Муцунски ја повика опозицијата на консензус за реформската агенда - Канал 5

Муцунски ја повика опозицијата на консензус за реформската агенда

Време е за национален консензус и политичка одговорност, опозицијата да ги остави дневно политичките препукувања на страна и да ги поддржи клучните реформски закони за ЕУ, повика шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски. 

Муцунски ја повика опозицијата на консензус за реформската агенда

Според него потребен е меѓусебен дијалог и взаемна почит, а не блокади во институциите и Собранието, особено за Изборниот законик и правосудните закони за кои е потребен или консензус или двотретинско мнозинство, за Македонија да може да ги искористи европските пари за кои земјава според него очекува историски висока исплата на средства од Планот за раст.

- Затоа денес сакаме јасно да упатиме повик до опозицијата. Да ја тргне дневната политика на страна кога станува збор за европската иднина и да покажеме зрелост и конструктивност околу реформите што се клучни за државата, особено за оние коишто се директно поврзани со реформската агенда и планот за раст, пред се Изборниот законик и правосудните реформи. Токму тука денес е потребна политичка зрелост не декларативна поддршка за Европа на прес-конференции туку конкретна поддршка таму кадешто навистина се носат одлуките. Во институциите и во Собранието. Не може вие секојдневно да зборувате како парола, Европа, Европа, а кога сте повикани да учествувате во работна група за измени на закон којшто европа го бара од нас да речеме ние го бојкотираме процесот, изјави Муцунски.

За разлика од Муцунски, лидерот на СДСМ Филипче смета дека уставните измени се клучот за земјава да продолжи напред по европскиот пат. Тој денеска не одговори конкретно дали СДСМ го прифаќа повикот за консензус од Муцунски за реформските закони и Изборниот законик, но упати критики до власта дека го кочи европскиот пат на земјава и нема кредибилитет да ја води државата.

-Кој Тимчо Муцунски го бара тоа? Тој што беше против Преспанскиот договор, тие што го бојкотираа референдумот или овој сега што вика дека НАТО е добар? Тимчо Муцунски прашува за национално единство? Којшто се докажува дека бил дел од тим којшто лажел и ја загрозува нашата иднина, тој бара реформи и Европа, не сака Муцунски реформи и Европа, ниту Христијан, ниту бандатата. Реформите се викаат уставни измени и почеток на преговори, отворање на поглавјата. Тоа е вистинскиот пат напред, нека не мачкаат очи. И ако не сакаат нека си заминат, затоа што ќе одговараат, изјави Филипче.

Министерот Муцунски, пак, изрази разочарување што главните опозициски партии кај нас не го осудиле користење на терминот „северномакедонци“ од неговата бугарска колешка Петрова Чамова пред неколку дена во Брисел, но дијалог со Бугарија вели е потребен и покрај вжештената реторика, а како знак на добра волја кажа дека побарал билатерална средба со нејзе на состанокот на министри за надворешни работи на земјите членки на НАТО алијансата, што ќе се одржи во Шведска за околу десетина дена. Засега одговор од бугарска страна нема, но е оптимист дека ќе добие позитивен одговор.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Ќерката на Никол Кидман, Сандеј Роуз, преку социјалните мрежи се осврна на еден од најголемите моменти во нејзината досегашна кариера.

Ќерката на Никол Кидман го оствари сонот што го имала на 16 години: „Плачев од среќа“

Младата манекенка се присети како, пред само две години, го гледала настанот „Vogue World“ со својата мајка и сонувала еден ден и самата да учествува во него. Оваа година, таа желба се оствари.

„Дојдов во Париз со мајка ми пред две години и се сеќавам дека слушнав оти токму тој ден се одржува ’Vogue World‘. Се вратив во хотелот и го гледав преносот на YouTube – сите тие прекрасни жени, музиката и целиот спектакл. Во Милано сфатив дека оваа година и самата ќе учествувам во шоуто. Мојата 16-годишна верзија ќе плачеше од среќа, а плачев и јас сега, на 18 години. Имам огромна среќа што можам да доживеам вакви работи и да запознаам толку многу луѓе“, напиша Сандеј на Инстаграм.

Оваа 18-годишна девојка учествуваше на ревијата „Vogue World“ за време на Модната недела во Милано во септември. Таа се појави во полупроѕирен бел фустан со длабоко деколте, широки ракави и лелеава силуета. Фустанот беше украсен со нежен цветен вез.

Советот на Никол Кидман за нејзината ќерка

Во интервју за ноемвриското издание на „Vogue“, Никол откри како ги советува своите ќерки додека тие растат под будното око на јавноста. Кога ја прашаа за омразата на интернет, осудувањето и нападите, таа одговори: „Едноставно се вртиш и си заминуваш. Зашто тоа ќе те скрши. Ќе те уништи“.

„Тоа многу ме плаши. Но, јас почнав да работам на 14 години, така што и немам многу право на глас“, додаде таа. Сандеј претходно зборуваше за магазинот „Nylon“ за правилата што нејзината мајка ги поставила во врска со нејзината кариера.

„Постојат две важни правила“, рече таа. „Првото беше дека не можев да работам во модната индустрија сè додека не наполнив 16 години. Второто е дека училиштето секогаш мора да биде на прво место. На почетокот тоа го мразев, но всушност мило ми е што постојат тие правила, бидејќи ми помагаат да останам цврсто на земја.“

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

Само 10% од Германците изјавиле дека се задоволни од работата на канцеларот Фридрих Мерц – што претставува најниска бројка во последните речиси 30 години – според анкетата „Deutschlandtrend“, за што известува порталот „Interia“.

Фридрих Мерц е во сериозни проблеми

На почетокот на септември, 13% од испитаниците ја оценувале работата на Мерц позитивно. Оваа нова бројка го означува најниското ниво во текот на целиот негов мандат како канцелар.

Доколку изборите за Бундестагот се одржеле на преминот од септември кон октомври, блокот CDU/CSU би можел да смета на 20% од гласовите. Тоа е за еден процентен поен помалку отколку на почетокот на септември.

Крајно десничарската партија „Алтернатива за Германија“ (AfD) доби најголема поддршка во анкетата, со 27%; нејзиниот рејтинг остана непроменет во текот на месецот. Зелените би освоиле 16%, Социјалдемократската партија на Германија (SPD) 13%, а партијата „Левица“ (Die Linke) 11%. Со 4% од гласовите, Слободната демократска партија (FDP) не би го достигнала изборниот праг од пет проценти.

Што се однесува до членовите на владата, министерот за одбрана Борис Писториус (SPD) доби значително подобри оценки од канцеларот: 50% од учесниците во анкетата биле задоволни или многу задоволни од неговата работа. Работата на министерот за надворешни работи Јохан Вадефул позитивно ја оцениле 34% од испитаниците, додека работата на министерот за внатрешни работи Александар Добринд добила позитивна оценка од 27%. Околу 20% од испитаниците биле задоволни од работата на вицеканцеларот и министер за финансии Ларс Клингбајл, додека приближно еден од шест испитаници бил задоволен од работата на министерката за труд Бербел Бас. И двајцата се членови на „SPD“.

Анкетата била спроведена кон крајот на септември од страна на институтот „Infratest dimap“. Истражувањето било спроведено преку телефон и интернет, користејќи репрезентативен примерок од 1.303 гласачи со право на глас.

Извор: Б92

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Американскиот претседател Доналд Трамп го прашал „Грок“ – чет-бот со вештачка интелигенција во сопственост на Илон Маск – како народот на Венецуела би реагирал на апсењето на тогашниот претседател Николас Мадуро.

„Тајм“: Трамп го прашал „Грок“ што би се случило ако го уапси Мадуро

Ова се случило неколку недели пред тој да нареди операција за негово приведување, открива списанието „Тајм“. Наводно, вештачката интелигенција му рекла на Трамп дека многумина во Венецуела веројатно би го прославиле падот на Мадуро.

Во декември 2025 година, Трамп се сретнал приватно со Маск во Овалната соба, каде што со часови го испрашувал „Грок“ за својот мандат и политичкото наследство. „Тајм“ ја заснова оваа информација на изјава од официјално лице кое присуствувало на средбата.

Едно од прашањата што Трамп му ги поставил на чет-ботот било како би реагирале Венецуелците доколку САД го уапсат Мадуро. Официјалното лице цитирано од списанието вели дека „Грок“ го опишал Мадуро како „репресивен и крајно непопуларен диктатор“ и проценил дека многумина во Венецуела навистина би можеле да го прослават неговиот пад.

Операција во Каракас

Еден месец подоцна, Трамп наредил операција за апсење на Мадуро. Американските сили го привеле него и неговата сопруга, Силија Флорес, за време на воена операција во Каракас на 3 јануари, а потоа ги префрлиле во Соединетите Држави.

Мадуро бил однесен во Њујорк, каде што се соочува со федерални обвиненија за трговија со дрога – обвинувања што тој ги негира. Кога некои Венецуелци навистина го прославиле апсењето, Трамп – според официјалното лице – заклучил дека „Грок“ е „генијален“.

Извор: Индекс.хр

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер