Цветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен
2Цветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозен
3Петрушевски: Специјалниот бугарски пратеник Филипче наместо молк, да го осуди преседанот во дипломатијата
Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
2Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
МакедонијаМуцунски-Странд: Поголема предвидливост и динамика во процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУАктуелните европски и регионални прашања, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската Унија и перспективите во пристапниот процес.Актуелните европски и регионални прашања, со посебен акцент на политиката на проширување на Европската Унија и перспективите во пристапниот процес, биле во фокусот на разговорите меѓу министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски и Јоаким Странд, министер за европски прашања и државно сопствеништво на Финска, кој е во работна посета на земјава. Како што соопшти МНРиНТ, Муцунски ја реафирмирал цврстата посветеност за забрзување на евроинтегративниот процес со цел полноправно членство во ЕУ, во согласност со воспоставените критериуми и стандарди. Тој истакнал дека државата останува доследен и кредибилен партнер на ЕУ, кој континуирано работи на спроведување на реформите и активно придонесува кон регионалната стабилност и соработка. -Муцунски посочи и на важноста од поголема предвидливост и динамика во процесот на интеграција на земјите од регионот во ЕУ, изразувајќи благодарност за континуираната и принципиелна поддршка од страна на Финска, стои во соопштението на МНРиНТ. Двајцата министри разговарале и за билатералните односи, потврдувајќи ја заедничката заложба за нивно натамошно продлабочување и унапредување на соработката во сите области од заемен интерес. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамШкода влегува во нова лига: Пристигнува голем електричен теренец со три реда седиштаЕлектричниот Шкода Пеак е поголем од Кодијак и доаѓа со три опции за возење.Шкода го претстави сосема новиот Шкода Пеак (Peaq), својот најголем и најнапреден електричен автомобил досега. Станува збор за теренец со три реда седишта кој ќе го заземе местото на новиот најголем (и најскап) модел на чешката марка. Пеак е поголем од Шкода Кодијак и носи препознатлив дизајнерски јазик „Modern Solid “ со нов светлосен потпис, скриени рачки на вратите и аеродинамика што овозможува коефициент на отпор од само 0,249. Во ентериерот доминира дигитална инструмент табла и вертикално поставен 13,6-инчен инфозабавен екран. Верзии со пет и седум седишта ќе бидат достапни за клиентите, а опциите вклучуваат аудио систем „Sonos“ со 16 звучници, безжично полнење на телефон и пакет „Relax“ со масажни седишта. Багажникот нуди до 2.150 литри волумен, додека под предниот капак има дополнителен простор за складирање. „Peaq“ користи подобрена „MEB+“ механичка основа и ќе биде достапен во три верзии. Основниот модел има батерија од 63 kWh, моќност од 204 КС и дострел до 459 километри. Верзијата од средната класа на „Peaq 90“ носи батерија од 91 kWh, 286 КС и дострел до 647 километри според „WLTP“ стандардот. На врвот на гамата е „Peaq 90x“ со погон на сите тркала и 299 КС, со дострел до 613 километри. Брзото полнење овозможува полнење на батеријата од 10 до 80 проценти за помалку од 30 минути, а моделот поддржува и двонасочно полнење, како и влечење приколка со тежина до 2.000 килограми. Со новиот „Peaq“, Шкода јасно ја покажува својата амбиција да стане еден од клучните играчи во сегментот на големи електрични семејни теренци. Датумот на почеток на продажбата и цените ќе бидат објавени подоцна. Извор: Б92Тагови: Шкода Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМуцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Граѓанската иницијатива „Стоп за Усје“ во 18 часот пред собрание повикува на марш за чист воздух08:41
МакедонијаЛишен од слобода скопјанец затоа што предизвикал пожар во скопско, следува соодветна пријаваПо целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.На 23.06.2026 во 17:35 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода Д.У.(43) од Скопје, лице со здравствени проблеми, постапувајќи по претходна пријава дека во с.Горно Оризари, скопско, предизвикал пожар во плевна со сено. Нема повредени лица, а Бригадата за противпожарна заштита Скопје го изгаснала пожарот. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.Тагови: пожар Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЦветаноски: Распад на здравството, толку нема пари што животот на децата со имунилошки болести е загрозенЖивотот на децата со имунолошки болести е загрозен, поради административен и институционален хаос на власта на Мицкоски.Нема медицински кадар на Детската клиника. Распад на здравствениот систем кој не може ниту за здравјето на децата да се грижи. Цената за потрошените пари во буџетот сега треба да ја платат дечињата? Кочоска се правда дека доцна пристигнало барањето за согласност за вработување. Па зошто порано не се надминале административните пречки, особено кога се работи за живот на деца? Вистината е дека согласности за вработување имало, и се барале дури од почетокот на оваа година, ама од финансии доцнел четири месеци. Нема пари во Буџетот за нови вработувања, затоа што на оваа криминална и расипничка власт не и гиржа за здравјето на граѓаните, ниту за најмладите. Овој хаос и неодговорност, оваа немаштија е на штета на децата. Детски животи се во прашање. Каде ќе се лекуваат сега овие деца со специфична болест која бара редовна контрола и терапија? Кој ја сега дели терапијата? Што треба да се случи, да почине дете поради административни пречки? Кој тогаш ќе понесе одговорност? Ова е цената на неодговорните и расипнички политики на ВМРО и Мицкоски. Кризата со немањето пари во Буџеттот граѓаните ја чувствуваат и по цена на живот. СДСМ бара веднаш да се најде решние, да се обезбедат соодветни вработувањата и да се обезбеди здравствена заштита на Детска клиника. Скраете тендери дајте пари за дечињата. Симона Цветаноски – членка на ИО на СДСМТагови: Цветаноски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter