МТФ „Војдан Чернодирнски“ со уште три претстави влегува во завршница - Канал 5

МТФ „Војдан Чернодирнски“ со уште три претстави влегува во завршница

Со денешните три претстави во официјалната програма, Македонскиот театарски фестивал „Војдан Чернодрински“ што се одржува во Прилеп, влегува во својата завршница.

МТФ „Војдан Чернодирнски“ со уште три претстави влегува во завршница

Во богатата денешна програма се и редовната Детска зона од 10 часот на платото пред Градскиот саат,од 11 часот промоцијата на театарска и театролошка литература, а напладне се разговорите на тркалезната маса за синоќешните претстави: „Ало!Ало!“ на театар комедија и „Дупло дно“ на домаќинот, прилескиот народен театар.

Вечер од 17 часот во народниот театар „Војдан Чернодрински“ е претставата Франкештајн“, по мотви од романот на Мери Шели. Од 19,30 часот на сцената од Центарот за култура „Марко Цепенков“, ансамблот на велешкиот театар ќе ја изведе претставата „Едвард втори“, по текст на Сашо Димоски, во режија на Андриј Жолдак, а од 22 часот во прилепскиот театар ќе се игра претставата „Демонот од Дебар маало“ од Горан Стефановски во режија на Наташа Поплавска, а во изведба на штипскиот театар.

Фестивалот завршува в петок на 14 јуни кога ќе биде позната најдобрата претстава, и од жирито и од публиката која за првпат гласа.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Царинска управа: Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници

Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници – граничните терминали ќе бидат целосно автоматизирани.

Царинска управа: Со два милиони евра грант од ЕУ се воведуваат паметни граници

Царинската управа започнува со имплементација на еден од најзначајните проекти за модернизација на граничната инфраструктура со којшто се воведуваат паметни системи за автоматизација на граничните терминали, за што се обезбедени грант средства од Европската унија во висина од два милиони евра. По претходно објавен јавен оглас потпишан е договор со изведувачот за набавка на опрема, со што се означува значаен прогрес на проектот чија имплементација треба да заврши до средината на наредната година.

Автоматизацијата на терминалите ќе овозможи значително побрз проток на стоки и намалување на времето на чекање и оперативните трошоци за економските оператори. Со замена на постојните рампи и ваги со нови дигитални системи поддржани со напредни аналитички видео камери – увозот, извозот и транзитот ќе се евидентира автоматски, за само неколку секунди по влезот на товарното моторно возило на царинскиот терминал.

Автоматските ваги и рампи ќе бидат директно поврзани со системот за видео надзор и за препознавање на регистарски таблички, за што во тек е постапка за набавка на софтвер – интегратор, со што ќе се овозможи поефикасна контрола и забрзан проток на легалната трговија во согласност со ЕУ стандардите. Воедно, примената на ваквите системи ќе овозможи и намалување на влијанието на човечкиот фактор, како една алатките за ефикасна борба против криминал и корупција.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа - Евростат зборува со бројки - Мицкоски со бајки.

СДСМ: Македонија со најнизок стандард и најслаба куповна моќ во Европа

Евростат објави јасни бројки. Македонија има најнизок животен стандард и најслаба куповна моќ во Европа.

Просечната потрошувачка кошница кај нас чини 50 евра (индекс 49,7), додека во Европската Унија чини 100 евра.

Зад нас нема никој, пред нас се Турција, Босна и Херцеговина, Романија, Бугарија, Црна Гора и Србија.

Додека Мицкоски од прес-конференција до прес-конференција зборува за „поголем раст од ЕУ“, за „прво место во туризмот“ и за „економско чудо“, Евростат вели едно:

Ние сме на дното.

Ниските цени не се успех.

Тие се одраз на сиромаштија и слаба куповна моќ.

Евростат не држи прес-конференции.

Евростат објавува реалност.

А реалноста е дека граѓаните живеат полошо од сите во Европа.

Тоа е економското чудо на Мицкоски - во факти. А тоа најдобро го знаат граѓаните на Македонија.

СДСМ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Хрватот Јошко Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер Сити

Репрезенативецот на Хрватска, 24 годишниот Јошко Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер Сити, со што се обврза кон клубот до летото 2031 година. 

Хрватот Јошко Гвардиол потпиша нов договор со Манчестер Сити

Хрватскиот репрезентативец, кој се етаблираше како еден од клучните играчи на тимот по доаѓањето од РБ Лајпциг во 2023 година, на тој начин ја обезбеди својата долгорочна иднина.

„Овој 24-годишен фудбалер, кој по природа е централен дефанзивец, покажа висок квалитет и играјќи на позицијата лев бек. Досега има одиграно 122 натпревари и постигнато 13 гола за клубот. Во овој период, тој освои шест трофеи со Сити: Премиер лигата, ФА Купот, Лига-купот, Светското клупско првенство на ФИФА, Суперкупот на УЕФА и Комјунити Шилд. Гвардиол е и редовен член на хрватската репрезентација, за која досега има забележано 52 настапи. Тој беше дел од составот и на Светското првенство во 2026 година“, се наведува во официјалното соопштение на Манчестер Сити.

„Кога слушнав дека Сити ми нуди продолжување на договорот, веднаш знаев дека го сакам тоа. Навивачите се прекрасни кон мене уште од првиот ден, а клубот им обезбедува апсолутно сè на играчите. Ова е најдобриот клуб во светот“, изјави Гвардиол.

„Во текот на овие три години почувствував огромна љубов и почит, на што сум многу благодарен. Соиграчите ми се фантастични; имаме тим од светска класа, кој е млад и полн со потенцијал. Уверен сум дека во годините што доаѓаат ќе постигнеме уште многу успеси.“- истакна Гвардиол п-о п-родолжувањето на договорот со Сити.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер