Мухиќ: На 27 април како да имаше команден штаб

Со сослушување на нови сведоци продолжи судењето за настаните од 27 април во македонското Собрание.Најголем интерес предизвика сведочењето на пратеникот Ферид Мухиќ, кој критичниот ден беше директно вклучен во изборот на Талат Џафери. 

По сведочењето на претеникот Ферид Мухиќ и вработениот во Собранието Сашко Коцевски рочиштето за настаните во Парламентот за 27ми април се одложи затоа што му се слоши на обвинетиот Мумир Пепиќ, по што со возило од итната помош беше пренесен во болница.

Прв сведочеше Коцевски кој во Собранието го регулира системот за електронско гласање. Тој детално ги опиша настаните на 27ми април минатата година и потенцираше дека е член на ВМРО ДПМНЕ.

Раскажа дека тогашниот спикер Трајко Велјановски ја прекинал седницата во 18 часот, а слушнал како неколку пратеници од ВМРО ДПМНЕ меѓу себе зборуваат дека не смее да се избере нов претседател на Собранието. Коцевски и неговите колеги се криеле во техничката режија од каде што се вршат телевизиските преноси, а излегле надвор од објектот по два часа со помош на собраниското обезбедување.

Тој посочи дека до 20ти март учествувал и на протестите За заедничка Македонија, на кои на мирен начин се протестирало против тиранската платформа .Втор сведочеше пратеникот Мухиќ, кој се криел во една галеријата во прес центарот. Рече дека од луѓето кои ги слушал дошол до заклучот дека биле договарани од команден центар.

Во текот на рочиштето, адвокатот на Јохан Тарчуловски, побара изземање на судијката Добрила Кацарска поради сомнение дека таа е во роднинаска врска со некој од оштетените. Ова барање беше одбиено од претсеателот на судот Џолев под образложение дека во оваа постапка никој не се сослушува како оштетен.

Фото: Деколтетот на Емили

Една од најубавите жени на светот, 32 годишната манекенка Емили Ратајковски неодамна присуствуваше на настанот „The King's Trust Global Gala“ во Њујорк, а за таа прилика избрала смел стајлинг.

Како што може да се види од фотографиите, атрактивната манекенка на гламурозниот настан блеснала во свилен фустан во беж боја со едноставен крој и длабоко деколте, кое ги истакна нејзините бујни гради.

Благодарение на оваа облека, Емили беше ѕвезда на црвениот тепих.

Фото: Нова провокација од екс девојката на фудбалерот Дос Сантос

Старлетата Аманда Тривизас се најде на насловните страници на сите медиуми во светот благодарение на „случајната“ интимна објава на мексиканскиот фудбалер Џонатан дон Сантос.

По „случајуната“ експлицитна објава атрактивната Аманда стана многу популарна на Инстаграм.

По серијата провокативни фотки со кои редовно ги радува своите следбеници, Аманда сега се надмина себе си.

На нејзиниот Инстаграм профил се појавија нови, никогаш пожешки слики!

Челси повторно тргнува по Виктор Осимен

 Фудбалскиот клуб Челси е заинтересиран за напаѓачот на Наполи и нигериски репрезентативец Виктор Осимен, објавија денеска италијанските и британските медиуми.

Осимен (25) е член на Наполи од 2020 година, а со клубот од Неапол има договор до 30 јуни 2026 година, а минатото лето интерес за него покажаа Пари Сен Жермен и Барселона.

Италијанските медиуми пренесуваат дека претставници на Челси започнале преговори со раководните лица на нигерискиот напаѓач, како и со раководството на Наполи.

-Воспоставени се контакти помеѓу Челси и Наполи. Оттаму планираат да му платат на Осимен меѓу 80 и 90 милиони евра и да го испратат Ромелу Лукаку и уште еден помлад играч во Наполи, тврди извор близок до челниците на „сините“ за „Скај Спортс“.

Осимен со Наполи ја освои титулата во Серија „А“, а оваа сезона одигра 29 натпревари и постигна 16 голови.

Италијанските медиуми потсетуваат дека претседателот на Наполи, Аурелио де Лаурентис неодамна изјавил дека планира да го продаде Осимен, бидејќи нигерискиот напаѓач ја одбил понудата за продолжување на договорот до јуни 2028 година.

притисни ентер