Муцунски се сретна со вршителот на должност во катарската амбасада и амбасадорот на Казахстан - Канал 5

Муцунски се сретна со вршителот на должност во катарската амбасада и амбасадорот на Казахстан

Одвоени средби на министерот Муцунски со вршителот на должност во катарската амбасада во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, и амбасадорот на Република Казахстан, Сатибалди Буршаков.

Муцунски се сретна со вршителот на должност во катарската амбасада и амбасадорот на Казахстан

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска на одвоени средби ги прими вршителот на должност во катарската амбасада во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, и амбасадорот на Република Казахстан во Скопје, Сатибалди Буршаков.

На средбата со вршителот на должност во амбасадата на Катар во Скопје, Шеик Јасим бин Хамад Ал Тани, беа потврдени традиционално добрите и пријателски односи меѓу двете земји, при што беше нагласена заедничката заложба за динамизирање на политичкиот дијалог и размена на посети на високо ниво. Во делот на билатералната соработка, соговорниците ја истакнаа потребата од продлабочување на економските и трговските односи, како и од зголемување на обемот на катарски гринфилд и браунфилд директни инвестиции во нашата земја.

На средбата со амбасадорот на Република Казахстан во Скопје, Сатибалди Буршаков, соговорниците констатираа дека билатералните односи помеѓу двете земји се добри, при што ја нагласија потребата од нивно понатамошно продлабочување, особено во економската сфера, како и зајакнување на севкупната билатерална соработка во иднина. Беше изразено и заедничко задоволство од досегашната одлична соработка на мултилатерален план и меѓусебната поддршка на кандидатури во рамки на меѓународните организации. Министерот Муцунски и амбасадорот Буршаков разменија мислења и за други актуелни прашања од заемен интерес, изразувајќи уверување дека добрата соработка меѓу двете земји ќе продолжи со засилен интензитет,с е наведува во соопштението.

„Марш на ангелите“ во Кочани - семејствата на загинатите бараат неселективна правда

Не сме жртви на судбината, туку на системот.

„Марш на ангелите“ во Кочани - семејствата на загинатите бараат неселективна правда

Пораки од шестиот протестен марш на семејствата на загинатите во Кочани. Побараа неселективна правда и подобри услови за лекување на повредените.

Елизабета Дамјаноска Спасеновска и Виктор Николовски се во Кочани.

Какви пораки беа испратени?

Целосниот извештај погледнете го во видеото.

YouTube video

Хујсен и официјално нов фудбалер на Реал Мадрид

Дефанзивецот на премиерлигашот Борнмут, Дин Хујсен, потпиша денеска договор со Реал Мадрид до 2030 година.

Хујсен и официјално нов фудбалер на Реал Мадрид

Хујсен ќе му се приклучи на Реал на 1 јуни, со што ќе може да настапи на Светското клупско првенство следниот месец.

Борнмут објави попладнево дека Реал ја активирал откупната клаузула од 50 милиони фунти (66,36 милиони долари) за да потпише петгодишен договор со 20-годишниот дефанзивец.

Хујсен одигра 34 натпревари за Борнмут оваа сезона, постигнувајќи три голови

Шпанскиот репрезентативец Хујсен, кој е роден во Холандија, дебитираше за Шпанија во март во Лигата на нации./МИА

Вицепремиерот Фетаи со „идеални пријатели од АА“ на гости кај Курти во Приштина

Дали и вицепремиерот за добро владеење, Арбен Фетаи, ќе го следи примерот на Азир Алиу, се уште е без официјална потврда.

Вицепремиерот Фетаи со „идеални пријатели од АА“ на гости кај Курти во Приштина

Тој на фејсбук индиректно најави такво нешто, објавувајќи фотографии од средбата со косовскиот премиер, Албин Курти во Приштина, на која присуствува и Азир Алиу.

Во зората на овој ден, заедно со некои идеални пријатели од Алијансата за Албанците, тргнавме по патот кон Приштина, поминувајќи го автопатот „Арбен Џафери“, пат кој за нас не е само инфраструктура, туку симбол на нашата духовна и национална врска, напиша на фејсбук Фетаи, за кого се погласно се шпекулира дека ќе го напушти Таравараи и ќе остане во владата.

притисни ентер