Муцунски: За Османи, проблемот не е во моделот, проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата - Канал 5

Муцунски: За Османи, проблемот не е во моделот, проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска упати критики до неговиот претходник Бујар Османи, нагласувајќи дека има двојни политички стандарди.

Муцунски: За Османи, проблемот не е во моделот, проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска упати критики до неговиот претходник Бујар Османи, нагласувајќи дека има двојни политички стандарди, додека е на власт се однесува европски, а кога е во опозиција го користи прашањето за соживотот за да поттикне поделби.

-Интересно е како некои личности, кога се на власт, се прогресивни Европејци, а штом ќе дојдат во опозиција, одеднаш стануваат апостоли на дестабилизација и поделби. Османи беше дел од власт во која Македонците беа малцинство – и тоа не му пречеше. Напротив, одлуки се носеа и во Владата и во Собранието без македонско мнозинство – и сè беше во ред, демократски, европски. Но денес, кога постои јасно демократско мнозинство, кога народот – независно од етничка или било каква друга припадност – избра промени, тоа (според него) станува „проблем за соживот“, објави Муцунски на Фејсбук.

Тој нагласи дека за Османи, проблемот не е во моделот – проблемот е што ДУИ повеќе не е на масата.

-Ние, во меѓувреме, работиме да ја поправиме штетата што ја оставивте – дома и надвор. Со работа, со принципи, со почит. Не со закани и манипулации. Демократијата не е валидна само кога сте дел од власта. А граѓаните веќе го кажаа своето – јасно, на избори, вели Муцунски.

Шефот на дипломатијата нагласува дека тој верува во соживот, дијалог и иднина засновата врз еднаквост.

-Јас верувам во соживот, во дијалог, и во иднина изградена врз вредности, еднаквост и напредок. За разлика од него, секогаш сум работел на обединување – затоа што сакам да живееме во држава што ги поврзува луѓето, не ги дели. Во држава што гради, не руши. Современа. Самоуверена. Европска, додаде Муцунски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Трамп ја нападна одлуката на Конгресот за ограничени овластувања против Иран: Не сте патриоти

Американскиот претседател Доналд Трамп остро ја нападна резолуцијата на Претставничкиот дом со која се бара ограничување на неговите овластувања за започнување воена акција против Иран, нарекувајќи го гласањето „бесмислено“, а потегот „непатриотски“.

Трамп ја нападна одлуката на Конгресот за ограничени овластувања против Иран: Не сте патриоти

Резолуцијата, усвоена од Претставничкиот дом, контролиран од републиканците, ја ограничува можноста на Трамп да започне понатамошни напади врз Иран, освен ако Конгресот не објави војна или формално не одобри употреба на воена сила.

Трамп: Непатриотски потег среде преговорите

Во објава на социјалната мрежа Truth Social, Трамп рече: „Вчера Претставничкиот дом гласаше со бесмислено гласање за ограничување на моите воени овластувања, а четворица лоши републиканци и сите „глупави и поглупави“ гласаа за тоа.

И ова во средината на моите последни преговори за завршување на војната со Исламската Република Иран“. „Кој би направил нешто толку непатриотско? Тие знаат каде се преговорите“, додаде тој. Тој ги обвини своите политички ривали дека дејствуваат од лична нетрпеливост.

„Демократите се водени од синдромот на Трампово растројство. Тие би сакале нашата земја да пропадне отколку јас да забележам уште една победа, од многуте“, тврдеше тој, осврнувајќи се на своите сопартијци кои гласаа против него: „Четирите републиканци, тоа е сосема друга приказна - тие бараат внимание! Треба да се засрамат. МАГА!!!“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Словенија доби нова влада, по четврти пат Јанша е премиер

Словенечкиот парламент на вонредна седница го потврди министерскиот тим на премиерот Јанез Јанша, со што ја избра новата словенечка влада.

Словенија доби нова влада, по четврти пат Јанша е премиер

Дебатата, која започна во 9 часот наутро, требаше да трае осум часа.

Сепак, на самиот почеток на седницата се случи пресврт: движењето Свобода побара претседателот на Парламентот Зоран Стевановиќ да се извини, што тој го одби. После тоа, седницата беше накратко прекината, објавува 24ur.com.

Од присутните 79 пратеници, 49 гласаа „за“, а 30 „против“, објавува Дело.

Новиот владин тим, предложен од лидерот на Словенечката демократска партија (СДС) Јанез Јанша, вклучува 15 министри. Меѓу коалициските партнери, најмногу министерски позиции, седум, доби СДС, четири Нова Словенија (НСи), три Демократите, една Фокус, додека Словенечката народна партија (СЛС) остана без својот министерски кандидат.

На првата седница на владата се очекуваат и првите потези на новата извршна власт. Судејќи според практиката од претходните години, може да се очекува дека на седницата ќе се случат и одредени кадровски промени, на пример на позицијата директор на Словенечката разузнавачка и безбедносна агенција (СОВА), на владината служба за комуникации, а можеби и на директорот на полицијата. Се очекува Јанез Стушек да се врати на чело на СОВА, додека Себастјан Јеретич ќе ја преземе владината комуникација. Според медиумските извештаи, Дамир Иванчиќ се споменува како наследник на Дамјан Петрич на врвот на полицијата.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ДКСК отвори предмет за ревизорските наоди за злоупотреби на државни пари во ИЈЗ

Државната комисија за спречување на корупцијата по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.

ДКСК отвори предмет за ревизорските наоди за злоупотреби на државни пари во ИЈЗ

Државната комисија за спречување на корупцијата денес, на колегиум, постапувајќи согласно своите надлежности утврдени со Законот за спречување на корупцијата и судирот на интереси, по сопствена иницијатива отвори предмет во врска со наодите содржани во ревизорскиот извештај на Државниот завод за ревизија, а кои се однесуваат на Институтот за јавно здравје.

Предметот е отворен поради потребата од проверка на наводите изнесени во јавноста и медиумите, како и согледување на евентуални ризици од корупција, судир на интереси, злоупотреба на службена положба или други неправилности во работењето, во рамките на надлежностите на ДКСК.

ДКСК ќе ги преземе сите потребни дејствија за прибирање и анализа на релевантната документација и информации од надлежните институции, со цел утврдување на фактичката состојба.

За понатамошниот тек на постапувањето, јавноста ќе биде навремено информирана.

Државна комисија за спречување на корупцијата

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер