МотоГП: Новата сезона почна со победа на Марк Маркез - Канал 5

МотоГП: Новата сезона почна со победа на Марк Маркез

Шпанскиот мотоциклист Марк Маркез (Дукати) е победник на првата трка од сезоната на Светскиот шампионат во Мото ГП која денеска се возеше во тајландски Бурирам.

МотоГП: Новата сезона почна со победа на Марк Маркез

Второто место на Големата награда на Тајланд го освои неговиот брат Алекс Маркез (Гресини Дукати), а третото место Италијанецот Франческо Бањаја (Дукати).

Осумкратниот светски шампион Марк Маркез претходно победи на саботната спринтерска трка и исто така беше најдобар во квалификациите. Совршениот викенд го заокружи со убедлива победа во класичната трка, докажувајќи со исклучителниот тркачки викенд дека на неговите конкуренти ќе им биде многу тешко во новата сезона пред која се пресели од Гресини, „сателитскиот“ тим на Дукати, во Дукати.

Марк Маркез во Бурирам ја прослави 63 победа во премиер класата, а вкупно 89 во кариерата.

„Вчера бев среќен, денеска сум пресреќен. Мојот сон е на овој начин да започнам нова приказна со Дукати, токму овде во Тајланд, каде последен пат ја прославив титулата светски шампион“, изјави Маркез по триумфот во Бурирам.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Мицкоски на работна средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ

Денеска остварив работна посета на РЕК Битола и средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ.

Мицкоски на работна средба со раководството на РЕК Битола и АД ЕСМ

На работниот состанок разговаравме за актуелните активности, функционирањето на енергетските капацитети, предизвиците и идните планови за унапредување на работењето.

Континуираната комуникација, координација и посветеност на институциите и вработените се важни за стабилно функционирање на енергетскиот систем и обезбедување сигурно производство на електрична енергија, објави на ФБ премиерот Христијан Мицкоски.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Дрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија

Полетувањата и слетувањата на аеродромот Келн-Бон во Германија беа прекинати околу два и пол часа откако дрон беше забележан над аеродромот вчера вечерта.

Дрон го парализира авио сообраќајот на аеродром во Германија

Портпаролот на аеродромот изјави дека објектот бил забележан кратко пред 22 часот, што предизвикало прекин на целиот воздушен сообраќај, објави денес „Велт“.

Германската контрола на летање го истражи инцидентот и дозволи летовите да продолжат околу 00:30 часот, соопшти операторот на аеродромот.

Ниту операторот ниту германската контрола на летање не објавија дополнителни информации за околностите на инцидентот.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Седумгодишно момче е тешко повредено, а неговата мајка е полесно повредена кога лизгачка машина за чистење снег ги удрил во виенскиот округ Лисинг во четврток наутро, соопшти вчера австриската полиција.

Нова жртва во снежното невреме во Виена: Седумгодишно дете е тешко повредено додека стоело на автобуска станица

Несреќата се случила за време на обилни снежни врнежи додека мајката и синот стоеле на автобуска станица на Ендрештрасе во Виена, објави австрискиот весник „Кронен Цајтунг“.

Несреќата се случила кога возачот на машината за чистење снег се обидел да се оддалечи од автобуската станица, но возилото се лизнало напред и ги удрило мајката и детето, кои биле заробени помеѓу машината за чистење снег и настрешницата на автобуската станица.

Мајката се здобила со полесни повреди, вклучувајќи и исеченици, додека нејзиниот седумгодишен син е тешко повреден.

На момчето му била укажана прва помош на местото на несреќата, а потоа било однесено во болница со службата за брза помош на Виена.

Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови) од оваа страница е дозволено само делумно и со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

притисни ентер