Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
1Мадрид и Казабланка го посакуваат финалето на Светското првенство во 2030, но и Барселона има свој адут
ФудбалМурињо го има најлошиот сезонски старт во кариератаПортугалскиот стратег Жозе Мурињо не го криеше разочарувањето од катастрофалниот почеток на сезоната во италијанското првенство, откако Рома синоќа загуби од Џенова и го претрпе третиот пораз во шестиот натпревар.Рома загуби со 1-4 на гостувањето во Џенова, која ја забележа првата победа во меѓусебните дуели по пауза од девет години. По воведните шест кола во Серија А, Рома е на 16 место со само пет бодови, што го става под голем притисок тимот кој под водство на Мурињо ја освои Конференциската лига во 2022, а минатата сезона загуби во финалето на Лига Европа од Севиља. „Вистина е дека ова е најлошиот почеток на сезона за Рома и за мене како тренер, но исто така е вистина дека Рома никогаш во својата историја немала можност да игра европски финалиња две години по ред“, рече Мурињо. Рома в недела ја очекува нов предизвик во Серија А против Фросиноне на домашен терен. „Ова е екипата која ја имаме и во добро и во лошо. Мораме да одиме напред, немаме време за жалење“, посочи португалскиот тренер. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
Црна хроникаТројца малолетници од Скопје предизвикале пожар во парк шумата Гази Баба, уапсени се Лишени од слобода тројца малолетници од Скопје поради предизвикување пожар, следува пријава.На 04.10.2026 во парк шума Гази Баба во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје лишија од слобода тројца малолетници од Скопје, постапувајќи по претходна пријава дека предизвикале пожар при што била опожарена сува трева. Од Бригадата за противпожарна заштита пожарот бил изгаснат, а по целосно документирање на случајот Единицата за внатрешни работи Гази Баба при СВР Скопје ќе поднесе кривична пријава поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“ по член 288 од Кривичниот законик, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОбвинителството ги оспорува заклучоците на вештакот ангажиран од д-р Нино Васев Во Кривичниот суд продолжи судењето за предметот „Онкологија 1“. Денеска во Кривичниот суд беше испрашуван вештакот Владимир Даниловски, вешто лице ангажирано од страна на одбраната.Неговите заклучоци за терапијата на онколошките пациенти беа оспорени од обвинителството на денешното вкрстено испрашување. На судењето кое се води против поранешниот директор на Клиниката за онкологија, Нино Васев, и уште двајца онколози, обвинети за несовесно лекување пациенти, обвинителството поставуваше прашања за дозирањето и третманот на конкретни онколошки пациенти со лекови и терапија за кои, како што нагласи вештото лице, се произнесува во своето вештачење и наведува дека се дадени согласно европските протоколи и се во насока на тоа да се види стручноста на ова вешто лице. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЗајакнати акциски контроли за брзо возење – констатирани 628 прекршоциНа 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли .На 04.10.2026 година, во периодот од 14:00 до 20:00 часот, на територијата на целата држава, Секторот за сообраќајни работи при Министерството за внатрешни работи спроведе зајакнати акциски контроли насочени кон санкционирање на возачите кои управуваат возило со брзина поголема од пропишаната. При спроведените контроли констатирани се вкупно 628 прекршоци. Од нив, 344 прекршоци се констатирани кај возачи кои ја надминале дозволената брзина надвор од населено место, додека 284 прекршоци се однесуваат на возачи кои ја надминале пропишаната брзина во населено место. За сите констатирани прекршоци преземени се соодветни мерки и изречени се санкции согласно законските прописи. Во текот на контролите констатирани се и 66 прекршоци од друг вид. Министерството за внатрешни работи продолжува со зајакнатите сообраќајни контроли на целата територија на државата, со цел зголемување на безбедноста на сите учесници во сообраќајот и намалување на ризиците предизвикани од непочитување на ограничувањата на брзината, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook