Можете ли да си ги допрете прстите на нозете? - Канал 5

Можете ли да си ги допрете прстите на нозете?

Овде секој сантиметар е важен, а ако почувствувате болка во одреден дел од телото, состојбата е сериозна!

Можете ли да си ги допрете прстите на нозете?

Семјуел Чен е физикален терапевт од Њујорк, кој открива на што задолжително треба да внимавате.

Како што старееме, вежбањето е сè поважно, особено истегнувањето, кое многу луѓе го занемаруваат. Ова е голема грешка бидејќи флексибилноста е вистински показател за здравјето. Многу едноставна вежба, која подразбира да се наведнете и да се обидете да си ги достигнете прстите на нозете, може да биде првиот сигнал дека нешто можеби не е во ред.

Редовното истегнување може да ви помогне да го подобрите вашето држење, да се ослободите од мускулната напнатост и да го намалите ризикот од повреда.

Одличен показател за флексибилноста е оваа едноставна вежба. Обидете се да се наведнете и да ги допрете прстите на нозете споени една до друга и исправени во колената.

Ако не можете да го направите тоа, крајно време е да работите на вашата флексибилност.

Овој физиотерапевт од Њујорк, открива што вашето тело се обидува да ви каже доколку не можете да ја направите оваа вежба.

Чувствувате грчеви во задниот дел на нозете и листовите

Можеби вашето тело ви вели: Имате слаби потколеници.

– Понекогаш слабоста во телото може погрешно да се протолкува како слаба флексибилност – вели Чен.

Во некои случаи, чувството на стегање или затегнатост во задниот дел на нозете додека се обидувате да ги допрете прстите, всушност може да укажува на слаби потколеници наместо на недостаток на флексибилност.

Чувствувате затегнување во долниот дел на грбот

Можеби вашето тело ви вели: Имате проблем со слаба подвижност и оштетување на нервите.

Вежбите за подвижност, како што е активното истегнување на потколениците, можат да помогнат во ублажување на оваа непријатност.

Сепак, освен на вежбањето, важно е да внимавате и на вашето држење, како и на тоа како седите.

- Бидејќи ишијасот доаѓа од 'рбетниот столб, седењето е многу важно, обидете се да имате потпора на долниот дел од грбот - советува Чен.

Покрај тоа што целото стапало треба да го допира подот доколку седите подолго време, ставете перница на столчето за да дополнителна поддршка, пренесува livestrong.com.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Пристигнува новата Серија 3! „BMW“ го објавува датумот на премиерата

Новата „BMW“ Серија 3 пристигнува на 30 септември. Откриени се првите детали.

Пристигнува новата Серија 3! „BMW“ го објавува датумот на премиерата

На 30 септември во Европа (или вечерта на 29 септември по американско време), „BMW“ ќе ја претстави сосема новата Серија 3, опремена со традиционални мотори со внатрешно согорување.

По електричниот модел „i3“, ова ќе биде вториот модел што ќе го прифати новиот дизајнерски правец „Neue Klasse“.

Новата Серија 3 ќе изгледа значително поинаку од актуелната генерација.

„BMW“ се откажува од преголемите предни решетки во форма на бубрези во корист на потенки и пошироки отвори кои визуелно се прелеваат во предните светла.

Предните светла ќе имаат по две дијагонални ленти за дневно осветлување, слично како кај новиот „i3“.

Задниот дел исто така ќе црпи инспирација од електричниот модел, со слични „LED“ задни светла, капак на багажникот и дифузер.

Сепак, Серијата 3 со мотор со внатрешно согорување ќе има подолг преден дел од електричната верзија, поголем заден дел и поконвенционално ветробранско стакло.

Сосема нова кабина

Ентериерот претставува голема промена. Новата Серија 3 ќе го вклучува системот „BMW Panoramic iDrive“ и централен дисплеј поставен под агол, следејќи го примерот на моделите „iX3“, „i3“ и новата генерација на „X5“.

За разлика од електричниот „i3“, новата Серија 3 нема да ја користи механичката платформа „Neue Klasse“. Наместо тоа, „BMW“ ќе користи надградена верзија на постоечката архитектура „CLAR“.

„M350 xDrive“ со 443 КС

„BMW“ исто така го најави моделот „M350 xDrive“, кој ќе го замени актуелниот „M340i xDrive“. Тој ќе биде придвижуван од 3,0-литарски турбо-мотор со шест цилиндри во линија, опремен со 48-волтен „благ“ хибриден систем.

Ќе испорачува 443 КС и 580 Nm вртежен момент, во комбинација со осумстепен автоматски менувач и погон на сите тркала. Системот ќе вклучува и режим на погон на задните тркала наречен „Drift Moment“. Планирани се и нови генерации на моделите „M3“ и „M4“, иако нивното пристигнување се очекува дури во 2028, односно 2030 година.

Се очекува испораките на новата „Серија 3“ до купувачите да започнат во 2027 година.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: „Нашите идентитети треба да бидат мостови, а не ѕидови“

Претседателот на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ), Васил Стерјовски, учествуваше на Меѓународниот самит за мир што се одржа во Тирана, посветен на темата „За верскиот соживот во Албанија“.

Стерјовски на Самитот за мир во Тирана: „Нашите идентитети треба да бидат мостови, а не ѕидови“

На меѓународниот собир, Стерјовски се обрати како претседател на МАЕИ и политички претставник на македонската заедница во Албанија, истакнувајќи дека верскиот соживот претставува една од значајните вредности на албанското општество која треба да се зачува и да се пренесе на идните генерации.

Во своето обраќање, Стерјовски нагласи дека Албанија претставува значаен пример за соживот меѓу припадниците на различни верски заедници.

„Овде, луѓето од различни вероисповеди живееле рамо до рамо, ги делеле радостите и тешкотиите, граделе семејства, заедници и заедничко општество. Овде научивме дека различноста не е закана, туку богатство“, истакна Стерјовски.

Говорејќи за македонската заедница во Албанија, тој посочи дека Македонците со векови живеат во хармонија со албанскиот народ и активно придонесуваат во општествениот, културниот, образовниот и јавниот живот на земјата.

Посебно го издвои примерот на големиот писател Стерјо Спасе, со македонско потекло, кој преку своето творештво оставил значаен белег во албанската литература.

„Ова е пораката што сакаме да ја пренесеме: нашите идентитети не треба да бидат ѕидови што нè делат, туку мостови што нè поврзуваат“, порача Стерјовски.

Во продолжение на своето излагање, претседателот на МАЕИ говореше и за важноста од зачувувањето на мирот и меѓуверскиот и меѓуетничкиот соживот. Тој истакна дека мирот и соживотот не се дадени еднаш засекогаш, туку бараат постојана грижа, дијалог и одговорност.

Стерјовски предупреди дека политичките, националистичките и геополитичките интереси можат да придонесат кон создавање недоверба меѓу заедниците, нагласувајќи дека на обидите за инструментализација на етничкиот и верскиот идентитет треба да се одговори со дијалог, транспарентност, меѓусебна почит и зајакнување на демократските институции.

„Ние веруваме во Албанија каде црквата и џамијата не се гледаат како симболи на поделба, туку како дел од еден заеднички општествен мозаик“, истакна тој.

Во својот говор Стерјовски се осврна и на европската иднина на Албанија, нагласувајќи дека Европската Унија претставува заедничка иднина и простор на мир, правда, човекови права и почитување на различностите.

Тој порача дека МАЕИ силно ги поддржува европските и евроатлантските интеграции на Албанија и изрази надеж дека нејзиниот пат кон членство во Европската Унија ќе заврши што е можно поскоро, со поддршка од европските и американските партнери.

Меѓународниот самит во Тирана беше посветен на промовирањето на мирот, меѓуверскиот дијалог и почитувањето на верската и етничката разновидност како основа за стабилно и демократско општество.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повеќе од милион користени телефони продадени како нови: Штета од 300 милиони евра

Полицијата спроведе рации во 19 европски земји поради сомневања за измама со мобилни телефони продавани преку интернет, со која е предизвикана штета проценета на околу 300 милиони евра, соопштија обвинителите на ЕУ.

Повеќе од милион користени телефони продадени како нови: Штета од 300 милиони евра

Европското јавно обвинителство (EPPO) наведе дека криминални организации продале повеќе од милион користени мобилни телефони претставувајќи ги како нови, се вели во соопштението за јавноста објавено во вторникот.

Од саботата, низ Европа се спроведени повеќе од 160 претреси, што резултираше со апсење на седум осомничени лица во Австрија, Германија и Шпанија – вклучително и двајца водачи на организацијата – извести EPPO.

Според извештаите, измамата предизвикала и загуба на приходи од данокот на додадена вредност (ДДВ) во износ поголем од 30 милиони евра за неколку земји од ЕУ.

Азвор: Аваз

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер