Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
2Зајкова: Чии функционери спасувавте со Кривичниот законик – сега Брисел ќе го чекате дури ви застаруваат предметите и дури ветувате правда?
Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
2Наскоро треба да се борат во кафез- сите очекуваа кавга, тие страсно се бакнуваа на соочувањето (ВИДЕО)
ЗабаваМурињо незадоволен од раководството на Јунајтед поради недостаток на трансфериМурињо испрати јасна порака до одборот на директори за неговата фрустрација со трансфер политиката на клубот.Менаџерот на Манчестер Јунајтед Жозе Мурињо се изрази исклучително остро поради недостатокот на трансфер активност од страна на „црвените ѓаволи“, откако виде како неговиот тим беше победен со 1:4 од Ливерпул во контролна средба која се играше во Мичиген. Мурињо испрати јасна порака до одборот на директори за неговата фрустрација со трансфер политиката на клубот. Португалецот изјави дека сака да го засили својот состав пред стартот на новата сезона барем со уште две нови засилувања, но призна дека тоа најверојатно нема да се случи. До моментов, Манчестер Јунајтед потпиша со Фред од Шахтјор Доњецк, со Диого Далот од Порто и голман Ли Грант. - Мислам дека нема да ги добијам двете нови засилувања што ги сакам. Се надевам дека се уште можеме да привлечеме барем еден нов играч додека не почне сезоната. Пред неколку месеци ја дадов мојата листа на раководството на клубот и сакав најмалку пет нови играчи. Чекам да видам дали е можно тоа да стане реалност, изјави Мурињо. Тој се опрвада за поразот од Ливерпул со зборовите дека во натпреварот се појавиле многу играчи кои нема да бидат дел од тимот пред стартот на сезоната на 10 август. - Ова не е мојот тим, ниту половина, дури ни 30 отсто, рече Мурињо. Инаку Ливерпул го совлада Манчестер Јунајтед во натпревар од Интернационалниот Куп на шампионите и ја сопре серијата од 6 последователни натпревари без успех над овој противник. Дуелот се одигра пред повеќе од 100.000 гледачи во Мичиген. Садио Мане постигна гол од пенал во 27-та, Даниел Стариџ удвои за „црвените“ во 65-тата минута, Шеј Оџо се запиша од пенал четвртина час пред крајот, а новата аквизиција, Џердан Шаќири, беше прецизен во 82-та минута за тимот од Мерсисајд. Единствениот гол за Јунајтед беше дело на Андреас Переира 31-та минута. На овој начин Ливерпул го заврши учеството во Интернационалниот Куп на шампионите со 2 победи и 1 пораз. Јунајтед има 1 успех и 1 пораз, а допрва треба да игра против Реал Мадрид на 1 август. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗдравјеКлековски се сретна со повредените од „Пулс“Министерот за здравство Сашо Клековски синоќа имал средба со повредените од пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Тој самиот информираше за средбата на неговата фејсбук-страница.– Државата е тука – на долги стази – нагласува Клековски во објавата.тој посочува дека разговарале за нивната состојба, за потребите и за грижата што им е потребна и понатаму. Ги најавив можностите и следните чекори. Со нас беа и д-р Катарина Мирчовска и д-р Гордана Георгиева, од работната група на министерство за здравство, чија цел е оценка, советување, организација и следење на третманите на секој пациент. Тоа е основа за натамошна грижа прилагодена на потребите на секој од нив. На средбата присуствуваше и градоначалникот на Кочани, Вадко Грозданов – додаде министерот во објавата. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ФудбалКристијано Роналдо казнет со 255 евра!Фудбалската федерација на Португалија покрена дисциплинска постапка против Кристијано Роналдо, а тој е и парично казнет поради својот испад. Од федерацијата соопштија дека Роналдо е суспендиран од националниот тим во траење од 30 дена, како и дека е должен да плати 255 евра. Да, добро прочитавте – 255 евра, а не 255 илјади евра. Роналдо, всушност, призна дека ја заслужил казната, но нема сомнеж дека таа е далеку под очекувањата со оглед на инцидентот што го предизвика. Роналдо дебитираше за Португалија во 2003 година, а досега има одиграно 234 натпревари и постигнато 146 голови. Со националниот тим, тој го освои Европското првенство во 2016 година, како и трофеите во Лигата на нации во 2019 и 2025 година.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветТрамп: Време е некој друг да преговара во име на Украина, можна е средба со Путин и Си ЏинпингАмериканскиот претседател Доналд Трамп го обвини украинскиот лидер дека не сака да ја заврши војната. Тој истакна дека Украина, во просек, губи од 25.000 до 35.000 војници секој месец.Москва не гледа можност за завршување на војната без учество на „некој претставник од Киев“ кој е подготвен да „преземе одговорност“, соопштија од Кремљ. Украинскиот преговарачки тим добил сигнал од американската страна за подготвеност за одржување средба, а разговорите би можеле да се одржат во вторник или среда, изјави претседателот Володимир Зеленски. Во меѓувреме, американскиот претседател повторно го обвини Зеленски дека не сака да ја заврши војната и дека не прави многу за да помогне. Тој сугерираше дека можеби е време некој друг да преговара во име на Украина. „Овој конфликт можеше да биде решен уште одамна. Да ме беше послушал – се сеќавате ли како беше во Овалната соба? Ова можеше да се реши уште пред многу време. Време е некој друг да преговара во име на Украина. Можеби е време Украина да номинира некој друг, а не Зеленски, за мировните преговори“, им рече Трамп на новинарите пред Белата куќа. Според Трамп, Русија се однесувала соодветно кон Украина: „Искрено кажано, Русија се однесуваше сосема нормално кон Украина. Не направија ништо што би било надвор од вообичаеното“. Тој најави дека е отворен за разгледување на можноста за трилатерална средба со рускиот претседател Владимир Путин и кинескиот претседател Си Џинпинг. „Би разговарале за нуклеарното оружје и нуклеарното разоружување. Ако претседателот Си сака да се одржи средбата, јас би учествувал“, рече Трамп. Папата Лав XIV го повика украинскиот претседател Володимир Зеленски да соработува со цел да се овозможи достава на хуманитарна помош и евакуација на цивили од Олешки.Тагови: Володимир Зеленски Доналд Трамп Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter