Во текот на денешниот ден, беа остварени повеќе средби со претставници на стопанските комори, инвестициски фондови, како и со поединечни претставници на големи корпорации кои изразија интерес за потенцијални инвестиции во државата. Разговорите се фокусираа на можности за инвестиции во инфраструктурата, туризмот, како и во рамки на технолошко-индустриските развојни зони.
„Нашата цел е јасна – повеќе, но и подобро платени работни места во нашата држава. Во наредните денови ќе објавиме една исклучително позитивна вест, која ќе значи многу за секој наш граѓанин, за економијата, трговијата и туризмот“, изјави министерот Муцунски.
Тој додаде дека посетата носи конкретни и опипливи резултати и дека Владата продолжува со истата динамика и посветеност во следните денови од посетата, се наведува во соопштението.