Мурињо ја продолжи војната со британските новинари

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Жозе Мурињо не беше расположен на денешната прес-конференција, која ја закажа во 08:30 часот по локално време пред утрешниот натпревар против Њукасл во Премиер лигата.

Таа траеше само три минути и 32 секунди, откако на половина од шесте прашања тој одговори со по два-три збора или ги остави неодговорени, како што во последно време сака да прави при средбите со медиумите. Со тоа тој ја продолжи војната со медиумите која трае во последниов еден месец.

- Да, нашите резултати не се доволно добри. Знам дека е почеток на октомври и ги гледаме табелите во другите првенства, но многу од нив го одразуваат она што ќе се случи во наредните месеци или на крајот на сезоната. Ние сме во добра позиција, во која можеме да се справиме многу подобро. За тоа ни требаат поени што ги изгубивме во последните два натпревара, каде што имаме само еден од шест, изјави Мурињо утрово.

На прашањето за лошата серија на тимот, Мурињо изјави дека имаат само еден пораз дома во сезоната.

- Точно е, немаме победи дома. Но, имаме само еден пораз на „Олд Трафорд“ во сезоната, само еден пораз во последните седум натпревари. Но не и победи дома во последните три натпревари - три нерешени. Чувството не е исто како при пораз, но тие не носат радост како победите. Значи, важно е да се обидеме да го освоиме утрешниот натпревар, рече Мурињо, кој го дефинира претстојниот натпревар како многу тежок.

Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих во Кан, облечена во фустан со бисери

Актерката Ева Лонгорија блесна на црвениот тепих на Канскиот филмски фестивал. Лонгорија присуствуваше на премиерата на „Kinds Of Kindness“, со Ема Стоун и Џо Алвин во главните улоги.

Таа носеше блескав фустан со бисери и кристали создаден од модниот дизајнер Ели Сааб. Голиот грб и деколтето го истакна со фустанот. Заедно со оваа модна комбинација, Лонгорија реши да ја обликува косата во светли бранови. Таа со својот изглед ги привлече сите погледи и внимание на фотографите.

Лонгорија на премиерата на филмот „Kinds of Kindness“ пристигна во друштво на нејзината колешка, актерката Ајшварија Раи Бачан, која исто така воодушеви од модната комбинација.

Ева привремено се сели во Шпанија со нејзиниот сопруг Хозе Бастон и синот Сантијаго, неодамна објави „ Page Six“.

„Таа ќе поминува многу време таму бидејќи има проекти за целата втора половина од годината“, изјави извор за „Page Six“.

Ева има шпанско државјанство и куќа во Марбела. Нејзиниот сопруг и таа купија викендица таму на почетокот на 2023 година. „Тоа е мојата оаза, мојот рај“, изјави актерката за време на интервјуто за „Hello!“ во јануари 2024.

„Кога не сум тука, работам без престан“, додаде таа.

Извор: Индекс.хр

Ројс го постигна својот 100-ти гол за Борусија на домашен терен во неговиот последен настап

Фудбалерот од средниот ред на Борусија, Марко Ројс постигна гол на денешниот натпревар од 34. коло од Бундеслигата со Дармштад, кој се играше на стадионот „Сигнал Идуна Парк“ во Дортмунд.

Триесет и четиригодишниот фудбалер упати прецизен удар во противничкиот гол во 38. минута од натпреварот. Ова е негов јубилеен, 100. гол на домашните натпревари на Борусија.

Ројс имаше и асистенција на овој натпревар.

Германскиот играч за врска го одигра последниот натпревар со Борусија во Бундеслигата. Тој ќе го напушти тимот како слободен играч во јули. /МИА

Баер го победи Аугсбург и ја заврши сезоната во Бундеслигата без пораз

Баер попладнево оствари домашна победа над Аугсбург (2:1) во натпреварот од 34. коло на германскиот фудбалски шампионат.

За домаќините погодија Виктор Бонифас и Роберт Андрич, голот за Аугсбург беше дело на Мерт Комура.

Избраниците на Чаби Алонсо, кои рано станаа германски шампиони, Бундеслигата ја завршија непоразени, освојувајќи 90 бода. Серијата без пораз на Леверкузен во сите натпреварувања достигна 51 натпревар.

Аугсбург заврши 11-ти со 39 бодови./МИА

притисни ентер