Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми - Канал 5

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми

Како резултат на конфликтот на Блискиот Исток, можно е одредено ограничено влијание кај дел од дестинациите од домашните аеродроми, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, велат за МИА од ТАВ Македонија. 

Можно ограничено влијание од кризата кај дел од дестинациите од домашните аеродроми

Оттаму информираат дека засега само Виз ер ја прекинува редовната авиолинија Скопје - Ларнака, од 13 април, и таа во иднина ќе биде сезонска во тек на летните месеци.

Во пресрет на летниот ред на летање, од ТАВ велат дека по успешната 2025 година и силната зимска сезона очекуваат продолжување на стабилниот раст и во наредниот период, поткрепен со зголемен број патници и проширување на мрежата на дестинации.

По војната на Блискиот Исток, дел од авиокомпаниите веднаш мораа да се прилагодат на настанатата состојба, а со тоа и да ги реорганизираат рутите и распоредите на летови, што индиректно се одрази и врз туристичките патувања на глобално ниво.

- Од гледна точка на ТАВ Македонија, како оператор на двата македонски аеродроми, нашата надлежност се аеродромските операции и обезбедување непречено и безбедно функционирање на услугите за сите авиокомпании и за патниците додека тие се на аеродромите. Секако, внимателно ја следиме состојбата и сме во постојана комуникација со авиопревозниците. Во овој момент не се очекуваат значајни промени во вкупниот број на летови и на патници, имајќи предвид дека најголемиот дел од сообраќајот на скопскиот и на охридскиот аеродром е поврзан со дестинации во географска Европа, особено Западна и Северна Европа, изјави за МИА Неџат Курт, главен извршен директор на ТАВ Македонија.

„Виз ер“, појснува тој, ја прекинува редовната авиолинија Скопје - Ларнака откако интересот за резервации на авиобилети се намалил. - Значи, можно е одредено ограничено влијание кај дел од дестинациите, но засега не се очекуваат поголеми нарушувања во авиосообраќајот, вели Курт.

Со летниот ред на летови, кој стартува ноќеска на полноќ ќе има 10 нови дестинации од двата домашни аеродрома.

Од Меѓународниот аеродром Скопје ќе сообраќаат 16 авиокомпании на 49 дестинации, а чартер летови ќе има кон шест дестинации, како и 20 дестинации кон кои ќе лета авиокомпанијата „Фри Брд Јуроп“.

Од Аеродромот Св. Апостол Павле, пак, ќе летаат седум авиокомпании до 13 дестинации, а чартер летови кон три дестинации на две авиокомпании.

На почетокот на новиот ред на летање, 29 март, стартува авиолинијата од Охрид до Милано, а од 30 март Скопје првпат се поврзува со Неапол, а повторно се воведува авиорутата до Будимпешта. Потоа од 17 мај, „Аустријан Ерлајнс“ ќе започне со летови од Охрид до Виена, а во јуни Виз ер ќе воведе уште две нови линии од Охрид до Катовице и Вроцлав.

Од 15 јули стартува линијата од Скопје до Палермо, а од 18 јули започнува рутата Скопје – Алгеро.

Во првите денови од јуни, започнуваат и чартер летовите од Скопје до Трабзон на 2 јуни и до Самсун на 3 јуни на авиокомпанијата Anadolu Jet.

Според најавите, утре и официјално ќе почне реконструкцијата и модернизацијата на Охридскиот аеродром, која се очекува да биде завршена до крајот на мај годинава.

Со предвидените активности, според ТАВ Македонија, аеродормот конечно ќе добие нов лик, при што во терминалната зграда ќе се добие поголем простор за патниците, со цел поефикасни и покомфорни услуги. ТАВ Македонија во овој проект вложува 2,7 милиони евра, а ќе опфати неколку клучни сегменти и ќе се реализира во неколку фази. Се очекува целосно да заврши до крајот на мај оваа година. Додека се одвива реконструкцијата, авиосообраќајот ќе се одвива непречено - изјави Курт.

Според него, домашните аеродроми ја заокружуваат зимската сезона со силни резултати, исто како и 2025 година, кои придонесоа за стабилен и одржлив раст во бројот на патници и на летови.

Во февруари годинава скопскиот аеродром опслужил 236.769 патници, што претставува зголемување од 33,2 проценти во однос на истиот месец во 2025 година, а биле реализирани 1.680 летови, за 19,4 проценти повеќе споредено со февруари лани.

- По успешната 2025 година и силната зимска сезона, ТАВ Македонија очекува продолжување на стабилниот раст и во наредниот период, поткрепен со зголемен број на патници и проширување на мрежата на дестинации. Со континуирана посветеност на квалитетот на услугите и инвестиции во инфраструктура и развој, компанијата останува фокусирана на унапредување на корисничкото искуство и одржлив напредок - вели Курт.

Во 2025 година Меѓународниот аеродром Скопје и Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид опслужија 3,5 (3.475.288) патници што е зголемување од 9 проценти во однос на 2024 година. Лани, двата аеродрома опслужија 26.500 летови, што е за 4 проценти повеќе во однос на истиот временски период, од јануари до декември, 2024 година.

Летен распоред на летови за 2026 од Меѓународен Аеродром Скопје:

Дестинации и авиокомпании:

· Атина – Aegean Airlines

· Белград – Air Serbia

· Истанбул - Turkish Airlines

· Истанбул, Анкара и Бодрум – AJet

· Виена – Austrian Airlines

· Цирих – Chair Airlines и Edelweiss

· Загреб – Croatia Airlines

· Париз (Орли) и Женева – EasyJet

· Варшава – LOT Polish Airlines

· Франкфурт – Lufthansa

· Осло – Norwegian Air Shuttle

· Истанбул (Сабиха Гокчен), Измир и Анталија – Pegasus Airlines,

· Анталија и Измир – Sun Express

· Wizz Air - Алгеро, Барселона, Бари, Базел-Милуз, Милано-Бергамо, Берлин, Болоња, Братислава, Брисел-Шарлероа, Будимпешта, Келн, Дортмунд, Ајндховен, Франкфурт-Хан, Фридрихсхафен, Гетеборг, Хамбург, Мадрид, Малме, Малта, Минхен-Меминген, Неапол, Нирнберг, Палермо, Прага, Стокхолм, Штутгарт, Осло-Сандефјорд, Париз-Бoве, Рим-Фјумичино, Венеција-Тревизо, Баден-Баден (Карлсруе), Љубљана, Лондон-Лутон.

Чартер летови:

· Ajet - Анталија, Чукурова, Анкара, Дијарбакир, Самсон, Трабзон

· Freebird Airlines – Анталија, Брисел, Брисел/Марсеј, Минхен/Виена, Копеханген/Булунд, Берлин/Хамбург, Франкфурт/Штутгард, Дизелдорф/Франкфурт, Париз, Лион/Марсеј, Манчестер/Лондон, Дизелдорф, Стокхолм/Гетеборг

· Хургада - Nesma Airlines и Nile Air

· Монастир - Nouvel air

· Чукурова - Pegasus Airlines

· Дијарбакир -Turkish Airlines

Дополнително, на овие шест дестинации летаат повеќе од една авиокомпанија, за време на летниот распоред на летови за 2026 година:

· Анталија (Pegasus и SunExrpess и чартер од Ajet, Freebird Airlines)

· Франкфурт (Lufthansa до аеродромот во Франкфурт и Wizz Air до аеродромот Хан)

· Истанбул (Turkish Airlines до аеродромот iGA; Pegasus и Ajet до аеродромот Сабиха Гокчен)

· Измир (Pegasus и SunExpress)

· Цирих (Edelweiss и Chair Airlines)

· Осло (Осло Сандефјорд од Wizz Air и Осло – Norwegian Air Shuttle)

Летен распоред на летови за 2026 од Аеродромот Св. Апостол Павле Охрид:

Дестинации и авиокомпании:

· Цирих – Edelweiss и Chair Airlines

· Амстердам - TUI Fly

· Белград - Air Serbia

· Истанбул - Turkish Airlines

· Виена - Austrian Airlines

· Катовице, Вроцлав, Дортмунд, Минхен-Мемингем, Базел-Милуз, Штутгард, Милано-Малпенса, Братислава – Wizz Air.

Чартер летови:

· Базел-Милуз – GP Aviation

· Гетвик и Манчестер со TUI

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност! – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“

Камион што превезувал азотна киселина се превртел во текот на ноќта на автопатот А57, во близина на градот Крефелд во западна Германија. 

Се преврте камион со азотна киселина-издадено предупредување за екстремна опасност!  – „БЕГАЈТЕ ВЕДНАШ!“

Притоа дошло до истекување на опасната материја, поради што властите издадоа предупредување за екстремна опасност и наложија затворање на одредени училишта и градинки за тој ден. Возачот на камионот е повреден во несреќата и пренесен е во болница, изјави портпаролот на противпожарната служба, пренесува „Шпигел“.

Надлежните служби го предупредија населението за сериозни здравствени ризици поради ослободувањето на азотна киселина, која има исклучително корозивни својства.

Преку системот за итно предупредување „Нино“ (Nino), граѓаните беа известени за највисокото ниво на опасност, со совет веднаш да побараат засолниште во затворени простории, да ги затворат прозорците и вратите, како и да ги исклучат уредите за вентилација и климатизација.

Поради инцидентот, железничкиот сообраќај во тој дел од покраината Северна Рајна-Вестфалија беше делумно во прекин.

Во интервенцијата учествуваат околу 150 припадници на противпожарната служба, кои работат на запирање на истекувањето и преточување на киселината од камионот.

Ангажирани се и специјализирани единици за интервенции во случаи на опасни материи. Просторот околу местото на несреќата е обезбеден во радиус од еден километар.

Азотната киселина е една од важните индустриски хемикалии и, меѓу другото, се користи во производството на вештачки ѓубрива и експлозиви. Во случај на неконтролирано истекување, таа може да претставува сериозна опасност за здравјето на луѓето.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу

Случајот со изградбата на објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на неговиот близок соработник Еролд Муслиу заслужува конкретни одговори.

ВМРО-ДПМНЕ: Институциите да постапат за скандалот со објектот во Влае за кој Пендаровски призна дека е на Муслиу

Стево Пендаровски треба јавно да објасни што точно знае за овој објект, каква е неговата поврзаност со Муслиу и зошто овој случај отвора сомнежи за можен судир на интереси.

Прашањето е од каде потекнуваат средствата за ваква инвестиција?

Дали имотната состојба и пријавените приходи на Муслиу соодветствуваат со вредноста на инвестицијата? Дали се пријавени сите деловни интереси и дали постојат евентуални недозволени поврзаности од времето кога ја извршувал јавната функција?

Муслиу да каже дали може да го објасни потеклото на средствата за изградбата. Да се провери имотна состојба и пријавените приходи.

Неопходно е да се испита дали постои судир на интереси или поврзаност со неговото претходно службено работење.

Надлежните институции да извршат проверка на документацијата, финансирањето и законитоста на инвестицијата.

Јавното обвинителство и Државната комисија за спречување на корупцијата не смеат да останат неми набљудувачи.

Граѓаните имаат право да знаат дали луѓето кои извршувале високи јавни функции можат да го оправдаат своето богатство со законски стекнати приходи.

Нема недопирливи. Нема привилегирани. Законите мора да важат подеднакво за сите.

Со почит,

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Голден Стејт подготвува максимален договор за Никола Јокиќ

Поранешниот НБА шампион, Голден Стејт Вориорс би можеле значително да го променат тимот за следната сезона, бидејќи планираат да доведат многу кошаркари, а еден од нив би можел да биде Никола Јокиќ.

Голден Стејт подготвува максимален договор за Никола Јокиќ

Голден Стејт ја следи ситуацијата околу најдобриот светски центар, Никола Јокиќ и се надева дека српскиот ас би можел да биде достапен следното лето, тврди НБА новинарот Џејк Фишер.

„Вориорси се меѓу тимовите што прашуваат: ’Дали сме сигурни дека Никола Јокиќ нема да биде достапен следното лето?‘. Тие се надеваат дека ќе имаат доволно простор во буџетот за максимален договор, а го имаат и Стеф Кари“, изјави Фишер.

Тој се повика на лице запознаено со ситуацијата во клубот, според кое „Вориорс“ сè уште веруваат дека можат да доведат голема ѕвезда. Како пример го наведе Џими Батлер, чие доаѓање – според него – било на добар пат пред тој да се повреди.

„Не успеаја да го доведат Јанис Адетокунмбо, а Кевин Дурант не сакаше да се врати кога се разговараше за тоа кон крајот на еден од претходните преодни рокови. Сепак, тие сè уште веруваат дека следното лето можат да доведат големо име, било преку размена или на пазарот на слободни играчи“, додаде Фишер. Фишер не спомна никаква понуда или преговори во врска со Јокиќ. Засега, станува збор само за тоа дека „Голден Стејт“ ја следи можноста за отворање на таква прилика.

„Голден Стејт Вориорс“ сериозно сметаат на можноста трикратниот МВП да го напушти Денвер, а во Сан Франциско веруваат дека присуството на Стеф Кари би можело да биде одлучувачки адут во нивниот обид да го доведат најдобриот центар на денешницата. Србинот во повеќе наврати изјави дека сака да остане во Колорадо, но прашање е колку долго ќе има трпение доколку „Нагетс“ не состават тим способен да се бори за титулата!

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер