Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
2Филипче: Нема држава што прави втор ребаланс на буџетот тоа е најголем доказ за лошото менаџирање на државата
МакедонијаМуцунски: Македонија очекува јасни институционални гаранции дека устваните измени се последната билатерална пречка Во текот на утрешната посета на претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта во Скопје, од Владата ќе бидат реафирмирани барањата за јасни институционални гаранции од Советот во спорот со Бугарија, изјави министерот Муцунски.Во текот на утрешната посета на претседателот на Европскиот совет – Антонио Кошта во Скопје, од Владата ќе бидат реафирмирани барањата за јасни институционални гаранции од Советот во спорот со Бугарија, изјави министерот за надворешни работи Тимчо Муцунски. Тој додаде дека очекуваат на средбата да се нотира и реформскиот напредок а потоа и да биде ставена на тест европската посветеност на опозицијата во областа на реформските закони кои бараат двотретинско мнозинство. - Ние сме свесни дека има спор за кој што треба да има достоинствено решение, разликата помеѓу нашите претходници и нас е што ние го ставаме тој збор -достоинство пред решение, не може решение да има по секоја цена. Примарното очекување е да се постават јасни институционални гаранции кон нас дека ова ќе биде последната пречка од билатерален карактер и второто многу суштинско прашање е непримената на пресудите од ЕСЧП од страна на соседна Бугарија. / Секако ќе дискутираме за повеќе прашања, примарната посветеност која што Владата ја има во овој момент е кон реформската агенда. / Измените и дополнувањата во Изборниот законик и одредени закони во делот на правосудството кои што не само ќе треба да го поминат собранискиот филтер туку е потребно и двотретинско мнозинство и тука на тест ќе се стави и декларативната европска посветеностна опозцијата,- - Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија. Муцунски очекува на Самитот ЕУ- Западен Балкан в петок да се разговара и за идејата на германскиот канцелар Фридрих Мерц кој предложи статус на привилегиран набљудувач за западнобалканските земји како и статус на асоцијативно членство за Украина. Меѓутоа, како што вели Муцунски, иако Македонија треба да е подготвена за различни сценарија кои можат да бидат понудени, сепак нашата главна стратешка цел останува полноправно членство во ЕУ. -Наша крајна цел е полноправно членство во ЕУ, доколку земјите членки и институциите на ЕУ донесат одлука за одредени промени во тој процес, ние ќе го дадеме нашиот став, но ние таму не седиме на масата и не можеме да одлучиме. Ние треба да се подготвуваме за сите сценарија кои што можеме да ги антиципираме во моментов но и потсетуваме дека кон овој регион и кон оваа држава се давани долгогодишни сериозни ветувања и посветеност,- - Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија. Навраќајќи се на првата средба со својата бугарска колешка - Велислава Петрова Чамова која се оддржа минатата недела, министерот Муцунски посочи дека не добил позитивни сигнали а и порача на Софија како што кажа, да погледне кон себе и да биде поодговорна за регионалните прашања од геополитичка важност за Европа. Тагови: Тимчо Муцунски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
ЗдравјеВакцинацијата против сезонски грип забрзува – вакцини има доволно за ситеОд почетокот на кампањата на 14 октомври, досега се пријавени вкупно 66.821 граѓанин, со просек од 4.455 пријави дневно. Најголем дел од пријавените се лица над 65 години, а следат хроничните болни. Најмногу пријави има во Скопје (19.767), Битола (4.845), Прилеп (3.844), Струмица (3.585) и Тетово (3.581). Досега се закажани 6.710 термини, а вакцинирани се 3.266 граѓани – во последните три работни дена по околу илјада дневно. Реализацијата на термините што веќе поминале изнесува 86,7%, а 503 граѓани (13,3%) не се појавиле на закажаниот термин. Ги повикуваме граѓаните што не можат да дојдат навреме да го откажат терминот, за тој да се додели на друг пријавен. Денес ќе започне нова група закажувања, со што бројот ќе се зголеми на околу 1.700 вакцинации дневно. Денес е склучен договор за дополнителни 26.000 вакцини, од производителот Санофи, кои ќе пристигнат до 15 ноември, или досега вкупно 56.000 вакцини, а најавени се уште 30.000 вакцини до крајот на ноември. Со тоа ќе бидат обезбедени вкупно 86.000 вакцини – најмногу досега, и околу 20.000 повеќе од бројот на моментално пријавени граѓани. „Сезоната на грип е најизразена во јануари и февруари. Вакцинацијата спроведена до првата недела од јануари обезбедува навремена заштита. Словенија и Хрватска ќе започнат со вакцинација во ноември – и тоа не е доцна. Вакцини има доволно за сите пријавени, затоа ги молам граѓаните за трпение – секој ќе биде повикан на термин. Исто така, од неделава тимови на здравствените домови вакцинираат во домови за стари лица, а од следната недела и во центрите за дијализа“, изјави министерот за здравство, Сашо Клековски.Тагови: вакцина грипот Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
Забава „Војна“ меѓу двете најсекси „ангели“ на „Викторијас сикрет“ – дали причината е Том Брејди? Судејќи според најновите објави на социјалните мрежи, се води „вистинска војна“ меѓу две од најбараните „ангели“ на „Викторијас сикрет“, а причината за тоа е поранешната НФЛ-ѕвезда Том Брејди.Манекенките Џоан Смолс и Кендис Свонпул моментално се во конфликт, а според информациите на социјалните мрежи, главна причина за нивната кавга е односот на Кендис со Том Брејди. Сè започнало минатата недела, кога порталот „Just Jared“ на Инстаграм објави вест дека двете супермодели веќе не се „следат“ меѓусебно на таа мрежа. Ова поттикна шпекулации дека тие не се во добри односи и дека зад сцената се случува нешто сериозно. Смолс набргу се вклучи во коментарите и, како што се чини, ги потврди сомнежите. Таа напиша само: „Два збора: ’Summer House‘! Тоа објаснува сè.“ Иако не појасни што точно значи оваа реченица, последната сезона од реалното шоу „Summer House“ го прикажа прекинот на пријателството помеѓу Аманда Батула и Кјара Милер. До кавгата дојде бидејќи Батула тајно започнала врска со поранешното момче на Милер, Вест Вилсон. И тука драмата не завршува... Смолс ја нарече Кендис „предавничка“ во нова бурна објава на Инстаграм. Еден корисник на Инстаграм ја праша познатата манекенка дали може да ја потврди информацијата дека таа и Кендис веќе не разговараат, на што Смолс кратко одговори: „Не се дружам со предавници“. Иако официјалната причина за конфликтот не е позната, коментарите се појавија истовремено со веста дека Кендис Сванепул е во врска со Том Брејди.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТерористички напад пред израелската амбасада во Белград08:2876-годишна жена убиена во својот дом во Ѓорче Петров 15:00Убиена пензионерка во Ѓорче Петров12:30Од полноќ бензините поевтини за пет денари за литар, дизелот останува со иста цена08:44Граѓани се собраа пред телевизијата Пинк, фрлаа јајца кон зградата (ВИДЕО)21:39
МакедонијаГерасимовски до стипендистите: Верувајте во себе, Центар е покрај васГрадоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска им додели стипендии на осум ученици од социјално загрозени семејства од општинските основни училишта.На средбата во кабинетот, Герасимовски со децата разговараше за училиштето, предметите што ги сакаат и нивните желби и интереси. Стипендиите годинава изнесуваат по 4.500 денари месечно и ќе се исплаќаат осум месеци, од октомври 2026 до мај 2027 година. „Кога ги гледам овие деца, гледам талент, желба и храброст, кои не зависат од околностите во кои растат. Наша обврска е да им дадеме поддршка и да им покажеме дека не се сами. Овие стипендии се помош за нивните училишни потреби, но и поттик да веруваат во себе. Секое дете заслужува можност да напредува и да го оствари својот потенцијал“, порача градоначалникот Герасимовски. Тој им посака на учениците многу успеси и одлични оценки, охрабрувајќи ги да останат љубопитни, трудољубиви и упорни во учењето. Општина Центар стипендиите ги доделува секоја година, по една за ученик од секое од осумте општински основни училишта, со цел да им помогне на децата од семејства во социјален ризик и да обезбеди подобри услови за образование. За оваа намена, од Буџетот на Општина Центар за тековната учебна година се обезбедени вкупно 330.000 денари.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook