Мултипла склероза е болест на младата популација, потребен е правилен пристапат во третман - Канал 5

Мултипла склероза е болест на младата популација, потребен е правилен пристапат во третман

Идните доктори и специјалисти по неврологија потребно е проблемот со Мултипла склероза (МС) сериозно да го сфатат, да размислуваат за болеста, да знаат дека е болест на младата популација.

Мултипла склероза е болест на младата популација, потребен е правилен пристапат во третман

Идните доктори и специјалисти по неврологија потребно е проблемот со Мултипла склероза (МС) сериозно да го сфатат, да размислуваат за болеста, да знаат дека е болест на младата популација, како и една од главните причини за инвадилитет кај младата популација после траумите, вели д-р Иван Кузмановски од ЈЗУ Универзитетска клиника за неврологија – Скопје.

На денешниот настан за едукација на идните доктори за Мултипла склероза во организација од Македонската Медицинска Студентска Асоцијација (ММСА) во соработка со Националното Здружение за Мултипла Склероза што се одржа на Медицинскиот факултет, д-р Кузмановски посочи дека во последно време болеста има значително подобар третман и се подобрува квалитетот на животот кај пациентите со МС.

Во однос на бројката на лица кои имаат МС во земјава, д-р Кузмановски вели дека на Клиниката за неврологија има околу 1450 регистрирани пациенти.

– Клиниката за неврологија, како центар за третирање на МС на ниво на цела држава регистрира 1450 пациенти, а бројката е нешто поголема. Статистиката покажува дека таа треба да биде барем двојно поголема. Само што се стави во употреба новиот регистар за пациенти со МС, во наредните година до две очекуваме да ги регистрира сите пациенти со МС, додаде тој.

Голем напредок се забележува и во третманот на Мултипла склероза во последните десет години.

– Третманот на таа активна агресивна потешка форма на мултипла склероза е значително подобрен со поефикасни лекови и со тоа да овие пациенти живеат релативно нормален живот, изјави д-р Кузмановски.

Ана Карајанова-Димитрушева, претседателка на Националното Здружение за Мултипла Склероза вели дека постојано се трудат да го подобрат на секој начин квалитетот на животот на лицата со МС.

– Не само околу лековите, туку и околу другите третмани како физикална терапија, исхрана, едукација. Овој настан е организиран во рамки на националните денови на МС и е насочен е кон студентите и специјализанти од причина што нашите сегашни доктори и врвни специјалисти ќе одат во пензија. Меѓутоа болеста не се пензионира и од таа причина гледаме да вложиме напори и да се едуцираат и самите млади доктори во иднина да знаат што е МС, вели Карајанова-Димитрушева.

Додаде дека од големо значење е и едукацијата на матичните лекари, бидејќи со рана детекција на МС се придонесува кон рано дијагностицирање и терапија, а со тоа се спречува прогресијата на болеста. Од таа причина, таа вели дека е потребно матичните лекари да знаат како да ги детектираат почетните симптоми.

Мултипла склероза (МС) е една од најчестите невролошки нарушувања и причини за инвалидитет кај младите возрасни лица. Таа е хронична, прогресивна, имунолошки посредувана, воспалителна и дегенеративна болест на централниот нервен систем (ЦНС). Настанува кога имуниот систем ја напаѓа обвивката на нервните клетки (миелин) во мозокот, ’рбетниот мозок и оптичките нерви, предизвикувајќи воспаление и последователна дегенерација.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено

СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози.

ФРЕКВЕНЦИЈА: Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ВНИМАТЕЛНО: АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

СЕЗОНСКИ РЕЖИМ НА СООБРАЌАЈ: Од 15 Април, патниот правец Охрид – Ресен преку националниот парк Галичица е отворен за сообраќај за сите видови возила до 3,5 тона.

РАБОТИ НА ПАТ:

Од 10:00 часот на 13.10.2026 на патниот правец А1 делница Прилеп – Кавадарци во делот Беловодица –Тројаци се воведува времен режим на сообраќај со наизменично пропуштање на возилата заради градежни активности и ќе биде во сила се до завршување на истите.

Од 30.09.2026 г. се изведуваат градежни активности на Државен пат А2 делница Гостивар – Кичево, конкретно на мост бр. 63 Мост на река Тајмишка. За таа цел се применува времен режим на сообраќај и ќе трае додека не се завршат предвидените градежни работи согласно договорот за санација.

Градежен институт Македонија известува дека од 29.09.2026год. се воведува времен режим на сообраќајот на регионален пат Р1201, делница Струга – Дебар при реконструкција на инекциона завеса на брана „Глобочица“. Времениот режим на сообраќај ќе се изведува согласно одобрен основен сообраќаен проект. Времетраењето на времената измена на режимот на сообраќајот ќе биде се до завршувањето на активностите.

МИСА МГ ДОО известува дека од 24.09.2026год. до 15.04.2027год. се воспоставува времен режим за сообраќај на државниот пат А1 делница Гевгелија – ГП Богородица односно од исклучувањето за Гевгелија до ГП Богородица, автопатот ќе биде затворен за сообраќај и истиот ќе се пренасочува на спротивната страна на автопатот, т.е. од ГП Богородица кон Скопје собраќајот ќе се одвива во две насоки. Исто така и на клучката на Гевгелија сообраќајот ќе се одвива под времен режим.

ВИА ДОО Вевчани известува, поради реконструкција на граничниот премин Делчево, од 09.09.2026 воведен е времен режим на сообраќај. За целото времетраење на градежните работи граничниот премин ќе фунционира непрекинато и сообраќајот ќе се одвива нормално.

Од 06.07.2026 г. започна времена измена на сообраќајот при санација на мост на река Брегалница на Р1204 во Штип и ќе трае до завршувањето на санацијата.

Од 12.09.2025 започната е градежната активноста – санација на свлечиште на регионален пат Р1202 делница Косоврасти – Мелнички Мост, односно воспоставена е времена измена на режимот на сообраќај до завршување на активностите.

Според известување од Виадукт Треј Дооел – Гостивар, како дел од изведбата на Коридор 10Д, во тек е важност на времен режим на сообраќај на патен правец Прилеп – Битола, каде ќе се пренасочи движењето на возилата по регионалниот пат Прилеп – Битола, од делот од клучка Лагово до Тополчани.

Времена измена на режим на сообраќај на регионален пат Р1306 делница Прилеп-Крушево -Сладуево, заради започнување со градежни активности во врска со проект Санација на оштетувања на регионален пат Р 1306 делница Прилеп-Крушево-Сладуево, во вид на слегнувања на трупот на патот на стационажа од км 15+100 до км 15+600. Заради тоа од 16.12.2024 год. па се до завршување со градежни активности ќе се изврши целосно затворање на делницата во потег од Мало Коњари до Кривогаштани. При тоа сообраќајот ќе се одвива по друга делница во склоп на поставената сообраќајна сигнализација, согласно Одобрение за времена измена на режим сообраќај и Сообраќаен проект.

На патниот правец ГП Блаце – Скопје се изведуваат градежни активности на неколку делници. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и соорбаќајот се одвива според одобрен времен режим.

На патниот правец Кичево – Охрид, поради градежни работи на повеќе делници, сообраќајот се одвива со девијации. Поставена е соодветна сообраќајна сигнализација и затоа препорачуваме строго почитување на истата и прилагодена брзина на движење.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Денеска нови цени на горивата

Регулаторната комисија за енергетика денеска ќе ги соопшти новите цени на горивата.

Денеска нови цени на горивата

Нафтата Брент во петокот ја заврши трговската недела на 116,72 долари за барел, со неделен раст од околу шест проценти. Американската нафта достигна 103,27 долари. Според Ројтерс, поскапувањето е поттикнато од нападите врз енергетската инфраструктура во Саудиска Арабија и стравувањата од прекини во снабдувањето од Блискиот Исток.

Дали и за колку ќе поскапат одделните горива ќе покаже новата пресметка на РКЕ, која ги зема предвид берзанските цени на нафтените деривати и курсот на доларот.

Минатата недела бензините поевтинија за 2,50 денари, додека дизелот поскапе за два денари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Муцунски: Искрени честитки до граѓаните на Србија

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски  упати честитки до победниците на парламентарните избори во Србија.

Муцунски: Искрени честитки до граѓаните на Србија

„Искрени честитки до граѓаните на Србија за успешно спроведените парламентарни избори, а особено до победниците за постигнатиот изборен успех!

На претставниците на Студентската листа им посакуваме многу успех во преземањето на одговорноста и исполнувањето на очекувањата на граѓаните.

Македонија останува цврсто посветена на натамошното продлабочување на нашето пријателство и добрососедските односи, во интерес на заедничката европска иднина и просперитетот на целиот регион.“- напиша Муцунски на „X“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер