МакедонијаМуцунски од Блед: Проширувањето на ЕУ не смее да биде заложник на билатерални споровиЕвроинтегративниот процес беше главна тема и на неформалната средба на министрите за европски прашања од земјите – членки и земјите-кандаидатки во Копенхаген.Евроинтегративниот процес не смее да биде заложник на билатерални спорови, туку мора да биде заснован на заслуги и јасни критериуми - ова е пораката која шефот на македонската дипоматија Муцунски ја упатил на работниот појадок со министрите за надворешни работи од регионот во Блед. Муцунски како што соопштија од македонското МНР, нагласил дека земјава останува посветена на европскиот пат и активно работи на реформите и спроведување на планот за раст. Интеграцијата во Унијата пак, оценил дека е клучна за регионалната стабилност. „Проширувањето не смее да биде заложник на билатерални спорови или прашања на идентитет. Ако тоа се дозволи, се ризикува не само застој на една земја, туку и губење на кредибилитетот на целиот процес“– истакнал Муцунски Евроинтегративниот процес беше главна тема и на неформалната средба на министрите за европски прашања од земјите – членки и земјите-кандаидатки во Копенхаген каде земјава беше претставувана од министерот Муртезани. Пред почетокот на состанокот тој повтори дека земјава останува посветена на европската агенда и покрај тоа што предолго е во чекалната на Унијата. -Тоа што треба да го направиме сега е да се осигураме дека нашите напори во кои инвестираме сега ќе бидат завршени во најскоро време. Гледам дека во рамката 2030 година, сите земји-кандидатки од западен Балкан ќе бидат членки на ЕУ.- Орхан Муртезани – Министер за европски прашања Дека процесот на проширување во Брисел се гледа како на безбедносно прашање потврди и еврокомесарката Марта Кос. Данската министерка Бјере пак, која е домаќинска на состанокот истакна дека покрај земјите-кандидатки, обврски има и самата ЕУ, која мора да биде јасна околу барањата за членство. -Нема да можеме да имаме безбедност во Европа, доколку не го стабилизираме континентот и проширувањето има голема улога во ова.- Марта Кос – Еврокомесарка за проширување -Проширувањето стана ништо помалку од геополитичка потреба. Да не се испорача на оваа агенда ќе биде стратешка грешка. Испорачувањето на оваа агенда е заедничка задача. За потенцијалните членки, тука е големиот напор да се достигнат „копенхашките критериуми“ за ЕУ, задачата е подеднакво комплексна. ЕУ мора да биде јасна околу барањата за членство. - Мари Бјере – Министерка за европски прашања Дека проширувањето е геополитичка неопходност пред неколку месеци во Скопје порача и европскиот двоец Кошта и Калас кои во таа прилика повторија дека за Македонија нема план „Б“, како одговор на македонската иницијатива за уставни измени со одложено дејство. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаОд недела задолжителна зимска опрема за сите возила Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз. Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиСкопје го одбележува Денот на ослободувањето – 13 Ноември08:49По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00Продолжението на надзорната расправа во Собранието за АЛТА банка ќе биде дополнително утврдено 08:32Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20Лукаревска до Славески: Го урнисавте банкарскиот сектор, поднесете си оставка 15:16
По кривичната од Народна банка и СДСМ поднесоа кривична пријава против Славески и одговорни лица во НБРМ 15:00
Мицкоски: Уште во 2023 владата на СДСМ и ДУИ му дава насока на правобранителството да влезе во деловни односи со Давор Мацура18:20
Рецепти„Гответе со Дракче“ - Пица вафлиВо петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба РужаСостојки за денешниот рецепт: 120 гр. брашно 100 мл. млеко 1 јајце 2 лажици доматно пире 100 гр. кашкавал 1 прашок за пециво 1 лажиче италјански зачин или оригано 100 - 200 гр. шунка или салама 100 гр. кечап 100 гр. мајонез масло сол, бибер и др. зачини по избор Погледнете како се подготвува овој рецепт: Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветРути: Сè уште не е јасно дали мирот е близуГенералниот секретар на НАТО, Марк Руте, изјави дека останува нејасно дали мирот е близу, по новите трилатерални разговори во врска со конфликтот во Украина и средбата меѓу американските претставници и рускиот претседател Владимир Путин. „Многу е тешко да се каже. Она што го знам е дека сите вклучени страни – првенствено Стивен Виткоф и Џаред Кушнер, како и Европејците и Украина – работат неуморно за да стават крај на оваа војна“, изјави Руте за агенцијата АФП за време на самитот на европските политички лидери во Даблин. Тој одби да ја коментира суштината на преговорите, но нагласи дека САД, Европа и Украина се „на иста страна“. Руте ги отфрли сугестиите дека Русија би можела да влијае врз одлуките на Алијансата, откако и од Вашингтон и од Москва пристигнаа навестувања дека европските безбедносни аранжмани би можеле да бидат преиспитани како дел од тековните разговори. „Ова не е тема за дискусија“, додаде Руте, пренесува агенцијата „Срна“. Руте нагласи дека е „многу важно“ Европејците, Украина и САД да постигнат договор за тоа што е прифатливо, а што не.Тагови: Марк Руте НАТО Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook