Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор
Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)
1Министерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договор
2Полицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)
3Продолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)
Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
2Последиците од користење канабис стануваат сериозни по 30. година- научниците предупредуваат на ризиците
СветМожно е и Илиноис да му забрани на Трамп учество во прелиминарните избориИзборната комисија на американската сојузна држава Илиноис денеска ќе дебатира дали на Доналд Трамп ќе му биде дозволено да биде кандидат на републиканските прелиминарни избори во таа држава. Тоа уследи по петицијата со која се бара да се забрани неговото учество. Состанокот на Државната изборна комисија на Илиноис, кој е рамномерно поделен меѓу демократите и републиканците, доаѓа нешто повеќе од една недела пред Врховниот суд на САД да одлучува за пресудата за сличен случај од државата Колорадо. Имено, Врховниот суд на Колорадо утврди дека врз основа на 14-тиот амандман на Уставот на САД, на Трамп му е забрането учество на изборите, поради неговата улога во поттикнувањето на нападот врз американскиот Капитол на 6 јануари 2021 година, кога неговите приврзаници упаднаа објектот. Петицијата ја поднесоа пет гласачи кои тврдеа дека Трамп нема право да учествува на изборите според 14-тиот амандман. Според одредбата од ерата на Граѓанската војна, не може некој да извршува функција ако „учествувал во бунт“. Покрај во Колорадо и Илиноис, слична постапка се води и во сојузната држава Мејн но конечната одлука за сите случаи ќе ја донесе Врховниот суд на САД. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
МакедонијаМинистерство за култура: Министерот Сулејмани уште од утре ќе ги повика синдикатите на разговори за Колективниот договорПо одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба.По одлуката на Уставниот суд за укинување на Колективниот договор во културата, министерот, Седат Сулејмани, уште од утре ќе ги повика претставниците на Синдикатот на културата и на СОНК на средба, со цел во наредниот период да се интензивира социјалниот дијалог и заеднички да се работи на изнаоѓање прифатливо и одржливо решение за регулирање на статусот и правата на културните работници и уметниците, соопштија од Минстерството. -Министерот Сулејмани смета дека трудот, професионалниот ангажман и придонесот на вработените во културата мора да бидат соодветно вреднувани и дека во процесот што следува треба да се изнајде решение со кое нивните права и интереси ќе бидат соодветно заштитени.– стои во соопштението.. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
МакедонијаПолицијата го повика родителот на малолетникот, кој закачи албанско знаме на полициско возило во Тетово (ВИДЕО)Утврден идентитетот на лицето кое постави знаме на полициско возило во Тетово.Во врска со настанот на подрачјето на СВР Тетово, кога за време на прославата на Денот на албанското знаме беше поставено албанско знаме на полициско возило, по преземените мерки утврден е идентитетот на лицето. Лицето, во присуство на родител, е повикано на разговор во полициска станица, со цел целосно расчистување и документирање на случајот по што ќе следи соодветен поднесок, соопштуваат од МВР. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook
БалканПродолжуваат антивладините протести во Тирана- демонстрантите и полицијата си разменуваат петарди и солзавец (ВИДЕО)Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада.Денеска во Тирана се одржува нов антивладин протест, за време на кој демонстрантите, откако се собраа на плоштадот Скендербег, се упатија кон зградата на албанската влада, а за време на митингот, некои учесници фрлаа петарди, на што полицијата одговори со солзавец. Според „Еуроњуз“, протестот се совпаѓа со албанскиот празник Ден на ослободувањето. Ситуацијата на протестот ескалираше откако демонстрантите фрлаа петарди и други предмети пред седиштето на владата, на што полицијата одговори со солзавец. Протестот се одржа еден ден по демонстрациите на 28 ноември, за време на кои се случија насилни судири меѓу демонстрантите и полицијата, со употреба на солзавец и молотови коктели, додека неколку граѓани беа приведени, а десетици побараа медицинска помош. Според здравствените служби, вчера 50 лица беа упатени на медицинска помош, вклучувајќи 17 полицајци, 21 демонстрант, шест новинари и шест минувачи. View this post on Instagram A post shared by News24 Albania (@news24al) Полицијата во Тирана уапси 12 лица и отвори кривични постапки против 19 други за насилство за време на протестот одржан претходниот ден во главниот град на Албанија. Протестот, одржан на 114-годишнината од независноста на Албанија, беше организиран поради незадоволството на граѓаните од работата на владата на премиерот Еди Рама и барањата за негова оставка.Тагови: солзавец Тирана Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Бидете информирани следете не на Facebook