Мртва жена пронајдена на планинарска патека во САД, најверојатно ја нападнала мечка - Канал 5

Мртва жена пронајдена на планинарска патека во САД, најверојатно ја нападнала мечка

Жена била пронајдена мртва откако била нападната од гризли на планинарска патека во Монтана западно од Националниот парк Јелоустоун во саботата, соопшти Одделот за риби, диви животни и паркови во Монтана.

Мртва жена пронајдена на планинарска патека во САД, најверојатно ја нападнала мечка

Инспекторите пронашле траги од гризли на местото на настанот, но се уште не ја објавиле официјалната причина за смртта. Властите ја затворија областа каде што било пронајдено телото на жената, која што е популарна кај планинарите.

Минатата недела, одделот ги предупреди посетителите дека вработените во паркот виделе гризли (сива мечка) во околината. Тие побарале од планинарите и оние кои размислуваат да кампуваат во паркот да носат спреј против мечки, правилно да ја складираат храната и да го соберат целото ѓубре, пишува Дејли Меил.

Смртните случаи по напад на гризли се исклучително ретки. Но, по зголемувањето на популацијата на гризли во Монтана во последните неколку години, имало неколку случаи на фатални напади. Во јули 2021 година, гризли уби 65-годишна жена додека барал храна. Во април истата година, гризли уби локален водич додека ловел риба долж границата на Националниот парк Јелоустоун.

Во март 2022 година, гризли нападна и уби 40-годишен маж во Националниот парк Јелоустоун, додека 51-годишен маж преживеа напад во октомври 2022 година во Националниот парк Глечер, Монтана.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Директно предупредување: Америка ја чека брутален одговор

Ниту една американска агресија против Иран не смее да остане без одговор, предупреди денес портпаролот на иранското Министерство за надворешни работи, Есмаил Багеи, наведувајќи дека Техеран се потпира на сопствените способности и не се надева на помош од другата страна.

Багеи на прес-конференција рече дека користењето на дипломатски канали не треба да се толкува како Иран да ги полага своите надежи во која било друга земја, објави Тасним.

„Ние нема да оставиме ниту еден воен напад или агресија без одговор, и тоа го докажавме во пракса“, рече Багеи.

Тој рече дека Иран не е загрижен за внатрешните спорови меѓу американските претставници, но оцени дека Вашингтон „ја лишил дипломатијата од нејзиното значење“.

Тој нагласи дека дипломатијата треба да служи како средство за спречување на тензиите, додека, како што изјави, САД ја користеле како „алатка за поставување заседи и извршување изненадувачки напади“.

„Светот со сомнеж гледа кон американските дипломатски тврдења“, рече Багеи, истакнувајќи дека Иран, со оглед на неговото негативно искуство во соработката со Вашингтон, е особено должен да ги земе предвид минатите настани.

Зборувајќи за прекините во летовите кон САД, Багеи рече дека американската влада треба да модернизира застарена опрема и инфраструктура, наместо да троши пари за купување оружје и „убивање луѓе во Иран“.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Пет возеле без положен возачки испит, три под дејство на алкохол, двајца со активна забрана, а еден ја пречекорил брзината.

Лишени од слобода 11 возачи за „безобѕирно управување со моторно возило“

Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода 11 возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, пет лица лица управувале возило без положен возачки испит, и тоа: С.А.(63), М.М.(20) од с.Лисец, тетовско, Е.Д.(28) од Штип, Ф.А.(62) од Радовиш и С.М.(36) од с.Ораовица, радовишко, кој управувал и нерегистрирано возило и бил под дејство на алкохол.

Под дејство на алкохол возеле три лица, и тоа: В.М.(38) од Прилеп, Р.Г.(56) од с.Инџиково, скопско и Б.П.(44) од Охрид, кој претходно учествувал во сообраќајна незгода со материјална штета. Две лица управувале возило и покрај тоа што имале активна забрана за управување со моторно возило, и тоа: А.Б.(25) од с.Вирче, делчевско и Љ.Д.(56) од Струга. Додека, пак, Р.В.(34) од Радовиш управувал патничко возило со брзина поголема од дозволената.

По целосно документирање на случаите, ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Украина извршила напад со беспилотни летала врз еден од најголемите руски петрохемиски комплекси во Нижнекамск, град во Република Татарстан, објавија украинските медиуми.

Украински дронови погодија голем петрохемиски комплекс во Русија

Во нападот биле повредени три лица, соопшти регионалното министерство за здравство. Властите не објавија детали за тоа кој индустриски објект бил погоден. Снимки од голем пожар се проширија на социјалните мрежи во Русија и Украина. Според тие извештаи, пожарот избувнал во фабриката „Нижнекам-Сне-Фтехим“, во чиј состав има и рафинерија за нафта. Поради оштетувањето на објектот што снабдува со електрична енергија и дел од железничката мрежа, железничкиот сообраќај бил привремено прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер