Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност - Канал 5

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност

Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент.

Муцунски: Проширувањето на ЕУ не е само економска и трговска неопходност

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, вчера и денеска учествува на Делфи Економскиот Форум што се одржува во Грција, каде се обрати на панел-дискусија на тема: „Дали ЕУ – САД алијансата е надвор од поправка?“

Како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, министерот Муцунски се осврна на европската перспектива на земјите од Западен Балкан, важноста на регионалната соработка, стабилноста на регионот, стратешкото партнерство во рамките на НАТО, како и на соработката со САД и трансатлантската поврзаност.

Притоа, министерот Муцунски ја истакна важноста на регионалната поддршка, која особено се манифестираше по трагедијата во Кочани, упатувајќи искрена благодарност до Грција за покажаната солидарност и медицинска помош.

Министерот нагласи дека проширувањето на Европската Унија не е само економска и трговска неопходност, туку предуслов за политичка и безбедносна стабилност на целиот континент. Тој порача дека е неопходно да се обезбеди јасен и опиплив пат напред за регионот, кој ќе го врати кредибилитетот и ќе ги исполни очекувањата од процесот на европска интеграција.

Во однос на улогата на САД, Муцунски ја подвлече нивната клучна улога како инвеститор – не само во политичката и безбедносната, туку и во економската стабилност на регионот – истакнувајќи дека САД се меѓу највидливите и најсилните поддржувачи на процесот на проширување на Европската Унија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Започна полагањето на државната матура

Со пенкало в рака и без мобилни телефони, повеќе од 14.500 матуранти седнаа во училишните клупи и во амфитеатрите на факултетите. 

Започна полагањето на државната матура

За нив, денеска започна полагањето на матурските испити, а први на распоред беа изборните предмети. Годинава, согласно измените на Законот за средно образование, за првпат се спроведуваат три типа испити – државна матура, државна стручна и уметничка матура. Матурантите велат дека испитот поминал во најдобар ред и се задоволни од начинот на полагање.

- Супер поминавме многу лесно беше. Беа забранети телефоните не се употребуваше и реално мислам дека нема потреба, нека си учат на време и тоа е тоа. Искрено супер беше, испитот беше многу лесен, одлично беше се организацијата топ.

Учениците, веќе трета година матурските испити ги полагаат во училишните холови, а втора година по ред се организираат и во амфитеатрите на факултетите. Ваквиот начин на организација беше воведен со цел да се намалат можностите за препишување, по неколкуте случаи на масовно препишување преку Вибер групи изминатите години. Министерката за образование и наука Весна Јаневска препудпреди дека секој обид за препишување носи сериозни последици и може да го одложи стекнувањето на диплома за цела година, додека директорката на ДИЦ Даниела Јовчевска - Михајловска кажа дека се ангажирани околу 200 набљудувачи и 2.500 тестатори и очекува препишувањето да биде сведено на нула.

-Минатогодишното искуство покажа дека полагањето во големи простори како што се амфитеатрите на универзитетите дава подобри резултати, односно се намалија оние несакани дејствија кои одреден број на ученици се обидоа да ги искористат. На сите им посакувам матурата и да ја добијат заслужената оценка,- Весна Јаневска – министерка за образование и наука.

-Ние правиме се за полагањето да биде како што треба, сите ученици да имаат еднакви можности и фер полагање за на крај да го добијат тоа што навистина и го заслуваат. Се надевам дека во просториите нема телефони и рековме тоа е сепак организација на матурската учичишна организација, тестаторите кои што се крајно одговорни, набљудувачите кои што се присутни тука за да го сведеме тоа на нула, не велам на минимум туку на нула, е сега,- Даниела Јовчевска – Михајловска – ДИЦ.

Според податоците на ДИЦ, најголем дел од матурантите, над 13.000 за изброен предмет го одбрале англискиот јазик, додека нешто над 1000 се одлучиле да полагаат математика. Задолжителниот екстерен испит по мајчин јазик и литература, матурантите ќе го полагаат за 11, односно на 12 јуни.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски до Путин: Русија повторно избира војна наместо мир

Пропадна обидот Путин и Зеленски да седнат на преговарачка маса, откако рускиот лидер категорично го отфрли повикот на украинскиот колега, а на терен продолжија борбите.

Зеленски до Путин: Русија повторно избира војна наместо мир

Украина со 86 дронови го нападна Санкт Петербург, додека руските сили возвратија со воздушни напади околу Запоржје, каде загинаа две лица.

-Не гледам смисла за средба. Имам чувство дека украинската страна сака да го запре напредокот на нашите вооружени сили. Нам ни требаат договори. Во однос на воените дејствија, тие еден ден ќе завршат, безусловно ќе завршат кога ќе ги постигнеме поставените цели, изјави Путин.

Зеленски изјави дека со тоа што неговиот рускиот лидер одбил директни преговори, избрал продолжување на војната.

-За жал, руската страна уште еднаш избра војна. Сите го слушнаа одговорот денеска. Слаб одговор. Тој едноставно не сака крај на војната. Многумина во светот сега се разочарани од таквиот одговор. Тој не сака ништо да промени и не сака да признае дека оваа војна му се допаѓа само нему и на оние кои заработуваат пари од него, заклучи Зеленски.

Неговата изјавата следи откако тој вчера преку отворено писмо го повика Путин на средба лице в лице за ставање крај на војната, но Путин одби, истакнувајќи дека разговорите би немале цел пред да биде финализиран мировниот договор..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Шакира и Бурна Бој го отвораат Светскиот шампионат во Мексико, шоу и во Торонто и Лос Анџелес

Светската музичка ѕвезда, Шакира и Бурна Бој ќе ја изведат официјалната песна „Dai Dai“ на отворањето на Светското фудбалско првенство 2026 во Мексико Сити, соопшти ФИФА. 

Шакира и Бурна Бој го отвораат Светскиот шампионат во Мексико, шоу и во Торонто и Лос Анџелес

Настапот ќе се одржи на 11 јуни, пред првиот натпревар на турнирот меѓу домаќинот Мексико и Јужна Африка.

Церемонијата на свеченото отворање ќе започне 90 минути пред стартот на натпреварот, а покрај Шакира и Бурна Бој, на сцената во Мексико Сити ќе настапат и Алехандро Фернандес, Белинда, Дени Оушн, Џеј Балвин, Лила Даунс, Лос Анџелес Азулес, Мана и Тјала.

YouTube video

„Dai Dai“ е официјална песна на Светското првенство 2026 и е поврзана со FIFA Global Citizen Education Fund, иницијатива што има цел да собере 100 милиони долари за пристап до квалитетно образование и фудбалски можности за деца ширум светот.

ФИФА за ова издание на Мундијалот планира три церемонии на отворање — по една во секоја земја домаќин: Мексико, Канада и САД. Во Торонто, на 12 јуни, пред натпреварот меѓу Канада и Босна и Херцеговина, ќе настапат Аланис Морисет и Мајкл Бабл. Во Лос Анџелес, истиот ден, пред дуелот меѓу САД и Парагвај, најавени се Кети Пери, Лиса, Рема, Анита и Фјучер.

Шакира има долга историја со Светските првенства: настапуваше и на претходни мундијалски изданија, а нејзината „Waka Waka“ од 2010 година останува една од најпознатите фудбалски химни во светот. Со „Dai Dai“, таа повторно се враќа на најголемата фудбалска сцена, овојпат заедно со нигериската ѕвезда Бурна Бој.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер