Мртви риби и чудна пена ги прекрија плажите во Австралија, сурферите се жалат на труења - Канал 5

Мртви риби и чудна пена ги прекрија плажите во Австралија, сурферите се жалат на труења

Две плажи во Австралија се затворени откако на брегот излегле мртви риби и чудна бела пена, додека сурфери пријавиле дека се чувствуваат лошо.

Мртви риби и чудна пена ги прекрија плажите во Австралија, сурферите се жалат на труења

Цветањето на микроалгите предизвикано од невообичаени временски услови е најверојатна причина за труењето на луѓе и морски животни, создавајќи пена што покрива стотици метри крајбрежје, изјави Сем Гејлард, научник од Агенцијата за животна средина на Јужна Австралија.

Затворени за јавноста

„Тоа е многу загрижувачко. Во овој период од годината, кога дозволуваат временските услови, повремено се појавуваат изолирани цутења, но нешто како ова е секако невообичаено“, рече Гајард.

Плажите Вејтпинг и Парсонс, кои се наоѓаат јужно од главниот град на Јужна Австралија, Аделаида, од вчера се затворени за јавноста, соопшти Одделот за животна средина и вода.

Наводно, стотици мртви риби исфрлени на брегот.

Се пожалија и сурферите

„Сурферите се жалат на болки во очите и црвенило од викендот, болки во грлото и кашлање по контакт со вода“, рече сурферот Ентони Роуланд, кој во саботата престојувал на плажата Вејтпинг.

„Морските биолози земаа примероци од пената во понеделникот, која е нуспроизвод од распаѓањето на токсични организми, и најверојатно ќе можат да ја идентификуваат до крајот на неделата“, рече Гајард.

Тој додаде дека од неделата во областа се зголемуваат брановите, што може да создаде уште поголема пена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во собраниската расправа за измените на законите за основно образование оцени дека Владата наместо вистинска образовна реформа спроведува нетранспарентен процес кој создава страв.

Лукаревска: Оптимизацијата на ВМРО носи неизвесност, страв и отпуштања за наставниците

Пратеничката на СДСМ, Сања Лукаревска, во собраниската расправа за измените на законите за основно образование оцени дека Владата наместо вистинска образовна реформа спроведува нетранспарентен процес кој создава страв, неизвесност и сериозни последици за наставниците, учениците и руралните средини кои ќе значат отпуштања од работа.

„Во вашата програма 1198 стоеше дека идната влада на ВМРО ќе креира национална образовна стратегија донесена со општ консензус која ќе ги вклучи сите чинители во образовниот и научниот процес... Овде нема ништо од ова коешто го ветувавте. Токму овој процес е направен без било каква инклузивност, без било каква дебата, размена на мислења, ставови, консултации со стручната фела.“ рече Лукаревска.

Таа предупреди дека најавената оптимизација ќе донесе затворање на училишта, намалување на работните места и дополнително иселување од руралните средини.

„Кои се критиките коишто секојдневно стигнуваат од јавноста? Затворање или спојување на училишта, особено во руралните средини, намалување на работните места... Со ова ќе се намали и квалитетот на наставата и најбитно што е еден поразителен процес во нашата држава во моментов, а ќе се засили иселувањето и во иднина. Наместо технолошки вишок на наставниците, фокусот треба да ни биде модернизација, дигитализација и подобрување на квалитетот на наставата... Ќе се сведеме со поделба на наставниците на подобни и на неподобни, на заслужни и на незаслужни. Ќе решаваме човечки судбини, ќе правиме лото.“ рече Лукаревска.

Како пример за контрадикторностите на Владата, Лукаревска посочи дека во исто време се најавува затворање паралелки, а се градат нови училишта.

„Во Општина Струмица се најавува прва фаза на оптимизација или во превод затворање на паралелки, намалување на број на часови и огромна неизвесност кај наставниците... Другата реалност е дека се најавува ново училиште во Карпош. Ако има потреба од оваа непопуларна реформа, бидејќи нема доволно ученици и има вишок наставнички кадар, зошто тогаш се отвора и ново училиште?“ додаде таа.

Таа предупреди дека едногодишниот период на прераспределување создава огромен страв кај наставниот кадар, се наведува во партиското соопштение.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Италијанците го испитуваат Мајкрософт

Италијанскиот регулатор денес објави дека започнал истрага за да утврди дали Microsoft соодветно ги информирал потрошувачите за промените во пакетот „Microsoft 365“.

Италијанците го испитуваат Мајкрософт

Италијанскиот регулатор денес објави дека започнал истрага за да утврди дали Microsoft соодветно ги информирал потрошувачите за промените во пакетот „Microsoft 365“, вклучително и вклучувањето на алатки за вештачка интелигенција, што довело до повисока цена за услугата.

Производителот на Windows можеби не ги информирал доволно потрошувачите дека услугата Microsoft 365 е интегрирана со алатките за вештачка интелигенција Copilot и Designer, се вели во AGCM во образложението на одлуката за започнување истрага.

Се чини дека потрошувачите автоматски биле префрлени на поскап пакет за претплата доколку не го искористиле своето право да се откажат, додаде регулаторот во соопштението.

„Тие ја ограничиле слободата на избор на потрошувачите“

Таквото однесување потенцијално претставува кршење на прописите за правата на потрошувачите кои немале доволно информации за да ги проценат промените во услугата и затоа не можеле да донесат основана одлука за продолжување на претплатата, се наведува во соопштението за медиумите.

Известувањето на Mајкрософт за промената потенцијално претставува и „агресивна“ практика бидејќи се чини дека ја ограничило слободата на избор на потрошувачите.

Американскиот софтверски гигант не бил веднаш достапен за коментар за италијанската истрага, забележува Ројтерс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Франција ја ограничува продажбата на алкохол за време на топлотниот бран

Француските власти воведоа забрани за консумирање и продажба на алкохол на јавни места во Париз, во обид да го намалат притисокот врз болниците во главниот град за време на топлотниот бран.

Франција ја ограничува продажбата на алкохол за време на топлотниот бран

На парижаните ќе им биде забрането да пијат алкохол на јавни места од пладне во петок до 7 часот наутро во сабота. Мерките ќе бидат во сила во истото време од сабота до недела.

Топлотниот бран што ги остави шпанија, Велика Британија и Франција прегреани со денови ќе се помести кон исток, а метеоролозите во Германија и Чешка предупредуваат на екстремни температури.

Температурите во Германија би можеле да достигнат 40 степени целзиусови низ целата земја во петок. во поголемиот дел од Чешка е во сила предупредување за екстремни временски услови.

Забраната за продажба на алкохол ќе биде во сила од 18:00 часот во петок до 7:00 часот во сабота во главниот град, а повторно во истото време од сабота до недела.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер