Мозокот може да ,,остари” и за десет години кај луѓето опоравени од корона - Канал 5

Мозокот може да ,,остари” и за десет години кај луѓето опоравени од корона

Луѓето кои се опоравуваат од ефектите на коронавирусот можат да претрпат сериозно оштетување на функциите на мозокот, а во најлоши случаи може да се појави штета што е еднаква на нагло стареење на мозокот за десет години.

Мозокот може да ,,остари” и за десет години кај луѓето опоравени од корона

Ова предупредување денеска доаѓа од истражувачите од Кралскиот колеџ во Лондон.

Студијата сè уште не ја поминала рецензијата, а била направена на 84.285 опоравени од ковид 19, пренесува канадски Глобалњуз. Истражувачкиот тим е предводен од Адам Хемпшир, кој рече дека во некои тешки случаи, ковид 19 предизвикува сериозни когнитивни дефицити во текот на неколку месеци.

"Нашите анализи се совпаѓаат со претходно утврдените факти дека има хронични когнитивни последици како резултат на коронавирусот. Луѓето кои се опоравиле, дури и оние кои веќе не пријавуваат дека имаат проблеми, покажаа значителен когнитивен дефицит", рече тој.

Тестовите за утврдување на можна штета се идентични со оние што се користат за Алцхајмерова болест, така што пациентите закрепнати од коронавирус составуваат загатки или се обидуваат да поврзат точки користејќи логика.

Во извештајот на колеџот се наведува дека кај некои пациенти на возраст од 20 до 70 години, кои имале тешки симптоми, се појавиле оштетувања на мозокот како да е постар за десет години, без да се прецизира процентот на луѓе на кои тоа им се случило.

Неврологот Џоана Вардлоу, професор на Универзитетот во Единбург, рече дека резултатите од студиите ќе ги земе засега со резерва.

"Не ги знаевме когнитивните функции на учесниците во студијата пред да добијат корона, а резултатите не мора да значат дека штетата е трајна. Ова значи дека "стареењето "на мозокот може да трае кратко, односно дека мозокот се враќа во нормала по некое време. “, рече Вардлоу.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите

Тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање.

Дебата во вилата „Билјана“ во Охрид во пресрет на Меѓународниот ден на младите

Во пресрет на 12 Август, Меѓународниот ден на младите, во вилата „Билјана“ во Охрид се дебатираше на тема „Меѓуврсничко насилство и вандализам: младите, училиштата и дигиталниот простор“, во организација на Советот за млади во рамките на Кабинетот на Претседателката.

Дискусијата се фокусираше на превенцијата и заштитата од меѓуврсничко насилство, влијанието на дигиталниот простор, менталното здравје, улогата на училиштата и стручните служби, како и потребата од координиран институционален одговор.

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека младите не се само иднината, туку и сегашноста, а нивното активно учество во општеството е предуслов за подобро разбирање, навремено спречување и решавање на проблемите врзани за насилството.

За неа, вистинското, а не виртуелното дружење, непосредната, а не дигиталната комуникација имаат незаменлива вредност, а љубовта, почитта и мировната култура се учат од најрана возраст.

Според министерката за образование и наука, Весна Јаневска, проблемите мора да се решаваат во сегашноста, со посилен фокус на превенцијата, безбедната училишна средина и подготвеноста на наставниот кадар да ги препознава новите форми на агресија. Таа нагласи дека промената на менталитетот е долг процес во којшто мора да учествуваат сите општествени чинители.

Владимир Караев, претседател на „Рубикон“, коешто ја практикува театарската техника „форум театар“ предупреди на влијанието на пасивните сведоци, укажувајќи дека насилството добива сила кога има публика. Тој повика на нулта толеранција и проактивност, односно охрабрување на младите да реагираат.

Младинската активистка Селма од Струга, зборуваше за врсничкото насилство мотивирано од етничката припадност и потребата од рано воспитување во духот на заемната почит, со порака дека различностите треба да бидат предизвик за учење едни од други, а не причина за поделби.

Студентката и младинска активистка Ангела, нагласувајќи ја важноста на личната одговорност во градењето на меѓуврсничките односи, укажа дека социјалните мрежи нецелосно ја отсликуваат реалноста, па дигиталната комуникација честопати остава простор за погрешно толкување.

Панелистите и учесниците во дебатата се согласија дека тешката битка со меѓуврсничкото насилство се добива со навремено препознавање и соодветно реагирање. За сите, младите не се само иднината, туку и сегашноста, затоа мораме да градиме мировна култура.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“

Меѓународниот центар за уметност и одржлив АРТ ПОИНТ - ГУМНО од с. Слоештица, годинава одбележува 23 години континуирано креативно делување.

Утре започнува меѓународната уметничка колонија АРТ ПОИНТ - ГУМНО 2026: „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“

Помеѓу соработките што ги остварува со разни меѓународни организации од областа на културата или заштитата на животната средина, значајно место зазема и соработката со претставниците на реномираната Либеречка школа за фотографија - LŠF од Чешка. Професори и селектирани студенти од оваа школа, до сега, во три наврати реализираа престој во уметничкиот центар со седиште во селото Слоештица и крстосуваа низ селата од горно-демирхисарскиот регион за автентично да ја раскажат приказната за неисцрпното природно и културно богатство кое полека, но сигурно, исчезнува.

Годинава, во периодот од 12 до 23 август, гости на меѓународната уметничка колонија ќе бидат 7 претставници на чешката школа за фотографија. Двајцата професори - Шимон Пикоус и Јана Хунтрова и селектирани студенти ќе продолжат со извонредната уметничка фото-документација и преку своите фотографии ќе ја овековечат приказната за т.н. „ПОСЛЕДНИТЕ КРАЈОЛИЦИ НА ЧОВЕШТИНАТА“.

Воедно, нивното гостување ќе биде искористено за продуктивни дискусии со нивни колеги, особено млади фотографи, пред сѐ од пелагонискиот регион, како и релевантни претставници од областа на културната едукација, со цел обмислување на долгорочна

соработка со размена на студенти, искуства, знаења, заеднички проекти и сл.

Селектирани фотографии создадени за време на престојот, традиционално ќе бидат изложени пред јавноста во рамките на посебен настан, насловен како ОТВОРЕНО СТУДИО што ќе се одржи на 22ри август.

Проектот се реализира со делумна поддршка од македонското министерство за култура и туризам.

Фото: Јана Хунтрова

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Македонија добива амбасадори во Атина, Будимпешта, Сараево, Осло и Каиро

Поранешниот директор на ЈП „Градски паркинг“, Филип Пасху е избран за македонски амбасадор во Атина. 

Македонија добива амбасадори во Атина, Будимпешта, Сараево, Осло и Каиро

Според неофицијалните информации тој е меѓу неколкутемина идни амбасадори за кои Владата неодамна дала зелено светло. Пасху на 31 декември 2021 година беше назначен за в.д. директор на ЈП „Градски паркинг“ каде што претходно веќе работел како заменик-директор и претседател на Управниот одбор. На позицијата беше само десетина дена пред да биде разрешен од тогашната градоначалничка Данела Арсовска. Освен кусото искуство во јавното претпријатие, тој како магистер по економија, има и долгогодишно работно искуство во управување со многубројни меѓународни проекти. Покрај Пасху, како што објави „Слободен печат“, „амин“ од Владата добиле и Татјана Лопарски, поранешна новинарка и актуелна сопственичка на ПР-агенција за амбасадорка во Будимпешта и адвокатот Јасмин Калач за амбасадор во Сараево, кој во моментов е бранител на поранешниот директор на Дирекцијата за заштита и спасување Џеват Селами во предметот „Пулс“ за трагедијата во Кочани.

Другите двајца кандидати што неофицијално поминале на истата владина седница се Дритон Кучи за амбасадор во Осло и Елма Алторок за амбасадорка во Каиро. Одбрана на тезите во Собранието чекаат уште четворица амбасадори кои претходно биле избрани. Во Бугарија ќе замине Крум Ефремов, дипломат од кариера, кој беше амбасадор во Украина, а Габриел Атанасов од МНР, ќе биде амбасадор во Романија. Мухарем Јусуфи, на амбасадорското место во Стокхолм, додека во Приштина ќе не претставува Катерина Тодороска.

Во моментов, според информациите, без амбасадор или генерален конзул се 24 дипломатско-конзуларни претставништва, а за 11 од нив се веќе избрани амбасадори. До крајот на месецов се очекува да заминат уште неколкумина. Илина Мангова во Лондон, Линда Салиеска Иљазовска во Хаг и Стојанче Китаноски во Канбера, Австралија.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер