Муцунски: Една од иницијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство - Канал 5

Муцунски: Една од иницијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство

Многу е значајно што во ЕУ постои сериозен импетус за проширување кон целиот регион на Западниот Балкан, изјави за МИА министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на крајот на неговата дводневна работна посета на Брисел.

Муцунски: Една од иницијативите во Брисел е за одредени фази во проширувањето да се гласа со квалификувано мнозинство

- Постојат повеќе иницијативи. Една од тие иницијативи е онаа за гласање со квалификувано мнозинство во Советот кога се во прашање одредени фази од проширувањето. Факт е дека големо мнозинство од земјите членки и европските институции во целост го делат ставот дека проширувањето треба да биде засновано на принципот на постигнувања, изјави Муцунски.

Сепак, според него, факт е и тоа што ни случува нам во пристапниот процес со години наназад, па затоа охрабрување претставуваат пораките како денешната при презентацијата на извештајот по Стратегијата за проширувањето на ЕУ дека билатералните прашања не смеат да се користат како лост за блокирање на процесот на пристапување на земјите кандидати за членство.

- Тоа е нешто што не радува, но ние, исто така, треба да сме свесни за реалноста што постои, а тоа е фактот дека се уште сме блокирани од страна на една земја членка во отпочнувањето на преговорите. Истовремено, факт е дека треба да ја вложиме сета наша енергија врз основа на добра верба и да имаме насоченост кон изнаоѓање решенија за сите предизвици, но секако, ќе го повторам и тоа што е конзистентен став на Владата повеќе месеци, дека решенијата на билатералните предизвици никако да не бидат решавани така што ќе задираат или ќе ги доведат во прашање македонскиот идентитет, јазик и културна посебност, истакна Муцунски.

Во врска со најавата на Атина за нејзина иницијатива за европската перспектива на земјите од Западниот Балкан, Муцунски рече дека верува оти Грција ќе остане еден од нашите поддржувачи на патот за полноправно членство во ЕУ, бидејќи нашето интегрирање во Унијата покрај во наш, е и во интерес и на нашите соседи кои се членки на блокот.

- Нашите билатерални односи со Грција се развиваат во позитивен правец во последните година дена. Се работи на многу опипливи проекти кои што носат бенефит за нашите граѓани и бизнис заедницата. Тука примарно мислам на Коридорот 10 и на интерконекторот што е во изградба и се изведува во моментов, рече шефот на дипломатијата.

Тој додаде дека пред околу една недела присуствувал на средба организирана од стопанските комори на двете држави, на која биле упатени позитивни сигнали во делот на деловната и трговската соработка.

За време на посетата на Брисел, Муцунски вчера се сретна со еврокомесарката за проширување Марта Кос, по што присуствуваше на вечера што за шефовите на дипломатиите на шесте земји од Западниот Балкан ја организираше високата претставничка на ЕУ за надворешни работи и безбедносна политика Каја Калас, додека денеска, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков и со скопскиот градоначалник Орце Ѓорѓиевски, имаше средба со еврокомесарот за меѓугенерациска правичност, млади, култура и спорт Глен Микалeф.

Муцунски нагласи дека фокусот на средбата со еврокомесарката Кос бил на повеќе прашања, меѓу кои приоритетите во делот на домашните реформи, исполнувањето на одредени реформски процеси кои што се поврзани со Реформската агенда, како и предизвиците кои што ги имаме, вклучително и билатералниот спор со Бугарија.

- Зборувавме за различните инцијативи што ги има со цел конечно нашата држава да ги започне преговорите со Европската Унија и во таа насока верувам дека во периодот што претстои ќе почнеме да гледаме опиплив напредок во сите реформски области кои што се значајни за државата, рече Муцунски.

На работната вечера со Калас дискусијата примарно била поврзана со планот на ЕУ за Западниот Балкан од политичка гледна точка и чекорите поврзани со интеграцијата на целиот регион во Унијата, како и за заедничките безбедносни предизвици.

- Средбата со еврокомесарот Микалеф беше продуктивна и заклучокот од неа беше дека слабиот менаџмент на процесот од страна на претходната администрација на Град Скопје, за жал го имаше доведено во прашање тоа дали Скопје ќе остане европски град на културата во 2028 година. Сепак во еден краток период, по изборот на градоначалникот Ѓорѓиевски во координација со Владата ќе успееме да го зачуваме статусот, рече Муцунски.

Тој додаде дека реализацијата на самитот проект „Скопје – Европска престолнина на културата 2028“ ќе ја има поддршката на Владата и на Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се урна воен хеликоптер во Турција, има загинати (ВИДЕО)

Пет лица загинаа во несреќата на хеликоптер на турските воздухопловни сили, откако полета од Ескишехир на тренинг лет, соопшти турското Министерство за одбрана. 

Се урна воен хеликоптер во Турција, има загинати (ВИДЕО)

Операциите за пребарување и спасување продолжуваат на местото на настанот, објави „Туркие Тудеј“.

Во соопштението се вели дека хеликоптерот AS-532, кој припаѓал на воздухопловните сили, се урнал по полетувањето од Ескишехир, каде што требало да изврши тренинг лет. Властите стигнале до остатоците, а спасувачките екипи продолжуваат со својата работа на терен. Причината за несреќата сè уште не е позната.

Локалните медиуми почнаа да известуваат за несреќата кратко пред 20 часот по локално време, велејќи дека леталото се урнало во близина на автопатот Ескишехир-Ќутахја во областа на селото Јорукакчајир во округот Тепебаши.

На местото на настанот беа испратени голем број жандармериски и полицајци, како и екипи на брза помош и противпожарна служба.

Хеликоптерот AS-532 припаѓа на семејството хеликоптери со среден погон со двоен мотор „Кугар“, произведени од „Ербас Хеликоптерс“, порано познати како „Еурокоптер“. Воениот хеликоптер го користат воздухопловните сили на неколку земји за транспортни мисии, како и за операции за пребарување и спасување.

Втора несреќа на воен хеликоптер во Турција овој месец

Несреќата се случи помалку од две недели откако друг воен хеликоптер се урна во Турција. Министерството за одбрана на 12 ноември соопшти дека хеликоптерот С-70 се урна во округот Јешилурт во покраината Малатија, при што загинаа четворица војници.

Причината за несреќата исто така не е утврдена. Делови од остатоците паднале врз куќа, а две лица се здобиле со полесни повреди, според извештаите од тоа време.

Ескишехир се наоѓа во западна централна Анадолија и е една од важните локации за турските воздухопловни сили, поради што воените летови се чести во областа. Тепебаши е еден од двата централни градски окрузи на Ескишехир.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра од ЕУ и замрзување на дел од европските фондови

Европската комисија предупреди дека Бугарија се соочува со парична казна во висина до 25 милиони евра поради прекумерното буџетско трошење и непочитувањето на фискалните правила на Европската Унија.. 

Бугарија се соочува со казна до 25 милиони евра од ЕУ и замрзување на дел од европските фондови

Како што пренесуваат бугарските медиуми, Европската Комисија соопштила дека не гледа доволни напори за намалување на трошоците, по започнувањето на постапката за прекумерен дефицит против земјата.

Тековните препораки се однесуваат на дефицитот за 2026 година, кој, според пресметките на Европската Комисија, ги надминува утврдените граници од 2,3 отсто..

Според европскиот комесар за економија, Валдис Домбровскис, конечната одлука за изрекување на казната се очекува на 11 декември..

Дополнително, Софија се соочува и со ризик од замрзнување на дел од средствата од европските фондови доколку до пролет не преземе соодветни мерки за стабилизирање на јавните финансии..

Доколку казната биде официјално изречена, Бугарија ќе стане првата земја-членка во историјата на Европската Унија која е парично санкционирана поради прекршување на европските фискални правила..

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Поранешниот принц Ендру примил 900.000 евра мито- турска милионерка му платила за „голема услуга“

Турска милионерка му кажа на Високиот суд дека била измамена во 2019 година во врска со плаќање од 750.000 фунти што го направила на Ендру Маунтбатен-Виндзор, поранешниот принц Ендру, втор син на покојната кралица Елизабета II.

Поранешниот принц Ендру примил 900.000 евра мито- турска милионерка му платила за „голема услуга“

Небахат Исбилен тврди дека нејзиниот поранешен бизнис советник Селман Турк присвоил 38 милиони фунти од нејзиниот имот, вклучително и плаќање до тогашниот војвода од Јорк за кое таа верувала дека е компензација за помош при добивање пасош.

Турк ги негира обвинувањата, тврдејќи дека Исбилен, 81, знаела дека парите всушност се исплаќаат со надеж дека Маунтбатен-Виндзор ќе може да му помогне на нејзиниот сопруг, политичар кој е во затвор во Турција.

Маунтбатен-Виндзор вратил 750.000 фунти (околу 900.000 евра) и се очекува да се појави пред Високиот суд во декември. Тој не е обвинет за никакво кривично дело.

Адвокатите на Исбилен, исто така, му рекоа на судот дека Турк, исто така, наредил посебна исплата од 15.000 фунти на поранешната сопруга на принцот Ендру, Сара Фергусон, наводно за да го прослави 60-тиот роденден на поранешната војвотка од Јорк во 2019 година, како и неоткриена сума како „свадбен подарок“ за нивната ќерка, принцезата Беатрис.

Семејството Исбилен основало една од најголемите компании за сапуни и козметика во Турција.

Меѓутоа, кога нејзиниот сопруг Илхан, поранешен член на турскиот парламент, бил уапсен во 2015 година, таа сакала помош за преместување на нејзините средства од Турција.

Нејзините адвокати рекоа дека обвиненијата против нејзиниот сопруг биле „политички мотивирани“ и дека таа се соочила со „политички прогон“ во 2017 година. Таа ја напуштила Турција во 2017 година за Грција, пред да се пресели во Лондон во 2018 година.

Сајмон Колтон, кралски советник што ја застапува Исбилен, рече дека се запознала со Турк во јануари 2017 година и му дала контрола врз поголемиот дел од нејзините финансиски средства.

Сепак, додаде Колтон, Турк „намерно и систематски ја злоупотребил“ нејзината доверба и ги префрлил парите на компании што ги поседувал или контролирал.

Колтон додаде дека Исбилен одобрил исплата од 750.000 фунти на принцот Ендру, но дека Турк „ја излажал“ за целта на исплатата, што е „уште еден пример за неговата нечесност“.

Судот слушна дека Исбилен имала приватна вечера со тогашниот војвода и војвотка од Јорк во станот на Турк во декември 2019 година, каде што разговарала за случајот на нејзиниот сопруг.

Адвокатите на Турк му рекоа на судот дека Исбилен ги разбирала и ги управувала своите работи.

„Во околностите во кои тужителот вечерал со војводата и војвотката и разговарал со својот сопруг со нив, таа не можела да поверува дека 750.000 фунти е прикриен надомест за помош со пасош или виза“, рече Џошуа Хиченс, адвокат кој ја застапува Турк.

Судењето пред судијата Адам Џонсон треба да заврши во март, а писмена пресуда ќе биде донесена подоцна.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер