Муцунски се сретна со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард - Канал 5

Муцунски се сретна со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард

Во рамки на посетата на Стокхолм, министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски оствари средба со својот домаќин, министерката за надворешни работи на Кралството Шведска, Мариа Малмер Стенергард.

Муцунски се сретна со министерката за надворешни работи на Шведска, Мариа Малмер Стенергард

На средбата се разговараше за повеќе теми, вклучително и билатералните односи и можностите за продлабочување на соработката во различни области, со акцент на трговската и економската соработка, евроинтегративниот процес на државата, како и за актуелни регионални, европски и глобални прашања. Министерот Муцунски го потврди силното партнерство и пријателските односи меѓу двете земји, изразувајќи благодарност што Шведска е силен политички и билатерален партнер. Тој упати искрена благодарност за поддршката во евроинтеграцискиот процес на државата, како и до државата и шведскиот народ за брзата и одлучна реакција по пожарот во Кочани, кога дел од пациентите беа лекувани во Стокхолм.

Тој информираше и за реформските процеси во земјата, со посебен акцент на Планот за раст, реформата на правосудниот систем и имплементацијата на европските стандарди. Од страна на министерката Стенергард беше потврдена поддршката за македонската интеграција и принципиелната определба на Шведска за континуитет во политиката на проширување.

Министрите разменија мислења и за актуелните геополитички состојби во Европа и регионот на Западен Балкан. Во оваа насока, министерот Муцунски нагласи дека Република Северна Македонија ќе продолжи да биде фактор што промовира добронамерен ангажман, стабилност, добрососедски односи, отворен дијалог и активна регионална соработка.

Во рамки на посетата, министерот Муцунски оствари и средба со вториот заменик-претседател на шведскиот парламент – Риксдаг, Јулија Кронлиф. На средбата присуствуваше и Јусуф Ајдин, член на Комисијата за надворешни работи. Се разговараше за улогата на парламентарната дипломатија и беше изразено заедничко задоволство од од парламентарната соработка во повеќе области, како и од успешната реализација на проектот за демократски развој меѓу парламентите, кој веќе четири години придонесува за унапредување на соработката и размена на добри практики.

Министерот ги информираше соговорниците за најновите аспекти од евроинтегративниот процес и ја истакна важната улога на Шведска како принципиелен поддржувач на проширувањето на ЕУ. Се разговараше и за безбедносната ситуација во Европа, при што беше подвлечена потребата од понатамошна поддршка за Украина и напори за постигнување траен и праведен мир, соопштуваат од Министерството.

YouTube video

Крива Паланка претстојната сезона ќе настапи во меѓународната АБА 2 Лига

Кошаркарките на Крива Паланка, следната сезона ќе играат во регионалната АБА 2 лига.

Крива Паланка претстојната сезона ќе настапи во меѓународната АБА 2 Лига

Во осмата сезона од настапите во домашното женско кошаркарско првенство на клубот од Крива Паланка, раководството на паланчанки ја прифати поканата да биде дел од ова натпреварување на Балканот каде што минатата сезона се натпреваруваа тимови од Словенија, Босна и Херцеговина, Република Српска, Црна Гора и Србија.

- Предизвикот да се излезе на меѓународната сцена е голем, но од друга страна токму сега е моментот да се истапи чекор напред, со оглед на тоа што голем број од младите првотимки од сопствената школа на КК Крива Паланка се во развојна фаза како играчи, а дел од нив, поискусните, се во одличен моментум да заиграат на меѓународната сцена и да го прикажат искуството, но и со желба за докажување, да соберат ново искуство, изјави претседателот на Крива Паланка, Ведран Белешковски.

Тој посочи дека заедно со првиот тренер, предводникот на сениорките, Виктор Петровски, веќе работат на комплетирање на екипата што ќе ги брани клупските бои во сезоната што претстои, по урнек на оваа сезона кога беа лидери во речиси најголемиот дел од првенството во домашната Прва лига.

Во сезоната 2025/26 амбициите на КК Крива Паланка се и освојување на трофеите во домашните натпреварувања (куп и првенство).

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места

Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта.

За упис на средношколци во дуалното образование 269 дуални паралелки и 6.725 слободни места

Од речиси 28.000 места во учебната 2025/2026 година за учениците кои ќе можат да се запишат во средните општински училишта, од нив 18.500 места се предвидени за упис во средните стручни училишта, од кои 6.725 места се во дуално образование во 269 паралелки.

За таа цел Владата и Министерството за образование и наука го зголемиле бројот на стипендии за дуално образование на 1.570, а зголемен е и бројот на компании кои покрај теоретската настава во училиштето, на средношколците запишани во дуалните паралелки ќе им овозможат и практична настава во 550 компании.

Како што денеска соопштија од владината прес-служба, ова значи дека учениците додека се школуваат, ќе стекнат и практична вештина, ќе се квалификуваат за пазарот на труд и ќе добијат можност за вработување веднаш по завршување на образованието.

- Обезбедени се 50 милиони денари, односно месечна стипендија од 3.500 денари за 9 месеци во годината, ќе добијат учениците кои ќе се запишат во дуални паралелки и ќе ги исполнат условите од конкурсот кој ќе биде објавен за доделување на стипендиите. Нашата заложба како Влада е да го реформираме и подобриме образовниот систем и да создадеме млади кои наместо да се иселуваат, ќе можат да ја градат својата иднина во Македонија. Се обврзавме на промени, тоа и го исполнуваме. Создаваме иднина и ја развиваме Македонија, се наведува во соопштението од прес-службата на Владата на РСМ.

Австралија за прв пат воведува санкции врз руската „флота во сенка“

Австралија за прв пат воведе санкции врз 60 бродови од руската флота во сенка, соопшти австралиската влада.

Австралија за прв пат воведува санкции врз руската „флота во сенка“

Австралија веќе воведе неколку други пакети санкции врз Русија како одговор на нејзината инвазија на Украина.

Санкции против руската флота во сенка веќе воведоа ЕУ, Велика Британија и Канада.

притисни ентер