Мухамед е најпопуларно име за новородени во Англија и Велс - Канал 5

Мухамед е најпопуларно име за новородени во Англија и Велс

Името Мухамед е најпопуларниот избор за момчиња во Англија и Велс во 2023 година, со повеќе од 4.600 деца регистрирани со името.

Мухамед е најпопуларно име за новородени во Англија и Велс

Истото име е во топ 10 од 2016 година, но сега го надмина претходно најпопуларното име Ноа, открива Канцеларијата за национална статистика (ONS), јавува Би-Би-Си.

Сепак, постојат регионални разлики, па името Мухамед не влезе во топ 10 за три региони во Англија. Други варијанти, како Мухамед и Мохамад, исто така се најдоа на топ 100 листата.

ONS смета дека секоја варијација е посебна, а различните форми на името Мухамед биле популарни и претходните години.

Оливија останува најпопуларниот избор за имиња за девојчиња, а потоа Амелија и Исла. Овие први три останаа непроменети од 2022 година.

Новите фаворити на листата се Лајла, Раџа, Хејзел, додека на листата на 100 најпопуларни имиња за момчиња се и Џекс, Енцо и Боди.

ONS соопшти дека поп-културата „продолжува да влијае на изборот на имиња“, наведувајќи ги пејачките Били Ајлиш и Лана Дел Реј, децата на Кардашијан-Џенер, Рајн и Сен, и филмските ѕвезди Маргот Роби и Силијан Марфи.

Подемот на популарноста го забележаа и други имиња на музички уметници, како Мајли, Ријана, Кендрик и Елтон.

Кралските семејни имиња се помалку популарни минатата година, што е „дел од трендот“ кој трае веќе некое време.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“

Претседателот на Комисијата за локална самоуправа Драган Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“.

Ковачки на средба со претставници од „Конрад Аденауер“

Денеска во Собранието се одржа средба меѓу претседателот на Комисијата за локална самоуправа, Драган Ковачки, и заменик-раководителот за меѓународна соработка на Фондацијата „Конрад Аденауер“, Флоријан Фејерабенд, како и претставникот на Фондацијата, Даниел Браун. На средбата присуствуваа и пратеничките Иванка Василевска и Драгана Бојковска.

На средбата, Ковачки изрази благодарност за континуираната и недвосмислена поддршка што Фондацијата „Конрад Аденауер“ ѝ ја дава на нашата држава во изминатите години. Воедно, тој се осврна на предизвиците со кои се соочуваше државата во изминатиот период, како и на оние што претстојат, нагласувајќи ја важноста на соработката со меѓународните партнери.

Посебен акцент на разговорите беше ставен на процесот на европска интеграција на нашата држава, актуелната геополитичка состојба на Западен Балкан и односите меѓу земјите во регионот. Беше дискутирано и за отворените прашања со Република Бугарија, при што беше истакнато дека стратешка цел на нашата држава останува членството во Европската Унија. Европската перспектива е од суштинско значење за стабилноста, просперитетот и обезбедувањето подобра иднина за идните генерации.

Од своја страна, Даниел Браун изрази благодарност за гостопримството и досегашната соработка со нашата држава. Од страна на високите претставници на високите претставници на германската фондација беше потврдена нивната подготвеност за продолжување на соработката и во иднина преку нови работилници, експертски програми и специјализирани обуки кои ќе придонесат за јакнење на институциите и на парламентарната демократија.

Соговорниците се согласија дека местото на нашата земја е во Европската Унија и дека европската интеграција останува приоритет. Средбата заврши во конструктивна атмосфера, со заемно изразена подготвеност за продолжување на дијалогот и зајакнување на соработката, соопштуваат од Собранието.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Скандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)

Белгиската полиција започна истрага откако навивачите се побунија на натпреварот од Лигата на шампионите помеѓу Клуб Бриж и Ленс. 

Скандал во Лигата на шампионите: Со факели гаѓаат лица со инвалидитет (ВИДЕО)

За време на натпреварот, кој Бриж го доби со 3:0, гостинските навивачи запалија голем број факели и ги фрлија кон домашните сектори на стадионот „Јан Брејдел“. На францускиот клуб сега му се заканува сериозна казна од УЕФА.

Дел од пиротехничките средства беа фрлени и на трибината наменета за лица со посебни потреби, а во инцидентите беше повреден еден полицаец од Ленс, на кого му беше помогнато на стадионот. Поради нередот, натпреварот беше накратко прекинат.

Полицијата ги прегледува снимките

Полицијата во Бриж спроведува темелна истрага, а нивната специјална фудбалска единица ќе ги прегледа снимките од безбедносните камери за да ги идентификува одговорните, објавува белгискиот „Хет Ниусблад“. Портпаролката на полицијата потврди дека по анализата ќе биде составен официјален извештај. Никој не е уапсен на стадионот бидејќи полицијата проценила дека обидот за апсење во средината на немирите би можел да предизвика ескалација на конфликтот.

Интересно е што немаше инциденти пред натпреварот. Натпреварот беше прогласен за висок ризик, но пристигнувањето на француските навивачи, кои беа придружувани до стадионот со придружувани автобуси, беше мирно.

Ленс веќе е на условна казна

За Ленс, ситуацијата е дополнително комплицирана бидејќи веќе има условна казна од УЕФА поради претходните навивачки немири. По употребата на пиротехнички средства на патот кон Славија во Прага во септември, клубот беше казнет со 15 илјади евра. Исто така, му беше изречена условна забрана за продажба на билети на своите навивачи за еден гостувачки европски натпревар.

Поради новите инциденти во Бриж, на францускиот клуб му се заканува активирање на таа забрана, како и дополнителни дисциплински мерки. Конечната одлука ќе ја донесе УЕФА по прегледот на извештајот од натпреварот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој (ЕБОР), на која разговаравме за можностите за унапредување на соработката и поддршката на развојните приоритети на државата.

Мицкоски: Одржав средба со Одил Рено-Басо, претседателка на Европската банка за обнова и развој

Продолжуваме со посветена работа на создавање услови за нови инвестиции, реализација на значајни инфраструктурни проекти и забрзување на економскиот развој, со цел подобрување на квалитетот на живот на граѓаните, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер