Моторџија од Германија добил казна од 17.000 евра- имал „план“ како да не го фатат - Канал 5

Моторџија од Германија добил казна од 17.000 евра- имал „план“ како да не го фатат

Мотоциклист 15 пати ги активирал камерите на радарот за брзо возење.

Моторџија од Германија добил казна од 17.000 евра- имал „план“ како да не го фатат

Сепак, тој мислел дека сообраќајните камери не можат да го идентификуваат бидејќи моторциклот немал предна регистарска табличка.

Сепак, погрешил во пресметката и заработил еден куп казнени поени, заедно со казна од 17.000 евра, пренесува германската новинска агенција (dpa). Тие камери ги снимаат прекршителите од напред, а возачот мислел дека полицијата нема да му влезе во трага.

Меѓутоа, полицијата била уморна да го следи истиот човек секој ден бидејќи тој несовесно ги кршел правилата.

Како го откриле?

На видео снимката јасно се гледа за кој модел на мотор се работи, а забележлива е и една модификација. Полицијата распишала потерница и дошла до моторот, а потоа и кај возачот.

- Камерата го активираше блицот неколку пати, двапати дневно - соопшти градската управа. Меѓу прекршоците е возењето со брзина од 131 километар на час во зона каде границата е 50.

За прекршоци од средината на јуни до крајот на јули, судот му досудил 22 казнени поени. Од 15 постапки, 11 конечно се решени и човекот ќе треба да плати 17.000 евра, а казната на крајот најверојатно ќе биде уште поголема.

Во Германија возачката дозвола привремено важи со осум казнени бода. На пример, користењето телефон или умереното надминување на ограничувањето на брзината носи по три поени.

Несовесниот мотоциклист ќе остане без возачка дозвола најмалку 31 месец, пренесува Феникс.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Младиот битолчанец Михаил Николовски спаси семејство од Бугарија на плажа во Грција

Вистинска драма денеска се случила на плажата во Олимпијада, Грција, каде силните бранови однеле тричлено семејство од Бугарија.

Младиот битолчанец Михаил Николовски спаси семејство од Бугарија на плажа во Грција

Во моментите кога жената панично повикувала на помош, од присутните на плажата реагирал битолчанецот Михаил Николовски. Без двоумење влегол во разбрануваното море и, според сведоштвото на неговото семејство, најпрво ја извлекол жената, потоа детето, а на крај и таткото.

По спасувањето, присутните на плажата го поздравиле Михаил со силен аплауз.

Веста за храбриот Михаил ја пренесоа повеќе медиуми од регионот, со пофалби за потегот на младиот Македонец.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Останува во затвор поранешната ѕвезда на Премиер лигата- судењето му е закажано за идната година

Поранешниот англиски фудбалер Џои Бартон ќе остане во притвор откако новото барање за кауција беше одбиено од судот во Ливерпул. 

Останува во затвор поранешната ѕвезда на Премиер лигата- судењето му е закажано за идната година

Почетокот на судењето, кое беше закажано за минатата недела, беше одложено за 8 март 2027 година.

Обвинение и судска одлука

Бартон беше обвинет за нанесување тешки телесни повреди на Кевин Линч, што 44-годишниот поранешен фудбалер го негираше на суд и се изјасни за невин. Наводниот напад се случил на 8 март во Хајтон. Обвинителството тврди дека на инцидентот му претходело заедничко консумирање алкохол во локален голф клуб.

Според обвинението, Линч претрпел сериозни повреди на окото во нападот. Тој е поранешен тренер во пониска лига и основач на академија за специјално образование. Бартон се појави на рочиштето преку видео врска од затворот ХМП во Ливерпул. Откако судијата Дејвид Потер го одби барањето за кауција, Бартон само кимна со главата за да покаже дека ја разбира одлуката.

Следното прелиминарно рочиште е закажано за 11 декември оваа година, а се очекува главниот претрес да трае околу две недели. Потоа Бартон ќе добие шанса да ја презентира својата одбрана пред поротата.

Кариера и контроверзии

За време на неговата кариера, поранешниот играч од средниот ред беше почитуван поради неговите фудбалски вештини, но стана познат и по инцидентите надвор од теренот. Неговото однесување честопати привлекуваше исто толку медиумско внимание како и неговите игри.

Своите најдобри играчки години ги помина во Премиер лигата, каде што играше за Манчестер Сити, Њукасл Јунајтед, Квинс Парк Ренџерс и Барнли. Во Англија беше член на Евертон, а во странство го носеше дресот на Марсеј и Ренџерс. Одигра еден натпревар за англиската репрезентација, во 2007 година против Шпанија.

По завршувањето на играчката кариера, се префрли на тренерска работа. Ги водеше Флитвуд Таун и Бристол Роверс, но тој период од неговата кариера беше обележан и со јавни конфликти и дисциплински проблеми.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“

На прославата за 35 години независна Македонија, Мицкоски побара „да не се делиме“, па веднаш се закани дека ќе „расчистува со талогот“ и седна до државниот обвинител Ненад Савески.

СДСМ: Мицкоски на прославата за 35 години независна Македонија, исто како на Илинден - го нарекува народот „талог“

Исто како менторот Вучиќ. Повторно копи-пејст. Прво навредување, а потоа повик на единство.

Хипокризија во најчиста форма.

На јубилејот на независноста премиерот прво зборува за единство, за жртвите, за иднината.

Потоа ја активира истата стара фашистичка реторика на „талог“ кампањата што ја води од Илинден наваму, по теркот од најмрачните периоди.

И за да биде пораката кристално јасна, седнува до државниот обвинител.

Ова не е државнички говор.

Ова е отворена закана.

Ова е порака: ние ги контролираме институциите, ние ќе „расчистуваме“, ние одлучуваме кој е талог, а кој е ВМРО, тоа е криминална елита.

Додека зборува за правда и за тоа дека „талогот не смее да стане елита“, неговата Влада е најголемиот пример токму за тоа - криминални тендери, задолжувања од 4 милијарди евра за две години, мито дури и кај директорите и возачите, поделби, заплашување на критичарите и медиумите.

Граѓаните не се талог.

Опозицијата не е талог.

Критичарите не се талог.

Талог е оној што ја злоупотребува власта, што ги дели луѓето, што седи до обвинителот и испраќа закани на денот на независноста.

СДСМ ќе продолжи да ја брани демократијата, слободата на говор и правото на секој граѓанин да не биде обележан како „талог“ само затоа што мисли поинаку.

Народот ќе победи.

Криминалците ќе одговараат.

Власта ќе биде вратена на граѓаните, се наведува во партиското соопштение.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер