МТСП: 8 декември неработен ден за сите граѓани на Република Македонија

Согласно Законот за празници на Република Македонија, 8 декември 2021 година (среда) – „Св. Климент Охридски" е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија, информираа од Министерството за труд и социјална политика.

Министерството им го честита празникот „Св. Климент Охридски" на сите граѓани.

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје изминатата недела била безбедна и квалитетна за пиење, покажуваат примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 47 мерни места во Град Скопје, информираат од ЈП „Водовод и канализација – Скопје".

Ова го покажува неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, во кој земените 196 примероци за физичко-хемиска и 196 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, од 47 мерни места во град Скопје, во периодот од 10 до14 јануари 2022 покажува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.

Снежно невреме во источниот дел на САД, 200.000 домаќинства без струја

Силно снежно невреме го погоди источниот дел на САД, поради што дојде до прекин на електричната енергија. Повеќе од 200.000 домаќинства во Џорџија, Северна и Јужна Каролина се без струја.

Властите ги предупредија граѓаните да се воздржат од патување поради лошите временски услови. Откажани се 3.000 летови, а 8.000 полетале со доцнење.

Снежното невреме стигна и до Канада, каде за само неколку часа паднаа 20 до 40 сантиметри снег.

Спасовски: МВР за граѓаните – Продолжуваме!

МВР за граѓаните – Продолжуваме!, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски утрово на неговиот официјален фејсбуф профил.

Од 2017 до 2021 година, реконструирани се 70 објекти на МВР, целосно нови униформи за специјалните единици, Униформираната полиција, Одделот за заштита на определени личности и објекти во рамки на БЈБ, за Хеликоптерската единица и за младите полицајци и приправници

– Исплатени се три бонус плати за прекувремено работни часови, сериозен успех во борба со илегална миграција, недозволена трговија со дрога и оружје, зголемена безбедност на сообраќајот на патиштата. Вратена е довербата на граѓаните во МВР, воспоставен концепт полиција – сервис на граѓаните. Република Македонија е рангирана како најбезбедна држава на Западен Балкан, со скок од 71. место на 40.место во овој временски период, напиша Спасовски.

Во 2022 година, објави министерот Спасовски, зголемување на плата за пет проценти на сите вработени во МВР, обезбедени средства за бонус плата за оствaрени над 150 часа прекувремена работа во 2021 година, реконструкција на Центарот за обука Идризово, Одделот за граѓански работи во МРТВ и изградбата на Полициската станица Аеродром. Продолжува реновирањето на ОВР Прилеп, ОВР Радовиш, ОВР Делчево, ОВР Берово, ЕВР Карпош, Одделот за заштита на личности и објекти во Скопје, ЕВР Гази Баба и ОВР Свети Николе

– Национален форензички центар – нов објект на Одделот за криминалистичко-технички испитувања и вештачења. Проект „Автоматизирана идентификација на отпечатоци од прсти и дланка" – нова лабораториска опрема за Крим-техника. Модернизација на летало на Оддел за воздухопловни единици на МВР, со најмодерна опрема за комуникација и опрема за гасење пожари, објави Спасовски.

Министерот за внатрешни работи Спасовски најави дека продолжуваат и во 2022 година сѐ до целосно сообразување со стандардите и нормите на современите и квалитетни европски и светски полициски практики.

притисни ентер