Мурињо: Победував на „Олд Трафорд“ зошто не би го правел тоа повторно?

Новиот менаџер на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо, денеска изјави дека сака да го врати поранешниот сјај на клубот.

Португалецот најави напад на трофеите веќе во првата сезона по неговото доаѓање во Манчестер.

Мурињо на „Олд Трафорд“ имаше многу успех со Порто, Челзи и Реал Мадрид, поради што верува во продолжување на традицијата, овој пат во улога на домаќин.

- Првиот пат кога бев на овој стадион чувствував како да сонувам. Преку „Олд Трафорд“ ја освоив Лигата на шампионите со Порто, постигнувајќи гол во последните минути. Тука победував и со Реал Мадрид и Челзи, па зошто не би го правел тоа и со Јунајтед пред своите навивачи, истакнува Мурињо.

Тој веќе почна со реконструкција на тимот. Нови играчи на премиерлигашот се Златан Ибрахимовиќ, Хенрик Михтаријан и Ерик Бејли, а најавени се и други засилувања. /МИА

Светските цени на бакарот се највисоки во последните две години

Глобалните цени на бакарот се зголемија на највисоко ниво во последните две години, бидејќи овој метал на берзата Комекс во Њујорк денеска во 13 часот се продаваше по цена од 4,8230 долари за фунта.

Во изминатите два месеци цената на бакарот се зголеми за 28 отсто, покажуваат досегашните податоци на Њујоршката берза.

Историскиот максимум на цената на бакарот во светот е забележан на 4 март 2022 година, кога споменатиот метал се тргуваше по цена од 4,9375 долари за фунта.

УНРВА: Од Рафа досега избегаа 450.000 Палестинци

 Агенцијата на ОН за помош на палестински бегалци (УНРВА) денеска соопшти дека речиси 450.000 луѓе избегале од градот Рафа во јужниот дел на Појасот Газа откако израелската армија навлегла во градското подрачје минатата недела.

„Луѓето се соочени со постојана исцрпеност, глад и страв. Итен прекин на огнот е единствената надеж“, објави УНРВА на платформата Икс.

ОН вчера соопшти дека уште 100.000 луѓе се раселени во северниот дел на Газа.

Израел нареди нови евакуации на северот додека се бори со Хамас, чии борци повторно се појавија во областите кои жестоко ги бомбардираше и во кои е водена копнена офанзива уште на почетокот на војната. /МИА

Најдобрата ракометна судиска двојка, Начевски -Николов кај градоначалникот Ѓорѓиевски

Пред Олимпијадата во Париз, најдобрата ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов кај градоначалникот Ѓорѓиевски  .

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денес оствари средба со најдобрата македонска и светска ракометна судиска двојка, Ѓорѓи Начевски и Славе Николов. По бројните врвни натпреварувања од кои ќе ги спомнеме последните- Светското првенство во Шведска во 2022 година, финалето на СП во 2023 год. во Унгарија, Шведска и Австрија, како и полуфиналето на ЕП во 2024 година во Германија, своевремено најдобра судиска двојка во светот во избор на Светската ракометна федерација (ИХФ), летово ќе ја дели правдата на Олимписките игри во Париз. За Начевски и Николов ова ќе биде четврта Олимпијада, по Лондон, Рио и Токио. Градоначалникот Ѓорѓиевски им го честиташе големиот успех за кој тие недамна од Општина Кисела Вода добија статуетката во форма на клуч која се доделува на сите заслужни жители.

- Големо е моето задоволството што и денес прославуваме уште еден успех на оваа светски призната ракометна судиска двојка. Да се суди на Олимпијада и тоа по четврти пат говори за континуиран квалитет со кој сме горди сите ние, пред се жители на Општина Кисела Вода, но и цела Македонија. Од неодамна и официјално ги прогласивме за наши почесни граѓани и се надевам дека листата со успеси ќе продолжат да ја збогатуваат со уште вакви значајни натпреварувања. Како градоначалник на Општина Кисела Вода, вложувам големи заложби за достоен третман на големите спортски ѕвезди и по официјалното завршување на нивните натпреварувања. Како локална самоуправа се трудиме да го искористиме нивниот потенцијал и тоа најмногу за младите таленти, па така нашите ученици во своите училишта спортуваат со ракометарот Аце Станковски, судијата Славе Николов, како и со поранешниот репрезентативец, ракометарот Кирил Атанасовски-истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

притисни ентер