќе игра против македонска Шкендија.

Се чинеше дека сите новинари ги поставија своите прашања,а Мурињо веќе ја напушти собата, но потоа се јави македонски новинар и Португалецот се врати за да го слушне прашањето до крај. Новинарот немал прашање, туку барање. Имено, тој побарал фотографија со Мурињо од многу емотивна причина.

„Мојот покоен татко ми рече пред да почине да ве поздрави ако некогаш ве сретнам. Исто така, би ве молел за фотографија додека играте, тој е вашиот најголем обожавател, па затоа ќе ја врамам таа фотографија и ќе му ја поставам на неговиот споменик“.

Мурињо веднаш се согласил, истакнувајќи дека резултатот од натпреварот нема да зависи од тоа дали ја дал фотографијата или не.

Мурињо ги воодушеви сите со овој потег, а видеото од неговиот одговор стана хит на Твитер.

Хрватска: 1867 нови случаи на Ковид-19

Нов неславен рекорд во Хрватска.

Според официјалните податоци кои се објавени после 10 часот, во Хрватска за последните 24 часа се регистрирани 1867 нови случаи со Ковид-19, додека починале седум лица.

Вчера во Хрватска беа регистрирани 1.563 нови случаи на заразени со коронавирус, а починаа 13 лица.

Македонија го празнува 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба

Македонија денеска го празнува 23 октомври- Денот на македонската револуционерна борба.

Во рамки на годинешното одбележување на празникот Владата организираше положување на свежо цвеќе на споменикот на Гоце Делчев во градскиот парк во Скопје, на настанот присуствуваше владина делегација составена од заменик министерот за финансии, Димитар Ковачевски, заменик министерот за култура, Седат Сулејмани и националниот координатор за воени и полициски ветерани, Стојанче Ангелов.

На спомен куќата на Петар Поп Арсов во Богомила, претпладнево владина делегација предводена од министерката за култура, Ирена Стефоски ќе положат свежо цвеќе.

Билд: Германија се подготвува за вакцинација

Германија се подготвува да започне вакцинација против коронавирусот пред крајот на годината, пишува Бидл.

Министерството за здравство планира да формира 60 посебни центри во кои ќе се изврши вакцинација.

Како што дознава Билд, министерството од 16 сојузни држави побарало да ги достават можните адреси за тие центри до 10 ноември.

Германскиот министер за здравство Јенс Шпан претходно рекол дека очекува дека вакцината против коронавирусот ќе биде подготвена во првиот квартал од следната година. Тој рекол и дека германски „BioNTech“ е близу до одобрување на својата вакцина.

притисни ентер