Муцунски на Македонско–јапонски бизнис форум: Партнерството меѓу бизнисите е клучно за нови инвестиции и економски раст - Канал 5

Муцунски на Македонско–јапонски бизнис форум: Партнерството меѓу бизнисите е клучно за нови инвестиции и економски раст

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска се обрати на Македонско–јапонскиот бизнис форум, организиран од Амбасадата на Јапонија во Скопје. 

Муцунски на Македонско–јапонски бизнис форум: Партнерството меѓу бизнисите е клучно за нови инвестиции и економски раст

На настанот учествуваат повеќе од 150 претставници од бизнис-заедницата, а во негови рамки се одржуваат и B2B средби за вмрежување и директна соработка меѓу компании од двете земји.

Во своето обраќање, министерот Муцунски ја нагласи важноста на продлабочувањето на економската соработка меѓу двете држави и истакна дека традиционално добрите билатерални односи треба да се преточат во уште поинтензивна деловна соработка.

„Нашите две земји имаат традиционално одлични и пријателски односи, изградени врз основа на меѓусебна почит, доверба и поддршка. Но пријателството само по себе не е доволно – партнерствата мора да носат и конкретни резултати“, истакна министерот Муцунски.

Тој посочи дека актуелната трговска размена меѓу двете земји изнесува околу 140 милиони долари годишно, што претставува добра основа, но е далеку под потенцијалот што го нудат двете економии.

Муцунски нагласи дека земјата нуди стабилна економска средина, отворен и конкурентен пазар, како и силна институционална поддршка за странските инвестиции и иновациите, при што ја потенцираше и стратешката географска позиција, квалификуваната работна сила и посветеноста на економските реформи.

„Она што е најважно не е само инвестицијата, туку партнерството – партнерство меѓу бизнисите, меѓу иноваторите и меѓу две земји кои веруваат во отвореност, соработка и заеднички просперитет“, нагласи министерот.

Тој оцени дека во услови на брзи трансформации во глобалната економија, продлабочената соработка меѓу јапонските и македонските компании може да отвори нови можности во области како технологијата, производството, зелената транзиција и напредните индустрии.

Министерот Муцунски истакна дека Владата останува посветена на подобрување на бизнис-климата, олеснување на инвестициите и поддршка на нови економски партнерства, со цел иницијативите и контактите воспоставени на форумот да прераснат во долгорочни успешни деловни приказни.

Македонско–јапонскиот бизнис форум претставува важна платформа за поврзување на компаниите од двете земји, размена на идеи и отворање на нови можности за инвестиции и економска соработка, се наведува во соопштението.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Живко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“

Во соопштение доставено до Македонската берза, од компанијата информираат дека Претседателот на Управниот одбор и Генерален директор на АЛКАЛОИД АД Скопје, г. Живко Мукаетов, купил нови 277 акции од компанијата.

Живко Мукаетов го зголеми својот сопственички удел во „АЛКАЛОИД“

Со оваа трансакција неговиот удел во компанијата се зголеми за 9,21%, и тој во моментов поседува 131.777 обични акции.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ормутскиот теснец -Иран губи дел од контролата; се отвора алтернативен коридор за танкери

Иран губи дел од контролата на Ормутскиот теснец, се отвора алтернативен коридор за танкери.Според изворите, резултатот е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно.

Ормутскиот теснец -Иран губи дел од контролата; се отвора алтернативен коридор за танкери

Иако тврдењата на Доналд Трамп дека Соединетите Држави имаат целосна контрола врз Ормускиот Теснец не се сосема основани, се чини дека одредени околности сè повеќе работат против Техеран.

Според аналитичарите со кои разговараше CNN, повеќе од 80 отсто од суровата нафта што поминала низ Ормускиот теснец во изминатите 14 дена била транспортирана преку оманската рута.

Овој коридор е признаен од Обединетите нации, додека Иран го смета за повреда на својот суверенитет над теснецот.

Проценките укажуваат на тоа дека и речиси целиот преостанат сообраќај се одвива по оваа рута; сепак, некои пловни објекти се движат „во мрак“ – односно со исклучени транспондери – за да избегнат да станат цели на патролите на Корпусот на гардата на исламската револуција (IRGC).

Хомајун Фалакшахи, раководител на одделот за анализа на пазарот на сурова нафта во компанијата „Kpler“, истакнува дека пред само еден месец речиси и да немало комерцијален сообраќај по оваа рута. Во рок од само неколку недели, ситуацијата целосно се променила. Според неговата проценка, станува сè поочигледно дека Иран изгубил барем делумна контрола врз тој дел од морето. Оваа промена не се однесува само на транспортот на сурова нафта. Во периодот од 1 до 19 август, низ Ормускиот теснец поминале вкупно 236 пловни објекти од различен тип.

Осумдесет и три пловни објекти ја користеле иранската рута, три го користеле оманскиот коридор, а два се движеле по старата централна рута што се користела пред војната. Останатите 148 пловни објекти – што претставува повеќе од шест од секои десет – поминале со исклучени транспондери. Пред војната, таквите пловења сочинувале околу 35 проценти од вкупниот број.

- На тој начин, Иран делумно би ја изгубил контролата врз теснецот: танкерите за нафта минуваат низ него, игнорирајќи ги предупредувањата од Техеран, но тоа го прават под придружба.

Тука настапува Вашингтон. Веб-страницата „Аксиос“ (Axios), повикувајќи се на двајца американски функционери, објави дека Соединетите Држави веќе неколку недели дискретно управуваат со транзитен коридор долж јужниот канал – во близина на водите на Оман: секоја ноќ, танкерите за нафта влегуваат и излегуваат од теснецот во две долги колони – една за влез и една за излез – под координација на оперативна група стационирана во Форт Брег, историското седиште на 82-та воздушно-десантна дивизија.

Резултатот, според изворите, е враќање во оптек на околу десет милиони барели дневно; иако ова претставува половина од обемот пред војната, сепак означува огромен пораст во споредба со драстичниот пад забележан во последните месеци – пренесува италијанскиот весник „Кориере дела сера“ (Corriere della Sera).

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Разорен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Земјотрес со јачина од 7,2 степени според Рихтеровата скала синоќа го погоди јужниот дел на Перу, соопшти Националниот сеизмолошки центар (CENSIS).

Видео: Разорен земјотрес со јачина од 7,2 степени го погоди Перу

Епицентарот на земјотресот се наоѓаше на 35 километри северно од Коракора, во покраината Паринакочас.

Според објавените информации, земјотресот е опишан како „бранен земјотрес“ – хоризонтално движење на почвата што се манифестира преку нишање и бранување на површината. Земјотресот беше почувствуван низ целиот јужен Перу, а во Лима потресот се почувствува главно на горните катови од зградите.

Земјотресот беше долготраен и траеше околу една минута. Досега не се пријавени штети или жртви по земјотресот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер