Можела ли да се спречи трагедијата во Велес – убиецот бил условно осуден и со „дебело“ досие инциденти кон партнерката - Канал 5

Можела ли да се спречи трагедијата во Велес – убиецот бил условно осуден и со „дебело“ досие инциденти кон партнерката

Росица уште во февруари и март го пријавила поранешниот партнер за физичко насилство

Можела ли да се спречи трагедијата во Велес – убиецот бил условно осуден и со „дебело“ досие инциденти кон партнерката

Дамките крв пред куќата на 31 годишната Росица Коцева и нејзиниот 74 годишен татко Киро Коцев од Велес раскажуваат за хоророт што се случувал вечра во семeјната куќа каде нејзиното поранешно момче 39 годишниот Илија Стефановски од Скопје вечра ги убил во нивниот дом со остар предмет и потоа се самоубил.

Росица уште во февруари и март го пријавила поранешниот партнер за физичко насилство, закани и малтретирање, а судскиот случај завршил само 5 дена пред свирепото убиство на 10 сепптември, само со условна казна.

-Во рамките на оваа постапка, ОЈО Велес нареди и психијатриско вештачење на обвинетиот, а вештото лице се произнесе дека тој не боледува од душевна болест, бил пресметлив во моментот на сторување на делото, бил способен да го сфати значењето на своите постапки и кај него не е регистрирана патолошка опсесивност или патолошка фиксација кон оштетената.

Росица три години била во вонбрачна заедница со Стефановски, а врската ја прекинале лани во октомври. Но, тој не сакал да го прифати ова и барал да ја обноват врската.

Во март Росица го пријавила убиецот и дека во декемрви лани ја држел заклучена во стан во Скопје и и нанел повреди, но за овој случај била повикана да даде изјава во скопското обвинителство дури пред една недела, на 9 септември. Според записникот, тој и се заканил и со зборовите „Или ќе бидеш моја, или ќе бидеш мртва“.

Во меѓувреме, Стафановски во мај го запалил и автомобилот од татко и се обидувал да продолжи комуниакција со неа, но и оваа постапка заглавила..

-Во меѓувреме, на 21.05.2025 година оштетената го пријавува обвинетиот во ОЈО Велес и за неизвршување на судска одлука, бидејќи и покрај дополнителните мерки за заштита од семејно насилство изречени и во граѓанска постапка, тој не ги почитува и продолжува да и испраќа пораки и фотографии со обид да оствари комуникација со неа, а на 18.05 се приближил до нејзиниот дом и го одзел и го запалил автомобилот во сопственост на нејзиниот татко. По оваа пријава, ОЈО Велес ја испита оштетената и на 26.06.2025 година издаде наредба до МВР за обезбедување докази од телефонската комуникација, како и 4 наредби за обезбедување снимки од видео надзор од различни локации во градот. По овие наредби МВР постапува.

Жителите на Велес вознемирени од целиот случај тие во тој период поминувале од улицата кога во еден момент дел од соседите почнале да реагираат откако Росица ја виделе пред портата на куќата.

Росица на својот фејсбук профил во јануари напишала статус по смртта на Фросина што беше прегазена на Партизанска.

„Овде не може ништо да се смени. Корупцијата секогаш ќе биде погласна од сите нас, затоа што оваа држава е резултат на „секој има цена“, а не на морал. Секој ден, потажна слика.“

YouTube video

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Пратенички прашања од пратениците од редовите на опозицијата, денеска на собраниска седница. 

Опозициски пратенички прашања денеска на седница во Собранието

Планирани се вкупно 15 точки, каде пратениците меѓудругото ќе расправаат и за предлог-законот за изменување и дополнување на законот за приватизација и закуп на градежното земјиште во државна сопственост во второ читање.

На дневен ред се и неколку предлог-закони по скратена постапка како предлог-законот за изменување и дополнување на законот за градењето, и дополнување на законот за здравственото осигурување.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број на странски туристи во земјава се турски државјани, по нив се граѓани на Србија

Најголем број странски туристи во септември во земјава дошле од Турција - вкупно 27.933. По нив во бројност се туристите од Србија со 8.358, потоа од Германија со над 6.000 и Полска со над 4.600 туристи.

Вкупно 136.305 туристи се евидентирани во земјава во септември годинава, а од вкупниот број туристи, скоро 25 проценти биле домашни, додека 75 проценти биле странски туристи.

Споредбено со периодот јануари – септември 2025 година, вкупниот број туристи е зголемен за 3 проценти притоа, бројот на домашните туристи бележи раст од 2,8 проценти, а на странските за 3 проценти, покажуваат податоците на државниот завод за статистика.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Во четврток (05.11.2026) во емисијата гостин ни бeше Иван Милевски.

„Гответе со Дракче“ - Пилешка салата

Состојки за денешниот рецепт:

250 гр. пилешки стек

5 - 6 кисели краставички

100 гр. сусам

150 гр. мајонез

масло

сол, бибер и др. зачини по избор

Прилог

потпечени лепчиња и шери домати

Погледнете како се подготвува овој рецепт:

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер