3Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти
МакедонијаМуцунски на средба со шефот на дипломатијата на ОАЕ: Потврдени добрите билатерални односи Потврдени добрите билатерални односи и конструктивната соработка помеѓу двете земји.Потребата од интензивирање на меѓусебниот политички дијалог, како и унапредувањето на економската и трговската соработка, биле посочени на средбата на министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски со вицепремиерот и министер за надворешни работи на ОАЕ, шеикот Абдула бин Зајед Ал Нахјан. На средбата, што се одржа во рамки на официјалната посета на премиерот Христијан Мицкоски на Обединетите Арапски Емирати, како што соопшти Министерството за надворешни работи и надворешна трговија, биле потврдени добрите билатерални односи и конструктивната соработка помеѓу двете земји, при што била истакната заемната заложба за нивно понатамошно продлабочување. Во таа насока, министерот Муцунски, во име на Владата, потпишал два меморандуми за разбирање – за економска соработка и за соработка помеѓу дипломатските академии на двете министерства за надворешни работи. На средбата била нагласена и важноста од интензивирање на контактите меѓу бизнис-заедниците и стопанските комори на двете земји, со цел поголема економска поврзаност и реализација на нови инвестиции. Покрај билатералните односи, соговорниците размениле мислења и за актуелните геополитички случувања во светот. Тагови: Тимчо Муцунски Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаПетрушевски: Колку пари требало да добие Богоев за местениот тендер вреден 18 милиони денари?110.000 денари биле првите од многуте што Стефан Богоев требал да ги земе како мито за местениот тендер во Царина од 18 милиони денари.Џемо од Прилеп, сивата еминенција на СДС, договорил фирма која требала да добие тендер во Царина, па преку неговото влијание кон Богац успеал во намерата, а за возврат му ветил подарок во форма на банкноти. 18 милионскиот тендер за хигиена наменет за блиска фирма на Џемо, Богац го овозможил. Но, прашањето коешто треба да го одговори Богоев е колку пари требал да добие како награда за завршената работа? Дали е точно дека му биле ветени 10 проценти од тендерот, односно 1,8 милиони денари? Дополнително, дали е точна информацијата добиена од свиркачи дека ова не е последниот наместен тендер во Царина под раководство на Богоев? Децата на СДС си го покажаа вистинското лице. Иднината на Заев го падна првиот тест. Со вакви кадри СДС треба да се распушти, а не да води политики. Одговорност за криминалите на СДС мора да има. Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
ФудбалСлот отфрлил понуда од Премиер лигата Поранешниот менаџер на Ливерпул, Арне Слот, ја отфрлил понудата на Фулам да ја преземе функцијата тренер на првиот тим. Холанѓанецот, кој беше отпуштен на „Енфилд“ минатата недела, брзо стана главна цел на лондонскиот клуб, но одлучил да ја одбие шансата да остане во Премиер лигата, објави Goal.com. Фулам активно бара наследник на Марко Силва, кој го напушта клубот за да го преземе кормилото на португалскиот гигант Бенфика. Слот стана достапен откако Ливерпул го отпушти само една година по освојувањето на англиската титула, а Андони Ираола брзо е назначен за негова замена на „Енфилд“. Со оглед на тоа што Слот сега официјално е надвор од трката, Фулам мора да бара други кандидати за да може да започне со реконструкцијата на тимот пред новата сезона. Менаџерот на Ипсвич Таун, Киран Мекена, наводно е сè уште заинтересиран за слободната позиција, иако неговата клаузула за ослободување од 8 милиони фунти ќе треба да се активира. Во меѓувреме, друга цел, Томас Франк, се повлече од трката, вршејќи притисок врз лондонскиот клуб да најде решение пред да се затвори летниот преоден рок.Тагови: Слот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
КултураМНТ го освои Дубровник: Силен аплауз за наградуватата „12“Македонскиот народен театар на 5 јуни оствари исклучително успешно гостување во Казалиште „Марин Држиќ“ во Дубровник, Република Хрватска, изведувајќи ја повеќекратно наградуваната претстава „12“, работена според култното дело „12 Angry Men“ .Македонскиот народен театар на 5 јуни оствари исклучително успешно гостување во Казалиште „Марин Држиќ“ во Дубровник, Република Хрватска, изведувајќи ја повеќекратно наградуваната претстава „12“, работена според култното дело „12 Angry Men“ од Реџиналд Роуз, во адаптација и режија на Синиша Евтимов. Ансамблот на Македонскиот народен театар, заедно со директорот Никола Кимовски, беше пречекан со особена срдечност и искрено гостопримство од страна на домаќинот – Казалиште „Марин Држиќ“ и директорот Паоло Тишљариќ. Во пресрет на изведбата, домаќините организираа прошетка низ историското јадро на Дубровник, а членовите на ансамблот имаа можност одблиску да се запознаат со богатото културно и историско наследство на градот, еден од најзначајните културни центри на Медитеранот. Изведбата на „12“ беше проследена со извонреден интерес и воодушевување од дубровничката публика, која со големо внимание ја следеше претставата од почеток до крај. Моќната актерска игра на: Ѓорѓи Јолевски, Гораст Цветковски, Тони Михајловски, Никола Ристановски, Благој Веселинов, Александар Микиќ, Игор Џамбазов, Јордан Симонов, Нино Леви/Сенко Велинов, Дамјан Цветановски/Оливер Митковски, Владо Јовановски и Сашко Коцев, прецизната режиска концепција и темите кои ги отвора претставата наидоа на извонреден прием кај публиката, која изведбата ја проследи со превод на хрватски јазик. Актерите беа наградени со долг, искрен аплауз, како силна потврда за уметничката вредност на претставата. „12“ е претстава која во изминатиот период оствари значаен успех кај публиката и стручната јавност, а на 59-от МТФ „Војдан Чернодрински“ беше наградена со признание за уметничко остварување во целина, специјална награда за колективна игра и награда за машка епизодна улога „Димче Трајковски“, доделена на Оливер Митковски. Гостувањето во Дубровник претставува уште една можност за претставување на продукцијата на Македонскиот народен театар пред регионалната публика и за понатамошно развивање на соработка со најголемите театарски институции во регионот.Тагови: МНТ Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиЗапочна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05Почнува полагањето државна матура, денес се полага математика,историја или странски јазик,09:09Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20Премиерот Мицкоски на Самитот ЕУ- Западен Балкан во Тиват15:16Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10
Започна полагањето на државната матура за учебната 2025-2026 година, нов концепт за 14.587 матуранти13:05
Заврши самитот во Тиват- Фон дер Лајен: Кога реформи ќе бидат испорачани, тогаш пристапниот пат кон ЕУ мора да биде награден18:20
Во Тиват се одржува Самитот ЕУ – Западен Балкан под мотото „Заеднички просперитет и стабилност на ЕУ и Западен Балкан“11:10