Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
2Генерал-мајор Сашко Лафчиски, денес учествуваше на конференцијата на Воениот комитет на НАТО во Копенхаген
МакедонијаМоже ли собраниска блокада од ДУИ да предизвика предвремени парламентарни избори? Има ли шанси преку собраниска блокада од ДУИ да се реализира сценариото за предвремени избори? Колку е реално сценариото да се предизвикаат предвремени избори поради собраниска блокада од ДУИ? Дека се крои таков план поради последната пракса на сопартијците на Ахмети, пред неколку дена тврдеше лидерот на СДСМ Венко Филипче, но според дел од аналитичарите мали се шансите дека ова ќе биде причината за власта да распише избори пред редовниот термин. Петар Арсовски оценува дека со новиот деловник се елиминирани можностите за било каква блокада од партиите да го закочи целиот парламент, иако вели според рејтинзите токму на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ им одговараат да има избори набрзо. „Блокадата на работата на Собранието доколку стане целосна, може да биде тригер за предвремени парламентарни избори. Но, мислам дека со новите процедури кои се воведоа со ограничувањата на дискусиите итн, се уште владејачкото мнозинство има механизми со кои може да ја откочи дебатата и работата на Собранието пред да пристапи кон предвремени парламентарни избори. Но, се разбира дека може да се искористи тоа како политички тригер. Во моментов на владејачката коалиција и одговара повеќе избори бидејќи таа го држи мнозинството во свои раце.“ Во меѓувреме од владата велат дека се бара решение за евроинтеграциите како стратешка цел на државата. Во ЕУ веќе се заговара промена на начинот на проширување со нови членки и ограничување на блокадите како бугарската над македонските преговори, но Арсовски вели дека според позициите на владата уставните измени во оваа форма ќе останат неспроведени. Ова вели е непопуларно прашање за да се отвора кога мандатот на владата е во втората половина. „Да, се разбира почеток на било кој мандат е подобро време за решавање на тоа прашање отколку крајот на мандатот. Но тоа не гарантира дека прашањето ќе се реши, ниту гарантира дека ние ќе добиеме некакви поволни услови. Владата до сега има еден доста тврд став дека и е потребно некое ново решение различно од тоа што го донесе претходната влада на СДСМ. Така што, да, веројатноста за решавање на тој проблем е поголема на почеток отколку на крајот, но не е загарантирана.“ Во изминатиот период политичките партии ги кажаа ставотите за предвремени избори. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски кажа дека неговата партија ќе прифати доколку опозицијата фрли ракавица, но од СДСМ порачаа дека иако се подготвени нема да бидат алиби на власта за да се распишат избори. ДУИ пак одговорија на повикот на премиерот и кажаа дека се за избори, додека од Вреди сметаат дека владата има ветувања и програма кои треба да продолжат да се реализираат во следниот период. Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24
МакедонијаФУЕН едногласно ја усвои Резолуцијата на Македонското друштво „Илинден“-ТиранаФедералната унија на европските националности (ФУЕН), на својот конгрес што се одржува во Хелсинки, Финска, денеска едногласно ја усвои Резолуцијата поднесена од Македонското друштво „Илинден“-Тирана.Овој чин претставува уште еден голем дипломатски и институционален успех за македонското национално малцинство во Република Албанија. Со усвоената резолуција, ФУЕН упатува четири клучни барања до албанските и меѓународните институции: 1. Ратификација на Европската повелба: Република Албанија итно да ја потпише и ратификува Европската повелба за регионални или малцински јазици. 2. Заштита на идентитетот: Да се преземат ефективни и конкретни мерки за заштита на македонскиот идентитет од зачестените притисоци, негирања и асимилација. 3. Зачувување на Општина Пустец: Општина Пустец да остане посебна единица на локалната самоуправа и во рамките на претстојната нова административно-територијална реформа во Албанија. 4. Преименување: Општина Пустец официјално да се преименува во Општина Преспа. Веднаш по гласањето на делегатите, претседателот на Македонското друштво „Илинден“-Тирана, Никола Ѓурѓај, во изјава за весникот „Македониум“ го истакна значењето на овој момент. „Ова е значаен чекор за зачувување на македонскиот јазик, идентитет, култура и сите права на Македонците во Република Албанија. Веќе 11 години, како рамноправна членка на ФУЕН, активно учествуваме во работата на оваа реномирана европска организација и ги застапуваме интересите на нашиот народ. Ова е можност за нови искуства, зајакнување на соработката со другите национални малцинства во Европа и дополнителна афирмација на македонскиот идентитет, јазик, култура и традиција. Со голем гордост го претставуваме македонското национално малцинство на европско ниво“, изјави Ѓурѓај. Резолуцијата во најкраток рок ќе биде официјално доставена до сите релевантни албански државни органи, како и до клучните меѓународни и европски институции за заштита на човековите и малцинските права.Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
ЗабаваФото: Славна убавица не се откажува лесно од бикинитоСветскио топ модел нема така лесно да се откаже од своето бикини – затоа повторно се соблече.Се чини дека летото сè уште трае за една од најубавите манекенски на светот, екс топ моделот, Алесандра Амброзио и дека таа нема намера толку лесно да се откаже од своето омилено парче облека – костимот за капење. Иако есента полека, но сигурно се приближува, убавата Алесандра не сака лесно да се „предаде“. Судејќи според нејзината најнова објава на социјалните мрежи, таа сè уште сака да ужива во сончевите денови и во придобивките од потоплото време. Таа моментално престојува на Ибица, а за ова свое патување веднаш ги извести своите верни обожаватели на Инстаграм. Тагови: Алесандра Амброзио Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Претплатете се на нашиот newsletter
АвтомобилизамДачија подготвува нов, помал кросоверПроизводителот на автомобили од Романија, Dacia се подготвува да предизвика уште еден „земјотрес“ на европскиот пазар на автомобили. Романскиот производител, чии модели традиционално постигнуваат одлични продажни резултати, планира да ја прошири својата понуда на компактни кросовери со сосема нов модел. Ова возило – кое неофицијално веќе го нарекуваат „Baby Duster“ – ќе биде позиционирано веднаш под актуелниот хит-модел Duster, нудејќи им на возачите во Европа уште подостапна опција со теренски способности. Сè започна со прототипот Renault Bridger, кој првично беше дизајниран исклучиво за пазарите надвор од Европската Унија. Концептот на возилото беше официјално претставен во март 2026 година, но раководството на компанијата брзо го препозна неговиот огромен комерцијален потенцијал. Во тек се интензивни подготовки за воведување на овој проект на европскиот пазар под логото на романската марка Dacia. Со планирана должина од околу четири метри, новиот кросовер ќе биде цели 35 сантиметри пократок од актуелниот Duster, но сепак ќе го задржи препознатливиот, робустен теренски изглед со зголемено растојание од подлогата. Иако дизајнот засега постои само во форма на шпекулации на француските медиуми, се очекува предниот дел да ги содржи модерните стилски елементи на брендот, додека силуетата ќе остане доволно компактна за градско возење, а сепак забележливо помасивна од онаа на стандарден хечбек. Пристигнувањето на „Baby Duster“ би можело целосно да ја измени структурата на понудата на романскиот бренд. Неговото лансирање совршено би ја пополнило значителната празнина помеѓу стандардниот Sandero и моделот Duster. Што се однесува до погонската единица, инженерите разгледуваат неколку докажани опции. Како логична почетна точка се спомнува добро познатиот 1,0-литарски мотор со три цилиндри од моделот „Sandero“. Сепак, се очекува главна ѕвезда во понудата да биде новата генерација на моторот „Eco-G“ со 120 коњски сили, кој користи течен нафтен гас (ТНГ), додека сериозно се разгледува и можноста за модерна хибридна верзија, дизајнирана да ги задоволи строгите европски еколошки стандарди. Она што несомнено најмногу ќе ги израдува купувачите низ Европа е цената: се очекува почетната цена за овој атрактивен SUV да се движи меѓу 17.000 и 18.000 евра! Оригиналниот модел „Bridger“ прво ќе се појави на патиштата во Индија следната година, додека европската верзија на „Dacia“ би можела да дебитира многу брзо потоа.Тагови: Дачија Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.Најважни вестиТрамп не го доби Гренланд, но договори трајно американско присуство15:00Трамп потпиша закон насочен против руската нафта, гас и поддржувачите на Москва09:10Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија18:11Бајрами спроведен во суд: Не се чувствувам виновен за скандалот во Лотарија15:16Продолжува судењето за „Државна Лотарија“, поранешниот директор Бајрами на обвинителна клупа08:24