Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
2Средба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правото
КултураМТФ „Војдан Чернодрински" за одржување на јубилејното 55-то издание ќе чека подобри времињаМакедонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински" кој требаше да почне денеска и да го одбележи, со врвни претстави и гостувања од странство, својот голем јубилеј, 55-години постоење, ќе чека подобри и стабилни времиња.Собранието на Фестивалот, како последен термин за одржување, ако се стабилизираат состојбите, го споменува 25 септември, или- јубилејот да се слави догодина. Традиционално, Фестивалот почнуваше во првиот петок од јуни и се одржува една недела. Според Катарина Коцевска, претседател на Собранието на Фестивалот на седницата која се одржала деновиве се одлучило, доколку дозволат здравствените услови и доколку има можности, да се одржи од 25 септември до 2 октомври. Ако не, јубилејот ќе се прославува догодина. -Во услови на пандемија, невозможно е да се прават планови за вакви реномирани манифестации со огромен број публика, со бројни актерски екипи на сцената. Никој не може да знае како ќе се одвиваат состојбите. Но, на Собранието на Фестивалот, кој го сочинуваат директорите на професионалните театри од земјава, донесовме одлука – ако, и само ако, дозволат состојбите и државните уредби, Фестивалот да се одржи од 25 септември до 2 октомври. Ако не, јубилеите ќе мора да ги славиме догодина, вели Коцевска. Останува концептот за јубилејното издание на најреномираната театарска манифестација во земјава. Наместо фестивалска селекција, секој од 16-те професионални театри да ја предложи најдобрата претстава од својот репертоар. И сѐ во чест на јубилејот и на театарската уметност која, нагласува Коцевска, ги преживеала сите премрежја повеќе од два милениума./МИАКрадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
БалканУкраинец уапсен во Пула поради подводна саботажа на Руски текУкраинец вчера е уапсен во Пула поради најголемата модерна подводна саботажа.Володимир Журављов, украински државјанин уапсен вчера во Пула врз основа на европски налог за апсење, денеска е изведен пред судот во Пула, судот спроведува постапка за утврдување на идентитетот и одлучува за неговата екстрадиција во Германија. Журављов е донесен во судот со лисици на рацете. Вчерашното апсење на еден украински државјанин во Пула повторно го сврте вниманието на јавноста кон најголемата подводна саботажа во поновата историја. Станува збор за операцијата за уништување на гасоводот „Северен тек“ (кој ги поврзува Русија и Германија) во септември 2022 година; уапсениот е поврзан со Володимир Журављов (во германските медиуми спомнуван и како Володимир З. или Wolodymyr Schurawljow), украински инструктор по нуркање за кого Сојузниот суд во Карлсруе имаше издадено европски налог за апсење. Полициската управа на Истра вчера за хрватски „Индекс“ потврди дека уапсила маж во туристички објект во областа на Пула, постапувајќи по налог издаден од германските правосудни органи. Според неофицијални информации претходно објавени од странски медиуми, Журављов е 44-годишен професионален инструктор за техничко нуркање и нуркање на големи длабочини. Германското сојузно обвинителство го товари за саботажа против уставниот поредок и предизвикување разорна експлозија, а го сомничи дека е еден од поединците кои директно поставиле експлозив на гасоводите на дното на Балтичкото Море; сепак, германските правосудни органи нагласуваат дека важи претпоставката за невиност сè до донесувањето на правосилна пресуда. Според заедничката истрага на германските медиуми ARD, „Зидојче цајтунг“ (Süddeutsche Zeitung) и „Ди цајт“ (Die Zeit), Журављов бил дел од тим што испловил од германското пристаниште Росток во почетокот на септември 2022 година, на изнајмената едрилица „Андромеда“. Истражителите се сомневаат дека нуркачи се спуштиле на длабочина од околу 80 метри во близина на данскиот остров Борнхолм за да постават експлозивни направи што содржеле хексоген и октоген на челичниот цевковод; овие направи ги разнеле три од четирите цевки во системите „Северен тек 1“ и „2“ на 26 септември 2022 година.Тагови: руски гас Хрватска Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаСредба Костадиновски-Шасивари: Институционалниот дијалог е клучен за унапредување на владеењето на правотоПретседателот на Уставниот суд, д-р Дарко Костадиновски и судијата проф. д-р Ана Павловска-Данева остварија средба со министерот за правда проф. д-р Јетон Шасивари. Во фокусот на средбата беа повеќе актуелни прашања од областа на уставноста, законитоста и функционирањето на уставно- правниот систем. На средбата беше истакнато значењето на отворениот и континуиран институционален дијалог, особено за прашања кои се од заеднички интерес и кои се однесуваат на унапредувањето на владеењето на правото и правната сигурност. Меѓу темите за кои се разговараше беа извршувањето на одлуките на Уставниот суд, законските механизми поврзани со нивното извршување, како и решенијата што се разгледуваат во рамки на подготовката на новиот закон за Судски совет и Кривичен законик. Соговорниците разменија мислења и за актуелните правни и реформски процеси, при што беше нагласена потребата од јасни законски решенија, почитување на уставните надлежности и координирана институционална комуникација за прашања кои имаат пошироко значење за правниот поредок. На средбата беше изразена подготвеност ваквиот институционален дијалог да продолжи и во иднина.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиАктивни пожари во мариовско, Студеничани, Македонски Брод, Кичево и Могила08:54Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31Западно-нилската треска одзема уште еден човечки живот15:00Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
Западнонилска треска: 36 потврдени и два веројатни случаи, во тек е СМС-кампања за информирање на населението15:00
Ангелов: Нема опасност по селото Крушевица во прилепскиот регион,ноќеска го изгаснавме огнот околу селото08:31
Муцунски: Амбасадорскиот совет во Скопје – стратешка координација за силна и активна македонска дипломатија12:19
СветАларм: Северна Кореја лансирала балистичка ракета?Јапонската влада денес објави дека Северна Кореја лансирала проектил за кој се верува дека е балистичка ракета, објави „Кјодо“.Јужнокорејските медиуми, исто така, објавија, повикувајќи се на војската на земјата, дека Северна Кореја лансирала неидентификуван проектил во морето источно од Корејскиот Полуостров. Јужнокорејската војска пред една недела соопшти дека детектирала лансирање балистичка ракета од областа на градот Вонсан на источниот брег на Северна Кореја. Ракетата прелетала повеќе од 700 километри, а Здружениот штаб на јужнокорејската армија соопшти дека анализата на нејзините карактеристики сè уште е во тек. North Korea fires possible ballistic missile over Sea of Japan https://t.co/LcpQDo0bxD — The Right News, Right Now. (@BradPorcellato) August 20, 2026 Тагови: ракета Северна Кореја Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook