АХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казни
Преставниците на ЗНАМ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција
1АХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казни
2Преставниците на ЗНАМ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција
3Грабеж во Академијата за судии и јавни обвинители- си исплаќале дневници и прекувремени, си точеле бензин со картички во приватни возила...
МакедонијаМуцунски утре на министерски состанок за Коридор VIII во ТиранаМуцунски учествува на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали. Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утре во Тирана, ќе учествува на министерскиот состанок „Коридор VIII во стратешкиот момент на Европа: Поврзаност, отпорност преку воена мобилност и споделен просперитет преку интеграција“. Муцунски учествува на покана на министерката за Европа и надворешни работи на Албанија, Елиса Спиропали. На состанокот, како што информираат од Министерството, ќе стане збор за актуелните инфраструктурни проекти што во моментов се операционализираат долж Коридор VIII, како и за предизвиците со кои се соочуваат земјите, а за чие надминување е неопходно засилено политичко внимание. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаАХВ за две години-Спречен влез на стотици тони небезбедна храна, вратени пратки од граница и изречени илјадници казниНад 360 тони небезбедна храна било спречено да стигнат до трпезите на граѓаните во текот на изминатите две години.Над 360 тони небезбедна храна била спречена да стигне во продажба на македонскиот пазар, во изминатите две години, информраше директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство, Оливер Миланов, на одбележувањето на 15-годишнината од постоењето наАХВ и на Светскиот ден на безбедноста на храната. минатата година АХВ ја заокружила со спроведени над 47.200 надзори, а за утврдените прекршоци изречени биле 6.770 инспекциски мерки. Во однос на последниот скандал со млекарниците поврзан со контролите кјај 10 оператори но и укажувањата на експертите дека се потребни построги казни како гаранција за квалитет и безбедност на млечните производи. Миланов појасни дека ќе направат дополнителни контроли, со цел да се открие колку време траела праксата со проблематичните производи.тој најави дека ке се засилат контролите и кај месните производи. И во следниот период ќе продолжат интензивните конторли од страна на ахв.. Од Агенцијата ги повикаа граѓаните да пријават доколку забележат сомнителни активности на субјектите кои работат со храна, затоа што, како што велат оттаму, безбедната храна не била привилегија, туку основно право на секој граѓанин. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПреставниците на ЗНАМ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкцијаОд Движењето „За наша Македонија“ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција, но не исклучуваат можни персонални промени. Од Движењето „За наша Македонија“ очекуваат да ги задржат ресорите правда и јавна админстрација и по владината реконструкција, но не исклучуваат можни персонални промени. Велат задоволни се од работата и на Минчев и на Филков, но дека присуството на ЗНАМ во Владата не зависи од пероналниот состав на луѓето кои се дел од Извршната власт. Токму името на минстерот за правда Филков е едно од имињата кое наголемо се споменува во јавнсота дека ќе биде опфатено со реконструкцијата, но од ЗНАМ велат дека офцицијалните преговори се уште не се започнати. „Органите и телата на ЗНАМ напавија евалуација на работата на сите јавни функционери од ЗНАМ и генерално ние сме задоволни од нивниот учинок во делот на спроведување на валдината програма. Нашиот мерит систем покажа дека нити еден јавен функционер не отстапува од програмските определби на владата. Не очекувам никакви измени во делот на ресорите на од страна на ЗНАМ. Консултации се вршат на дневна основана лидерско ниво меѓу Максим Димитриевски и Мицкоски, но официјалните преговори меѓу преговарачките тимови ќе започант негде кон средината на јуни“ – Никола Мемов, портпарол на ЗНАМ. Започнуавње на преговори за промени во владините ресори во наредните денови најави и копрестедателот на Вреди, Изет Меџити. „Деновиве треба да седнеме и разговараме за принципите и дали ќе одиме со промена на ресори, имиња и така натаму“– Изет Меџити, копретседателот на ВРЕДИ. Кој минситри ќе бидат опфатени со реконструкцијата и дали ќе има рокади како што најави премеирот Мицкоски ќе биде познато до крајот на месецов. Промени најверојатно ќе има во Министерството за социјална политика откако Фатмир Лимани и јавно кажа дека им се разделија патиштата со Вреди, но неофицијално е можно премиерот да го ротира на функцијата на Иван Стоилковиќ во министерството за односи меѓу заедниците. Се шпекулира и дека ВМРО-ДПМНЕ и Вреди ќе си ги заменат здравство и образование, но од Вреди тврдат дека засега одлука за овие ресори нема. Изпразнето остана и вицепремиерското место за добро владеење во Владата по оставката на Арбен Фетаи, а засега неизвесно е кој ќе го замени и дали ресорот ќе остане во рацете на Вреди. Фетаи, пак според информациите на Меџити ќе биде назначен за специјален претставник на владата во Брисел. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиРазбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00Кривичниот суд одреди 30 дена притвор за Стефан Богоев и други три лица10:2730 дена притвор за четворицата обвинети за тендерот во Царина, меѓу кои Стефан Богоев22:53Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22Екс директорот на Царина, Стефан Богоев во Кривичен суд поради злоупотреби на јавни набавки 18:20
Разбиена шема за нелегално посвојување - мајка го продала бебето за 500 евра, кривична за шест лица15:00
Обвинителството бара притвор за четворицата, меѓу кои и Стефан Богоев- можна е вмешаност и на други лица 20:22
МакедонијаГрабеж во Академијата за судии и јавни обвинители- си исплаќале дневници и прекувремени, си точеле бензин со картички во приватни возила...Пари за седници без присуство, гориво за приватни возила, сомнителни исплати и јавни набавки..Не оделе на седници, а земале пари, се пробивале рокови за обуки на идни судии кои буџетот го чинеле над 2 милиони денари,, имало спорни прекувремени работни часови, а се добивале и пари по повеќе основи во ист период – Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во извештајот за работата Академијата на судии и јавни обвинители за 2024 година – во кој даде мислење со резерва на усогласеноста на работата со законската регулатива.. Ревизорите утврдиле дека членови на УО на програмскиот совет добивале надоместоци и кога не присуствувале на седници, а дел од исплатите биле вршени и пред одржување на седниците. Само кај Управниот одбор, според ревизијата, биле исплатени околу 211 илјади денари повеќе од законски предвиденото. „За надомест на членовите на УО исплатени се вкупно 1.976 денари, истите се извршени во целост, а не пропорционално од присуство на седници и притоа во одредени месеци, средствата се исплатени во тековен месец пред одржување на седница. Исто така утврдивме дека исплатени се средства и на членови кои воопшто не присуствувале на одржаните седници за што има ефект повеќе исплатени средства за оваа намена.“ Посебно е нотирана и почентата обука на осмата генерација идни судии и обвинители. Наместо да заврши во законскиот рок, таа траела три месеци повеќе, што довело до исплата на уште над два милиони денари за ментори и координатори, а дел од договорите со менторите биле склучени дури по завршување на периодот за кој се однесувале. Кај тројца вработени бил надминат законскиот лимит за прекувремени часови, а имало случај каде на исто лице му биле исплаќани прекувремени часови и дневници за службени патувања во странство. „Извршени се исплати на додаток на плата за прекувремена работа за вработено лице во денови кога му е изготвено решение за службено патување во странство и за истото му се исплатени дневници, како и за присуство на седница на УО која се одржала во текот на полното работно време.“ Исто така нотирани се и спорни тендери – но и набавни стоки и услуги во вредност од над 400.000 денари без спроведена постапка за јавна набавка. Ревизорите забележале и недоволна контрола врз картичките за гориво. Дел од нив се користеле и за приватни возила а по усно укажување на академијата, ги користеле членови на комисија при академијата – но оваа состојба, појаснуваат, во текот на ревизијата била надмината. По препораки на ревиозијата Академијата, се очекува да ги отстрани утврдените слабости. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter