3Официјална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот Мицкоски
Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
2Вечерва стартува новата сезона во англиската Премиер лига, натпреварите ќе се играат според нови правила
3Одлука што ќе предизвика негодување: Само Реал Мадрид им забрани на судиите да даваат телевизиски интервјуа за натпреварот
БалканМу преседнал бурекот од 400 евра, сега ќе му ги вратат парите Млад доставувач во Љубљана заработи казна од 400 евра, бидејќи бил фатен на скали од црква без маска за време на ограничувањата за Ковид-19.Јадел бурек кога му пришла полиција. Целата ситуација ја снимила камера, а фотографијата се појавила на социјалните мрежи. Случајот одекна во јавноста, но сега парите ќе му бидат вратени на момчето (400 евра). Истото важи и за повеќе од 60.000 Словенци кои ги прекршиле мерките за време на пандемијата, јавува Би-Би-Си. Во период од две и пол години, полицијата изрекла казни од вкупно шест милиони евра, но оваа недела стапува на сила законот за поврат на пари. Ова ќе го исполни ветувањето на премиерот Роберт Голоб пред да биде избрана неговата партија Движење за слобода минатата година. Претходната влада на чело со Јанез Јанша воведе строги ограничувања за движење и собири, а во ноќните часови важеше полициски час. Гладниот доставувач на храна бил еден од многуте казнети поради кршење на правилата за носење маски внатре или надвор.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаЈанчев: Нови еколошки алатки за почист и уреден градДенес беа промовирани новите еколошки алатки на ЈП „Комуналец“, наменети за поефикасно и современо одржување на градските зелени површини.Новата опрема ќе придонесе за полесно, побрзо и поеколошко одржување на Градскиот парк „Љупчо Шкартов“, создавајќи почисто и поубаво место за сите граѓани, соопшти градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев. Тагови: Митко Јанчев Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
СветМосква: Подготвени сме за нови идеи за мир во Украина, но само ако ја одразуваат реалноста на теренРусија е подготвена да разгледа нови американски предлози за прекин на војната во Украина, но тие мора да ја земат предвид состојбата на терен и руските барања, изјави заменик-министерот за надворешни работи Сергеј Рјабков.Според него, комуникацијата меѓу Москва и Вашингтон продолжува на повеќе нивоа, вклучително и меѓу владините структури и безбедносните служби. Тој оцени дека американската страна во одредени моменти покажала „конструктивен пристап“ и поголемо разбирање за руските позиции, но додаде дека напредокот ќе зависи и од влијанието на Вашингтон врз Киев и европските сојузници. Русија во моментов контролира околу една петтина од украинската територија, а Москва инсистира секој мировен договор да ја земе предвид сегашната состојба на фронтот. Украина, пак, останува на ставот дека договор кој би ја легализирал руската окупација е неприфатлив..Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаОфицијална Тирана реагира зашто немало албанска химна на фестивалот во Пустец на кој присуствал премиерот МицкоскиМинистерството за Европа и надворешни работи на Албанија реагира по културниот настан одржан вчера во Пустец на кој присуствуваше премиерот Христијан Мицкоски, поради тоа што не била интонирана химната на Албанија, покрај македонската.Албанското МНР го опиша ова како сериозен недостаток на почитување на националните симболи и правилата на институционалниот протокол. - Почитувањето на националните симболи не треба да биде прашање на политика или толкување. Тоа е дел од институционалната етика, протоколот и, пред сè, меѓусебно почитување, особено во простор каде што коегзистираат различни заедници и идентитети. “, пишува во реакцијата на албанското минстерство. Премиерот Христијан Мицкоски вчера објави дека ја посетил Мала Преспа и присуствувал на Фолклорниот фестивал „Преспа 2026“ посветен на македонската традиција, култура и фолклор, што се одржал под негово покровителство. Оттаму порача дека границите може да ги поделат териториите, но не може да ги избришат јазикот, културата и чувството на припадност.Тагови: Христијан Мицкоски Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook