Мрачните тајни од харемот на султанот од Брунеј: Оргии и малолетнички - Канал 5

Мрачните тајни од харемот на султанот од Брунеј: Оргии и малолетнички

Султанот од Брунеј живее во палата со 1788 соби, 257 тоалети, пет базени, џамија, сала за банкет и гаража во која паркира 110 автомобили. Девојка која 18 години била во харемот на султанот ги открива сите негови мрачни тајни.

Мрачните тајни од харемот на султанот од Брунеј: Оргии и малолетнички
Султанот од Брунеј Хасанал Болкијах неодамна најави воведување на шеријатското право во неговата земја, кое предвидува строго казнување на престапниците, како што е изостанување од петочната молитва, вонбрачна бременост, носење несоодветна облека, кражба, неверство, хомосексуалност, консумирање храна и пијалаци во јавноста за време на рамазан, но и вработување на дадилка која не е муслиманка и слично.

Ваквите престапи се казнуваат со камшикување, каменување до смрт, ампутација на екстремитетите или затвор.

Султанот и неговиот брат се познати ширум светот по нивниот харем и оргиите што таму се случуваат, во кои претежно има малолетнички.

„Станува збор за двојни стандарди“, вели Џилијан Лорен, авторка на книгата „Некои девојки“, која зборува за нејзиниот живот во харемот.





Лорен, која 18 години минала во харемот, тврди дека по доаѓањето во Брунеј сите девојки морале да ги предадат своите пасоши. Биле предупредени да внимаваат што прават бидејќи се под постојан надзор. Од Лорен барале да ја намали тежината, и тоа најбрзо што може, па и давале апчиња за слабеење.

Според неа, во харемот најмногу девојки имало од Филипини, повеќето од нив биле на 15 – годишна возраст.

Девојките биле сместени во палатата на неговиот помлад брат Џефри и не смееле да ја напуштаат.

„Полудувате од досада“, вели таа, Дури после неколку месеци била одбрана да излезе, па ја одвеле во некоја друга зграда и таму ја заклучиле.

„Минаа четири часа пред да се појави принцот“, пишува Лорен.

„После сексот, лежеше крај мене три секунди, ме удри по задникот и рече – добро беше, доцнам на состанок.“

Во 1997 година прв пат јавно се проговори за харемот и оргиите на Брунеј. Долго се шпекулираше за нив, се додека за тоа не проговори поранешната мис Америка, Шенон Маркетик, која ги тужеше Џефри и султанот Хасанал. Во тужбата таа навела дека агенција и договорила еднодневна работа за 3 илјади долари на Брунеј.

Наместо тоа, таа тврдеше дека станала сексуална робинка, принудена да танцува секоја вечер во приватна дискотека на принцот. Таа за магазинот „Пипл“ изјавила дека ја дрогирале и ја злоставувале па по враќањето во САД го тужела принцот и султанот и барала отштета од 10 милиони долари.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Зеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето место

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави дека рускиот претседател Владимир Путин го користи Кримскиот мост за префрлање голема количина воена опрема на тој полуостров и додаде дека мостот „нема да остане на своето место“.

Зеленски: Кримскиот мост нема да остане на своето место

Во интервју за „Ен-Би-Си њуз“ (NBC News), одговарајќи на констатацијата дека Путин го изградил мостот како доказ оти Крим засекогаш ќе остане дел од Русија, Зеленски изјави дека „не треба да им се придава значење на изјавите на рускиот лидер“.

„Не е важно што вели Путин за нашата земја и за Крим. Ова е наша земја. Таа е привремено окупирана. Тоа покажува целосно непочитување кон територијалниот интегритет и суверенитетот на Украина. Токму вака тој почна да се однесува по 2014 година“, рече Зеленски.

Тој нагласи дека Украина ќе продолжи да одговара на руските напади врз украинските објекти, додавајќи дека Москва мора да разбере оти Кримскиот мост нема да опстане.

Зеленски изрази надеж дека ќе се најде дипломатски начин за ставање крај на војната, но порача дека Украина ќе ја оствари таа цел „дипломатски или воено“.

Тој повтори дека Киев никогаш нема да ги прифати окупираните украински територии како дел од Русија, ниту пак ќе се согласи на натамошна милитаризација на својата земја. Кримскиот мост повторно беше нападнат во текот на ноќта на 19 ноември, по што железничкиот сообраќај преку него беше прекинат.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Техеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но...

 Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Аракчи, денеска изјави дека Техеран сè уште верува оти дипломатијата би можела да ја стави крај на војната со Соединетите Американски Држави.

Техеран постави „црвени линии“ за Трамп; подготвени се за договор, но...

Арагчи изјави за државниот весник „Иран“ дека Техеран бара „договор со кој ќе се осигура дека нема да има повеќе војна“ и дека, пред преземањето на натамошни чекори, бара гаранции оти Вашингтон сериозно пристапува кон преговорите, пренесе Ројтерс.

Тој додаде дека Иран со посредниците разговарал за формата и природата на мерките за градење доверба. Како една од „црвените линии“ за Иран, тој го наведе задржувањето на збогатениот ураниум во земјата, но изрази уверување дека е можно да се постигне „праведно решение“.

Американскиот претседател Доналд Трамп во петокот изјави дека Иран сака договор, но не под услови што би биле прифатливи за него. „Тие сакаат договор, но не сакаат договор што би бил прифатлив за мене“, рече Трамп на прес-конференција .

Катарски и ирански претставници се сретнаа во вторникот на разговори насочени кон „усогласување на ставовите и намалување на разликите меѓу предлозите изнесени на терен“, изјави портпарол на катарското Министерство за надворешни работи.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Видео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант!

НБА ѕвездата  Џејмс Харден одигра еден од најдобрите натпревари сезонава досега во најсилното светско првенство,  и со дури 51 поен го предводеше тимот на Кливленд Кавалирс до победа над Индијана Пејсерс со 128:119, во натпревар од НБА Лигата.

Видео: Харден испиша историја: Постигна 51 поен и го надмина Коби Брајант!

На тој начин, искусниот бек стигна до својот 26-ти натпревар во НБА кариерата на кој постигнал најмалку 50 поени, со што го надмина легендарниот Коби Брајант и го зазеде третото место на вечната листа на најдобри стрелци според овој критериум во НБА. Сега, пред Харден се наоѓаат само легендите Вилт Чемберлен и Мајкл Џордан.

Ова беше и неговиот прв натпревар со 50 или повеќе поени по 22 ноември 2025 година, кога постигна 55 поени против Шарлот Хорнетс, настапувајќи за Лос Анџелес Клиперс.

Против Индијана, Харден имаше шут од поле 15 од 26, погоди седум тројки од 11 обиди и беше беспрекорен од линијата за слободни фрлања (14 од 14). Покрај 51 поен, тој забележа и шест скока и шест асистенции.

Ова беше неговиот најдобар поентерски учинок за Кливленд откако му се приклучи на тимот во февруари, а исто така стана и само шестиот кошаркар во историјата на франшизата кој постигнал 50 поени на еден натпревар.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер