Мурињо и честиташе на Барселона - Канал 5

Мурињо и честиташе на Барселона

Тренерот на сеуште актуелниот шампион Реал Мадрид, Жозе Мурињо им ја честиташе титулата на Барселона, која и официјално е нов првак во Примера по синоќешното реми на „Кралскиот клуб“ со Еспањол.

Мурињо и честиташе на Барселона
- Упатувам честитки до фудбалерите, тренерите и навивачите на Барселона. Сите тие заслужуваат признание за прикажаното сезонава и со право го освоија шампионскиот трофеј, изјави Мурињо по нерешените 1:1 на неговиот Реал Мадрид со Еспањол, јави МИА.

Постигнати резултати на другите завршени натпревари од 35.коло во Примера Дивизија: Леванте – Сарагоса 0:0, Атлетик – Мајорка 2:1, Ваљадолид – Депортиво Ла Коруња 1:0 и Осасуна – Хетафе 1:0.

Денеска играат: Рајо Ваљекано – Валенсија, Бетис – Селта, Атлетико Мадрид – Барселона и Малага – Севиља. Колото ќе биде комплетирано утре со натпреварот Сосиедад – Гранада.

Табела: Барселона 88 бодови (34 натпревар), Реал Мадрид 81 (36), Атлетико Мадрид 72 (35), Сосиедад 58 (34), Валенсија 56 (34), Малага 53 (35),...

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

На 13.11.2026 во 23:10 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода М.Д.(29) од Скопје. 

Претрес во Скопје, пронајдена дрога, лишено од слобода едно лице

При претрес во неговиот дом на подрачјето на Ѓорче Петров во Скопје, извршен со наредба од Основен кривичен суд Скопје, биле пронајдени и одземени марихуана, бела прашкаста материја и дигитална вага. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Движењето ЗНАМ – За Наша Македонија продолжува со средбите со граѓаните низ државата, на кои се презентираат резултатите од изминатите две години работа и придонесот на избраните и именувани функционери од редовите на Движењето.

Димитриевски од Неготино: Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за резултатите на ЗНАМ!

Во рамки на панел-дискусијата под мотото „Две години работа. Две години резултати. Една љубов – Македонија“, која се одржа во Неготино, се обратија претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, координаторот на пратеничката група на ЗНАМ и член на Извршниот одбор, Бобан Карапејовски, директорот на Агенцијата за планирање на просторот, Александар Гелевски, како и државниот секретар во Министерството за земјоделство, сточарство и водостопанство, Надица Џерковска.

Претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски, истакна дека Извештајот на Европската комисија за 2026 година е доказ за напредокот и предизвиците во клучните области од работењето на институциите, посочувајќи дека во областите во кои ЗНАМ има свои функционери е нотиран значаен напредок.

„Резултатите не се мерат според тоа колку гласно зборувате за нив, туку според тоа што навистина сте го направиле. Европскиот извештај е најверодостојниот доказ за оценување на институционалниот напредок, а ЗНАМ преземените одговорности ги преточи во конкретни промени и подобри институции.“ истакна Димитриевски.

Во таа насока, тој се осврна на резултатите во областите на правосудството, јавната администрација и дигиталната трансформација.

Извештајот на Европската комисија нотира напредок во повеќе сегменти, меѓу кои усвојувањето на новиот Закон за Судскиот совет, надградбата на

Информациониот систем за за управување со човечките ресурси и проширувањето на понудата на електронски услуги за граѓаните.

Димитриевски посочи дека ЗНАМ е единствената партија која ги презентира резултатите од работата на своите функционери пред граѓаните, нагласувајќи ја важноста на отчетноста како принцип на политичкото и институционалното дејствување.

„Отчетноста значи да застанете пред граѓаните, да кажете што сте ветиле, што сте реализирале и што останува да се направи. Тоа е суштината на јавната одговорност. Нашите средби не се само осврт на изминатиот период, туку и можност отворено да се разговара за следните чекори и за обврските што ги преземаме“ нагласи претседателот на ЗНАМ.

Димитриевски нагласи и дека активно се спроведуваат активностите предвидени со Акцискиот план за 2026 година на Движењето ЗНАМ, со посебен акцент на организациското јакнење. По формирањето на Клубот на млади, во наредниот период следува и формирањето на Клубот на жени, како дел од планираните активности за развој на партиската структура.

Движење ЗНАМ останува посветено на политиката на отчетност, одговорност и исполнување на преземените обврски, затоа што довербата на граѓаните не се бара со зборови, таа се гради со работа и се оправдува со резултати.

Центар за комуникации и аналитика

ЗНАМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Нафтен танкер се судри со речен крузер во пристаништето во Њу Орлеанс во американската сојузна држава Луизијана.

Судир на танкер и крузер во Њу Орлеанс: Најмалку 32 повредени (ВИДЕО)

Во несреќата се повредени најмалку 32 лица, кои се пренесени в болница.

Американските медиуми пренесуваат дека крузерот „Американ Херитиџ“, кој пловел по реката Мисисипи, пристигнал во пристаништето во Њу Орлеанс и патниците почнале да се симнуваат од него, кога од засега не познати прични во бродот танкер за нафта.

По сударот, крузерот, на кој имало 129 патници и околу 20 членови на екипажот, се превртел. Спасувачките екипи успеале да ги извлечат сите патници.

Хелена Морено, градоначалничка на Њу Орлеанс, на прес-конференција изјави дека сите се спасени.

„Од нив, 32 лица се пренесени во болница, но никој од нема критични повреди“, изјави Морено, нарекувајќи го настанот „чудото на Мисисипи“.

Крајбрежната стража на САД соопшти дека дел од реката е затворен за секаков вид пловен сообраќај.

Не е познато како дошло до несреќата. Гувернерот на Луизијана, Џеф Лендри, изјави дека е во тек „активна истрага“ за судирот.

„Сакаме да се осигураме дека оваа истрага ќе биде спроведена темелно и дека точно ќе дознаеме што се случило, за да можеме да ги решиме проблемите и да гарантираме дека Мисисипи ќе остане многу безбедно место“, истакна Лендри.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер