Можен ли е консензус за предлог резолуцијата со црвени линии на Филипче? - Канал 5

Можен ли е консензус за предлог резолуцијата со црвени линии на Филипче?

Може ли власта и опозицијата конечно да постигнат консензус за евроинтеграциите, откако премиерот Мицкоски, сепак остави простор да се вклучат во изработката на резолуција со македонски црвени линии што ја иницира СДСМ?

Можен ли е консензус за предлог резолуцијата со црвени линии на Филипче?

Лидерот на партијата Филипче најави дека предлогот ќе го достават до партиите, експертите и стратешките партнери на земјава до крајот на неделава, иако засега не сака да открива што ќе содржи документот, вели дека во делот на историската комисија, Македонија би можела да побара и помош од европската унија.

„Не калкулираме, нема итроштини, не правиме никакви трикови. Сметам дека доколку ВМРО–ДПМНЕ и премиерот имаат ваков сериозн пристап кон темата, а не гледам причина да немаат тогаш сметам дека ќе најдеме решение. Се што е направено во контекст на евроинтеграциите е направено во контекст на државните интереси… Ја разбирам грижата на граѓаните, а тоа меѓу другото тие на некој начин и го изразија за време на минатогодишните избори, кога во тој контекст така гласаа, кога станува збор за СДСМ наспроти ВМРО-ДПМНЕ и сметам дека таа грижа на граѓаните не треба да ја ставиме по страна.“ - Венко Филипче – претседател на СДСМ

Според аналитичарот Марко Трошановски добро е партиите да градат национален консензус, иако не верува дека лесно ќе успеат да најдат компромис за откочување на сегашанта позиција на земјава во однос на обврските од францускиот предлог и уставните измени. Но, според него, во ниеден случај решението не треба да се бара во евентулано напуштање на преговори доколку има нови блокади..

„Предлогот за истапување на земјата од преговорите е нуклерано сценарио кое Македоија ќе ја дотера во сериозен ќор сокак и во една траекторија на самоуништување која што секако е катастрофална особено што нашите геополитички позиции во моемнтот не се стабилизирани, надворешно политичките, да се забранат двојни државјанства.- Марко Трошановски - Институт за демократија „Социетас цивилис“

Македонското Собрание во 2021 по предлог на тогаш опозициската ВМРО-ДПМНЕ усвои Резолуција за црвените линии со Бугарија со која се зацврстуваат ставовите на Скопје во преговорите со Софија околу посебноста на македонскиот народ и неговиот историски, јазичен, културен и религиски континуитет, но по францускиот предлог што го прифати Владата на Ковачевски следната 2022 година ВМРО – ДПМНЕ обвини дека се нарушени националните интереси.

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Во Собранието денеска исто така ќе се расправа и за законот за јавните набавки откако претседателката Гордана Сиљановска-Давкова претходно не го потпиша указот за негово прогласување.

Повторна расправа за Законот за јавни набавки во Собранието

Со тоа што пратениците на 10 ноември го усвоија амандманот со кој се смени начинот на именување на претседателот и членовите на Државната комисија за јавни набавки, претседателката оцени дека ваквата измена отвора простор за неограничен број мандати и отвора прашања за владеењето на правото и концентрацијата на моќта во одлучувањето за јавните средства.

Со спорниот член се предвидуваше можност за повторно именување без јасно ограничување на бројот на мандати.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Од недела, 15 ноември, стапува на сила обврската за задолжително поседување зимска опрема во возилата, вклучително и зимски гуми, која ќе важи до 15 март 2027 година.

Од недела задолжителна зимска опрема за сите возила

Обврската важи за сите моторни возила што учествуваат во јавниот сообраќај, без разлика на временските услови и дали на коловозите има снег или мраз.

Возачите кои нема да ги исполнуваат пропишаните услови ризикуваат да добијат казна од 45 евра а целта на мерката е поголема безбедност во сообраќајот во текот на зимските месеци.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Во петок (06.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Стојне Карадакоски - Баба Ружа

„Гответе со Дракче“ - Пица вафли

Состојки за денешниот рецепт:

120 гр. брашно

100 мл. млеко

1 јајце

2 лажици доматно пире

100 гр. кашкавал

1 прашок за пециво

1 лажиче италјански зачин или оригано

100 - 200 гр. шунка или салама

100 гр. кечап

100 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер