3Прва снимка од природно чудо: Пајакот користи мрежа за да направи пружина и ги лансира мравките побрзо од Ф1
СветМу се влоши здравствената состојба на поранешниот претседател Жаир Болсонаро Здравствената состојба на поранешниот бразилски претседател Жаир Болсонаро се влоши по операцијата на цревата пред речиси две недели, соопштија денес неговите лекари.Медицинскиот тим во болницата „ДФ Стар“ во Бразилија, каде што Болсонаро продолжува да се опоравува на интензивна нега по операцијата, а состојбата му е влошена, соопшти дека поранешниот претседател има висок крвен притисок и дека резултатите од лабораториските тестови за црниот дроб се влошиле. Лекарите рекоа дека Болсонаро денес ќе биде подложен на дополнителни скенирања, објави „Глоуб енд Меил“. Болсонаро беше подложен на 12-часовна операција на цревата на 13 април, негова шеста операција по убодот во стомакот за време на предизборен митинг во септември 2018 година. Болсонаро претрпе повеќе операции за време на неговиот претседателски мандат од 2019 до 2022 година. Лекарите ја опишаа најновата операција како „најсложена“ досега. Службеник на Врховниот суд во средата отишол во болничката соба на Болсонаро за официјално да го информира за почетокот на судењето за наводниот обид за државен удар. Судски службеник изјави дека наредбата е издадена на 11 април, истиот ден кога Болсонаро првпат бил примен во болница со болки во стомакот.Тагови: Болсонаро состојбата Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
СветМелони повикува на нормализација на односите со САД по конфликтот со ТрампИталијанската премиерка Џорџа Мелони вели дека односите со САД мора да се вратат во нормала по јавната расправија што минатата недела ја имаше со американскиот претседател Доналд Трамп.„Немам намера да продолжам да го поттикнувам овој спор“, рече италијанската премиерка, која оцени дека не постои ризик од негативни последици врз односите меѓу Италија и САД и дека врските меѓу двете држави остануваат добри. Во петокот Мелони го обвини својот некогашен близок сојузник Трамп дека измислил приказна за неа откако тој за италијанска телевизија изјави дека таа го молела да се фотографира со неа за време на неодамнешниот самит на Г-7 во Франција.Тагови: Мелони Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиМакедонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00Муцунски: Јас би се извинил, до овој момент немам одговор од бугарската страна11:12Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
Македонското МНР бара објаснување и темелна истрага од Софија за протекувањето на дипломатската нота15:00
Денеска официјално ќе биде промовирана „Везилка“ – првиот центар за вештачка интелигенција во земјава09:33
Владата очекува годишната стапка на раст на цените на основните прехранбени производи во јули да биде 3%15:00
Мицкоски: Во јули годишната стапка на промени на цените на основните прехранбени производи да биде под 3 проценти11:05
ЕвропаПолитико: Унгарија го блокира забрзувањето на преговорите на ЕУ со Украина и МолдавијаУнгарија не даде согласност за клучниот процедурален чекор неопходен за забрзување на пристапните преговори на Европската унија со Украина и Молдавија, објави Политико, повикувајќи се на двајца дипломати на Европската унија.Европската унија на 15 јуни официјално го отвори првиот преговарачки кластер со Украина и Молдавија, а европските челници најавија дека Киев до средината на јули ќеги отвори сите шест кластери. Остварувањето на таа цел сега е доведено во прашање, бидејќи Унгарија вчера била единствената земја членка што се спротивставила на испраќањето писмо до Европскиот совет и до Европската комисија со таков предлог. Унгарскиот премиер Петер Маѓар не се спротивстави на отворањето на првиот кластер за Украина, но претходно реагираше дека ставањето на брза лента на земјата би испратило погрешна порака до Србија, Албанија, Црна Гора и Македонија, кои со години работат на членството во Европската унија.Тагови: Унгарија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаЦУК: Активни три пожари низ Македонија, во Куманово и Илинден- горат бандери, дрвја и отпадНа територијата на државата до 14:30 часот се регистрирани вкупно пет пожари на отворен простор. Од нив, три пожари се активни, еден е ставен под контрола, а два пожари се изгаснати. Како што соопшти ЦУК, активни пожари има: во Општина Демир Хисар – с. Обедник каде гори ниска вегетација, во Општина Куманово – населба Перо Чучо каде се зафатени бандери и дрвја, и во Општина Илинден – с. Јурумлери запален е кабаст отпад. Под контрола е ставен пожарот во Општините Свети Николе и Лозово – с. Делисинци и с. Сарамзалино, каде гори ниска вегетација. Изгаснати се пожарите во општините Куманово на ул. „Ѓуро Пуцар“ бр. 38 и во Чашка, во с. Чашка каде горела ниска вегетација.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter